Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Дали има...
нема нема, не ќе се роди поглупо створење од охриѓанче
-----------------------
Абе оди играј си домино со другарите во пензионерското, остави ги компјутерите на новите генерации,
 
Стариии, дан го футна шишето со ракија, дан локна некоја друга супстанца а?
O стрико старограѓанин од метрополата со потекло од Нова Брезница фала шо не просветли нас сељаниве малограѓани од О'рида града.

Само незнам во која нормална земја се клават 600 метри асфалт и тротоар бекатон пет и пол месеци и уште не се завршени. Хаос, немојш работа да завршиш. ццц
 
Последно уредено:
Со онај плоштадон кај гимназија стварно претераја, една година го прает.
 
Дали има...
нема нема, не ќе се роди поглупо створење од охриѓанче
-----------------------
абе абдали, карта се плаќа на влез некаде(поточно секаде): на театар, музеј, на мост, стадион и.т.н.
а не на излез бре токмаци како кај вас,кој ли дибек ја донесе таа одлука за таму кај вас.

Stari, aj mani se zs koska po koska ke ti krsham
 
Кај автобускана позади Џордано во магацинине имат некоја дива дискотека или се глупираше некој пошо рокаше транс пред еден саат таму ?:D
 
:pos:
Освен Калео невервам дек имат нешто таму. Ваљда некој се имат онаквено:)
Кај автобускана позади Џордано во магацинине имат некоја дива дискотека или се глупираше некој пошо рокаше транс пред еден саат таму ?:D
 
Во периодот од април-јули, дур бев на работа Шкупит, стопати најавив дека ретко ќе пропуштам ден а да не се фукнам на плажа, да наплатам за лани и оломнани слабо шо одев.

Дојде одморот, три пати сум биден. Или два пати, ... чек... два пати да.

Нишо, кај да е ќе бегам Скопје, на базен ке одам ваљда таму :D :D
 
@Avenger99 Убајна, да се релаксираш и уживш и ич тулето да не те болит:D
Чинам ова е Заум?
 
Не не, не е Заум ова, ова е место викано св. Никола, измеѓу Љубаништа и Трпејца, не е од мене сликата ама ја гледам и плачам :place::D:D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: M-1
Ќе ја видит сеа сликава некој Скопјанец и одма ќе напишит сторија, си дојдов јас со намера за шатор да поставам и оп еден идат ми викат абе за шатор 50евра од вечер, ај му платив шо да прам, ама вечерта не ме остаде на рат, цела време тука се врткаше ради пивото и скарата и ми викаше да не пуштам гласна музика а ко легнав да спијам тој за инает пушти погласно од потака... Хорор беше и после како сакате гости да имате ова ми е последен пат во Охрид да дојдам, ќе одам пубо Грција барем знам ќе си одморам ко чоек...

А сеа за сликата, ваква убајна не најдвите нигде, и мене ми се плачит кај шо гледам, алал да му е на тие шо си одмараат во шаторчево..
 
Охридските плати се дупло помали од Скопје. Во Охрид саглам плата е околу 12-15к, во Скопје 18-22к.
Саглам плата 18-22К? Дај не зезајте, ако просечна плата во МК е 24 и кусур како може саглам плата да биде 18-22К во Скопје?
 
Не не, не е Заум ова, ова е место викано св. Никола, измеѓу Љубаништа и Трпејца, не е од мене сликата ама ја гледам и плачам :place::D:D
По камењана на обала и камењана во водана а и по опркужувањето ми заличи на Заум (иако не сум појден таму нешто околу 2 години), за ова место прв пат слушам али стварно е фантазија местово.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom