Извини дечко, ама Кока Кола во ресторан 50 денари никоаш не коштала, значи никоаш. Имат кафичи ( на пр. Куба, Аквариус ), шо лето-зима имет иста цена. Имат и кафичи шо ќе зголемет цена за 10 денари ( ваууу, ако земаш секоја вечер пиво и го плаќаш 90 место 80, рачунај така цела недела, си заштедил цели 70 денари!!!!! ) Се согласувам со тебе дека дебилно е лепењето стикери врз цените, и мене ме нервират. Напрај едно мени за лето, едно за зима и готово.
Факт е дека Охрид прави туристи немат. Холанѓаниве сеа нешто шо спасија сезона, иначе се друго е дечишта избркани од дома со 2000 денари в џеб и замисла дека шо сакет может да прает. Можда и ние не се разбираме од туризам, ама кажи ми ти како да наместиш апартман се убо среден, и да ти дојт некој и да искршит се внатре? Ние имавме ситуација пред 2 години, комшии наши издадоја апартман така, се опијанија дечкиве, остај то шо внатре буквално се искршија, фатија од балкон со јајца да мавет по другиве куќи. Страмота. Не вредит веќе и да издаваш со вакви туристи, џабе парите ко цело лето само се нервираме.