Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
@Емкаа Абе ти излгеда негледаш шо кажвит бата Грујче на шител и анал5, ОДВ Електрик со 1 000 работни места:pos:

Уствари чекајте ре, абе шо му реплицирате и шо му докажвите на овај тентерково јас незнам, не вредит да се замарате со безкичмењаци.
 
Скоро 5 илјади невработени и уште толку избришани од евиденција.

Абе шо е битно невработеноста била намалена.
Енвер Хоџа пред 50 години:
Го зголемивме капацитетот на националното воздухопловство за 100%.Сега имаме 2 авиони!
 
Скоро 5 илјади невработени и уште толку избришани од евиденција.

И Охрид го напраивте ко да има 100.000 жители :)[DOUBLEPOST=1426716138][/DOUBLEPOST]
@bitushanec ејј брат види ги фабрикиве....еден изнајмен погон и намонтирани 2 машини. Стварно многу е тешко да се пресели.
А најубаво е секој да работи и да биде вреднуван според тоа колку знае и за што учел, ама одамна сфативме дека работите кај нас не функционираат така.

Фабрикине имЕт само по 2 машинчиња во еден изнајмен погон?
Дај да бидиме малу пореални.
 
И Охрид го напраивте ко да има 100.000 жители :)[DOUBLEPOST=1426716138][/DOUBLEPOST]

Фабрикине имЕт само по 2 машинчиња во еден изнајмен погон?
Дај да бидиме малу пореални.
61.jpg
 
@bitushanec ОДВ Електрик во Охрид има еден погон и две машини. Ако на Сител кажале поинаку еве извини.
 
Абе не го викајте градот Охрид веќе, се знајт отсега е Македонска Венеција.
 
@bitushanec ОДВ Електрик во Охрид има еден погон и две машини. Ако на Сител кажале поинаку еве извини.

+ ОДВ Електрик воопшто не е во функција, а демек официјално почна во Септември или Октомври 2014.
 
Охрид започна да се запоставува како град уште од 2000 г. кога започна градежната експанзија со масовно градење на згради. 15 години подоцна може да видиме колку е нагрден градот со одвратни згради изградени без нималку естетика и вкус.Ама не се само зградите. Охрид исто така нема нормален парк, чисти улици, средени тротоари, раздвижена чаршија и сл. Едноставно Охрид веќе 15 години тоне и уште ќе тоне.
Младите масовно се иселуваат. На Охрид му треба индустрија. Од туризам може само да се преживее, а како што е тргната работата ни тоа нема да може.
Парадоксално е што Охрид денес е многу позаостанат град одколку во периодот на турското ропство. Ејј градов бил поразвиен во турско време.Турисмот бил поразвиен во време на екс Југославија. Уште не можеме да ја стигнеме 1987 г. како најдобра година за македонкиот туризам.Па мора ли да дискутираме понатаму???
 
Си мислам зш Битушанец не ни го искоментират на пример ова и дали знајт кој е Дејан Пановски (мала помош)

10671365_10205388697332778_5241900874518586674_n.jpg


Охридското Езеро е под силен притисок на урбанизацијата, а доколку продолжи може да има далекусежни последици, предупредуваат експертите и екологистите.

Тие алармираат на уништувањето на појасот на трска, особено во струшкиот дел, како и дека најавените проекти за изградба на туристички развојни зони во Љубаништа и Студенчишкото блато, изградбата на експресен пат и ски центар во Националниот парк Галичица, можат да ги загрозат природните и културните вредности поради кои регионот е прогласен за светско наследство заштитено од УНЕСКО.

-Се прави еден брутален атак кон трската и водните живеалишта, нападнати се делови од Националниот парк, но се уште тоа се само планови и наша задача е да кажеме до каде можат да одат за да не ја загрозат животната средина и езерото. – вели Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.

И додека на македонска страна се планира изградба на голем број нови објекти, на албанскиот дел од крајбрежјето се спроведува акција за уривање на градбите изградени непосредно до езерото, како дел од напорите и ова подрачје да добие статус на заштита од УНЕСКО.
 
Шу прает овие?Место за нова зграда?
10441447_10152868171703789_3565027642259014572_n.jpg


Ааа не ќе праеле фонтани.Бравос, бендисвит планов, она кај чинарон многу убо ја одржвет.
 
Ам де, поубо шо ги исекоја, зш вака ко шо беја "ажурни" леле мајко, убо шо не му паднаја на некого в куќи, на кола или недај Боже врз некого.
Е сега се надевам дека немат да му се посерат на дворот, тук ќе го украсат онака како шо доликуват.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom