Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Ски центар е маврово. И Банско е исто ски центар. Не се мери летен и зимски туризам :) За зимски ти треба само планина, снег и инфраструктура :D
Маврово, Крушево и останати дестинации со можност за планинарење и мирен одмор се солидно посетени и во пролет и лето.
Еве јас на пример одам за Берово во петок и скоро све е резервирано.
Лани бев во Банско во август и топ си поминав.
Крајот на јуни 2018 бев во Крушево на 4 вечери.
2018 Златибор на зима а 2016 на лето. Супер посетен и во лето и во зима.
Не секој сакат да скијат. Некои уживет и во природа, планина и чист воздух.
 
Озбилно од Железничка до Рампа не ти се нафатиле? За 1 километар те одбиле? :D

А колку мислиш дека е далеку од пошта до пазар Охрид? Од центар на град до Рамне имат 3км. Да ојме сите пешки ак не :D
Башка јас со куфери бев, си ги влечкав пешки после, то е.
 
А колку мислиш дека е далеку од пошта до пазар Охрид? Од центар на град до Рамне имат 3км. Да ојме сите пешки ак не :D
Башка јас со куфери бев, си ги влечкав пешки после, то е.
За со куфери требало да ти искочат во пресрет и да те однесат. Само се погодил некој лев...
Иначе,
не знам за Охрид ама у Ск за тој 1 Км колку треба да ти наплати? 5 денари е км, 50 денари старт, со гужва со се 70 денари. А во гужвата само патот натека-навака ќе му потроши може 70 денари гориво :) Сепак има мала разлика од градовите така?
Башка Охрид е туристичко место. Еве мене у Грција, од градче до убавата плажа ми зимаа 2.5 евра за 2 километри некаде. Организиран превоз со комбе. Знам дека не е исто но ти наведувам пример. Скопје е друг тип на град. Охрид е туристичко место, таксистите би требало цел град да го вртат. Сепак и големината на Охрид и на Скопје е многу различна. Во Охрид што е да речеме 5-8 километра од еден до друг крај (лупам на памет) и туристичко место треба да е нормално да те однесе и за 1 км. Исто како што во скопје што е над 30 км е логично за 3-4 километра да те однесе така ? :D
 
Едино нешто шо презирам во градов се таксистите. Игнорантниот однос, лакомштијата нивна, непочитувањето и аматеризмот нивен не сум го видел до сеа ниакде.
Си имам обеќано сам не себе дека немат да се возам појќе со такси јас и еве 2 години не сум стапнал во такси возило. Секоја критика за нив е издржана. Можда не се сите такви ама јас секогаш на такви сум налетвел.
 
Истово може да се каже и за некои угостители.
Игнорантниот однос, лакомштијата нивна, непочитувањето и аматеризмот нивен не сум го видел до сеа ниакде.
 
А еве сеа, моментално во смештајот што го издава моја блиска особа има полиција и инспекција на повик на гостите кои кога стигнале сфатиле дека смештајот не е на езеро (никаде не пишува дека е на езеро, при резервација се испратени слики и локации) и се налутиле пошо капарот им е задржан.
Ова се е тотално изгубено во простор и време.
 
Никаде во објект во Европа не ми наплатиле за полнење на телефонот. Може ме имаат одбиено, но да ми наплатат никако. Да, во било кој објект постојат штекери, и тие не треба да се наплаќаат. А доколку нема на јавно место штекер, ќе замолите да ви го наполнат. Може да ве одбијат, и тоа не е толку страшно, колку што е страшно барањето на 30 денари за услугата. Друго е да има апарат/автомат со штекери и усб-портови за полнење, па тие нека се на жетони, или на монети. Ама да зимаш 30 денари за полнење мобилен? Само кај нас таа работа.

За да има елитни гости, треба самото место да е направено како Монте Карло, Ибица, Санторини, Лас Вегас и слични богаташки места. Какво е местото, такви се и гостите :)

А да, само цените се елитни :D
Никаде во Европа не ти наплатиле зш требит да ти дајт фискална, а ако го пријавиш ќе го кркат така да за земање пари западњаците се 100 год понапред од нас.
 
Никаде во Европа не ти наплатиле зш требит да ти дајт фискална, а ако го пријавиш ќе го кркат така да за земање пари западњаците се 100 год понапред од нас.
Да ве чита некој што никад не бил у Охрид, ќе мисли дека има гага смештај, ручек од куќата и бесплатно такси низ Охрид:pos:

Океј е, не ве бива воопшто за туризам (освен ако под туризам разбирате бричење на суво секој што ќе дојде), поскапо е за 20-30% се, а не вреди толку, ама не се правете сега дека сте експерти, топ угостители и домаќини што ти ја знам.

Охрид како град, со таа култура, историја и природа, заслужува многу повеќе, како и од жителите и угостителите, како и од туристите што доаѓаат :)
 
Таква некултура и сељачана одамна не сум видел во градов.
 
Таква некултура и сељачана одамна не сум видел во градов.

Катастрофа. Прво огромна критика за СВР Охрид, други години полиција и во фрижидер да отворев ќе најдев, годинава никој никаде. Вчера цела чаршија ја поминав, цел кеј до Куба, ни еден полицаец не видов, ни еден. Ни за регулирање сообраќај, ни за почитување мерки. По пешачката зона на кеј си се возет со мотори охридските прчој, никој не носит маски, ужас. Во која дупка се пикнати цела полиција јас не знам.
Друга работа, со кој памет се пуштени на одмор 15-16 годишни деца во услови на пандемија? Нула свест на родителите, нула. Баш оваа возрасна група не почитува апсолутно ниедна мерка, јас се осеќам како идиот шо ја носам маската на секое а некој друг се шета и се заебава на сметка на тоа.
 
Таква некултура и сељачана одамна не сум видел во градов.
Никако не ми е јасно зошто строго не се казнува. Ако треба и во три смени да работат
 
Никако не ми е јасно зошто строго не се казнува. Ако треба и во три смени да работат
Еве Емка погоре пишала, полицијата годинава и многу послабо ја имат за разлика од претходните години.
Друга работа, тие шо живеат во населба каде имат доминантно згради, то е жив хаос. Музики, дерења, пеење до 5 сабајле, џабе и полиција и све, секој ден нова тајфа. Луѓето што треба да одат на работа во 7 сабајле се ненаспани, уморни и нервозни. Со стока разбирачка немат.
 
Да ве чита некој што никад не бил у Охрид, ќе мисли дека има гага смештај, ручек од куќата и бесплатно такси низ Охрид:pos:

Океј е, не ве бива воопшто за туризам (освен ако под туризам разбирате бричење на суво секој што ќе дојде), поскапо е за 20-30% се, а не вреди толку, ама не се правете сега дека сте експерти, топ угостители и домаќини што ти ја знам.

Охрид како град, со таа култура, историја и природа, заслужува многу повеќе, како и од жителите и угостителите, како и од туристите што доаѓаат :)
Кава бој и покрај шо не не бива градов е преполн,така да џабе се замараш!:)
 
Еве Емка погоре пишала, полицијата годинава и многу послабо ја имат за разлика од претходните години.
Друга работа, тие шо живеат во населба каде имат доминантно згради, то е жив хаос. Музики, дерења, пеење до 5 сабајле, џабе и полиција и све, секој ден нова тајфа. Луѓето што треба да одат на работа во 7 сабајле се ненаспани, уморни и нервозни. Со стока разбирачка немат.
Сето тоа се средува, ако се сака. И, тоа воопшто нема да му штети на туризмот, напротив. Градот, со своите инспектори, со асистенција на полицијата многу брзо и трајно можат да го решат проблемов. Разбирачка нема и, нема да има. Само големи казни!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom