Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Куба Либре, Кадмо, Парк, Ликвид, Аквариус, Хавана и Калео е одлична дискотека но ретко кога е полна зш 2000 души збират а ако имат 500 празно изгледат некако. :)

Барем во Калео ќе осеќаш клима и вентилација,а во другиве 4 пати помали од Калео дупло луѓе од капацитетот.Ама биле в центар.Ко да е Калео во Струга,а Парк е 7 км и одат :pos:
Може некој да ми каже некои добри дискотеки и клубови за искачање во Охрид, пошо во понеделник идеме на одмор со другарките. :)
Во Cuba Libre (плажата) и Havana (http://www.facebook.com/pages/Cuba-Libre-Havana-Club/167703717977) имаш Латино/Кубанска музика ,Дани е често,The Hounds,Pumpers,Shine (значи вртат најмногу на рок свирки).
Во Кадмо (http://www.facebook.com/pages/Kadmo/168920368168 ) на се мојш да налеташ од Тони Зен,Едо Мајка до Ѓоко Танески или Бени до Жаре Бербер.
Калео (http://www.facebook.com/pages/Cal%C3%A9o-Club-Cabaret-Official-Site/168528399843447 )
и Парк (http://www.facebook.com/pages/Discotheque-PARK-4-Seasons-Ohrid/361728745391) се хаус и хип-хоп настроени.Ликвид слично ,понекогаш и рок свирки.
Настани:
22-23 Јули : Love&Happiness Festival @ Градиште
29 Јули : Carl Cox / John Digweed @ Green Beach Festival
29 - 31 Јули : Пиво Фест @ СРЦ Билјанини Извори(Атина Бојаџи)
31 Јули : Summer Scream Festival (Prljavo Kazaliste,EKV,Moral...) @ Плажа Парк
1 Август : David Guetta @ Стадион Билјанини Извори
2 Август : Парни Валјак @ Стадион Билјанини Извори
16-24 Август : Ohrid Jazz Festival @ Club Jazz in & Cuba Libre Beach Bar

Не одете во 'ноќниот клуб' (читај шабански) Еспана

Тепачка пред клубот "Еспана"- две лица повредени
icon_at_textsize.gif

pol_vn1.jpg
Две лица се здобија со телесни повреди во нарушувањето на јавниот ред и мир што утрово во 04 часот и 45 минути се случи кај спортскиот центар „Атина Бојаџи„ пред ноќниот клуб „Еспана„ во Охрид.

С.С. (34) кој живее во Австралија и Љ.Ц.(32) од Охрид, се здобиле со повреди во главата и телото поради што, по првичниот медицински третман во Брзата помош се пренесени на хируршкото одделение во Општата болница. Поради сериозноста на повредите, С.С. е задржан на понатамошно лекување.

Тепачката започнала кога С.С., кој бил видно под дејство на алкохол, започнал разговор со девојки кои пак биле во друштво со 3-4 лица. Истите, најнапред вербално, а потоа и физички ги нападнале С.С. и Љ.Ц. нанесувајќи им повеќе удари со раце и нозе по што веднаш избегале од пред ноќниот клуб.

СВР Охрид, презема мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот.
 
Барем во Калео ќе осеќаш клима и вентилација,а во другиве 4 пати помали од Калео дупло луѓе од капацитетот.Ама биле в центар.Ко да е Калео во Струга,а Парк е 7 км и одат :pos:

.

Калео е супер дискотека средена, ТОП све, ама имат еден маал проблем: то шо е сместена на Железничка, булевар (до вчера улица) попознато како „зона на самракот“ и ич непопуларно место за дискотеки, клубчиња и такви слични работи.
Парк е оддалечен 4-5 км од центар ама е на плажа и Парк е бренд и име во градов со години.
Калео носет секој викенд авалонци и познати ѕвезди, ама џабе ко луѓево (и овие во градов) уште не знает кај се наоѓат Калео.
 
Може некој да ми каже некои добри дискотеки и клубови за искачање во Охрид, пошо во понеделник идеме на одмор со другарките. :)
oд горе споменатите би ги додал и
Објектив - чил аут местенце до бившиот хотел палас. Прават одлично кафе.
Џез и блуз (Дак) до киното ,потчно на ќошот ,исто така поопуштено местенце каде има рок свирки скоро секоја вечер и е многу битно шо работит после 2 часот ,кога останатите кафиќи како ликвид и кадмо затвораат.
и Џез ин кој се наоѓат после сараиште во стариот дел од градов,малце е потешко да го најдиш али одат фини луѓе(има и бивши и сегашни форумџии :D ) , поефтини (за разлика од другите барови) пиачки ,и работи до сабајле.

а некој горе напиша планет доколку сте малолетни ,јас ќе додадам доколку сте малоумни.
--- надополнето: Jul 19, 2011 5:49 PM ---
Заборавив да додадам дека гореспоменативе , не се од типот на еспана каде што се дешаваат тепачки ради пијани сељаци.
 
и Џез ин кој се наоѓат после сараиште во стариот дел од градов,малце е потешко да го најдиш али одат фини луѓе(има и бивши и сегашни форумџии :D ) , поефтини (за разлика од другите барови) пиачки ,и работи до сабајле.

Не се поефтини пијачките, стандард се ко во сите кафичи.
А ефтини кафиња има во „Ла Тераса“(во Амамот на спрат) и во „Гиро Гиро“(наспроти ZZ Top).
 
Не се поефтини пијачките, стандард се ко во сите кафичи.
А ефтини кафиња има во „Ла Тераса“(во Амамот на спрат) и во „Гиро Гиро“(наспроти ZZ Top).

Ла Тераса комотно мојш да си се начукаш :P
 
После се што се случува во Охрид вклучително и тепачката вчера, во скора иднина прашањето околу дискотеките ќе изгледа вака:
„во која дискотека во Охрид може да се забавувам, а притоа да останам жив и здрав?„
 
Ај да си земам право да ти одговорам и да те разочарам :
После прекинот на соработката на локалните апаши со локалната полиција.А одредени фаци и во двете групи можиме да ги категоризираме.
Значи...
 
Фала ви многу дечки :)
 
Не се поефтини пијачките, стандард се ко во сите кафичи.
А ефтини кафиња има во „Ла Тераса“(во Амамот на спрат) и во „Гиро Гиро“(наспроти ZZ Top).
не се баш стандард (20 денари поефтио,поточно нормално а во другите 20 денари поскапени се ради "летната сезона")
--- надополнето: Jul 19, 2011 11:58 PM ---
Фала ви многу дечки :)
од фала полни ни се џебојве :D
 
не се баш стандард (20 денари поефтио,поточно нормално а во другите 20 денари поскапени се ради "летната сезона")
--- надополнето: Jul 19, 2011 11:58 PM ---

од фала полни ни се џебојве :D
Јас сепак да си бидам културна :)
 
После се што се случува во Охрид вклучително и тепачката вчера, во скора иднина прашањето околу дискотеките ќе изгледа вака:
„во која дискотека во Охрид може да се забавувам, а притоа да останам жив и здрав?„
пак тепачка бре?! каде вчера?!
 
Браво за Охридњуз,чиста вистина е репортажава.Само кој ги прочитал и дали се воопшто писмени тие шо требит да реагирет.Мафијашката општина!
Охрид од кој и охриѓани се срамат
icon_at_textsize.gif

И покрај броните негодувања на охриѓани, пишувањата и критиките во медиумите, хаотичната состојба во центарот на Охрид непроменета. Објективот на OhridNews ви пренесува дел од атмосферата од градското шеталиште покрај кејот на езерото и чаршијата.

sl%202.JPG

sl%204.JPG

sl%206.JPG

На овој потег кој секојдневно е најпосетен од страна на гостите може да видите се и сешто. Од банџи, тезги на кои се продава бижутерија, шеќерна волна, играчки, реквизити, мерачи на ударот......неизбежен дел од сликата е и можноста за фотосесија со неколкуте змии.

sl%203.JPG

sl%207.JPG

sl%205.JPG

sl%201.JPG

Ветувањата од надлежните дека конечно ќе се сопре ваквиот хаос кој повеќе од сигурно е дека не му наликува на градот под Самуиловите кули, под заштита на УНЕСКО, и оваа туристичка сезона паднаа во вода. Може да се забележи дека наместо состојбата да се поправи, хаосот уште повеќе се зголемува споредено со изминатите години.

И повторно имаме можност да чуеме бројни оправдувања и објаснувања од надлежните зошто е тоа така, но и понатаму останува впечатокот дека кај нив не постои желба и намера проблемот да се реши.

OhridNews​

20.07.2011 10:29​

Прочитана е : 202 пати​

© 2011 Ohridnews.com
 
"Шестмина жители на Струга нападнале тројца Срби и скопјанец во Охрид, а во полицијата која ги привела изјавиле дека причината била поразот на тетовска Шкендија од Партизан.
Рано утрово околу 4 часот во близина на охридската дискотека Парк 6-мина Албанци од Струга нападнале група Срби. Со два автомобила 6-мината напаѓачи првин им го пресекле патот на нападнатите и потоа им се нафрлиле и ги натепале.

Од 6-мината напаѓачи, 4-ца биле од Струга, а двајца биле гастарбајтери од Америка и Швајцарија, додека во групата на нападнати имало 3 српски државјани и еден жител на Скопје. Нападнатите добиле телесни повреди од ударите. Кога биле приведени 6-мината стружани изјавиле дека причината за нападот била поразот на тетовска Шкендија од Партизан. /М.С."​

Бргу да им се даде амнестија!​

Охрид се претвора во Струга?
 
"Шестмина жители на Струга нападнале тројца Срби и скопјанец во Охрид, а во полицијата која ги привела изјавиле дека причината била поразот на тетовска Шкендија од Партизан.

Рано утрово околу 4 часот во близина на охридската дискотека Парк 6-мина Албанци од Струга нападнале група Срби. Со два автомобила 6-мината напаѓачи првин им го пресекле патот на нападнатите и потоа им се нафрлиле и ги натепале.

Од 6-мината напаѓачи, 4-ца биле од Струга, а двајца биле гастарбајтери од Америка и Швајцарија, додека во групата на нападнати имало 3 српски државјани и еден жител на Скопје. Нападнатите добиле телесни повреди од ударите. Кога биле приведени 6-мината стружани изјавиле дека причината за нападот била поразот на тетовска Шкендија од Партизан. /М.С."

Бргу да им се даде амнестија!

Охрид се претвора во Струга?
малку им е место во Струга , Тетово па и во Охрид да идат да го грдат градот :confused: Само за тепање и шо добија со тоа? Само кривични пријави..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom