Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Едни деца ми велеа дека во Охрид вака на лето не пуштале многу машки во дискотеките и кафичите пример двајца од друштво најмногу, ако си 5 6 души нема шанси да влезиш. Вистина е ова ?
Зборувам за попознатите места не за некој забатален кафич кај шо не оди никој.

можи не знат да бројат до 5-6
пробајте во парови влегвајте
друштво од 6 поделете се на 3 по 2
 
За ресторан би ти го препорачал само Belvedere и никој друг. Се наоѓат одма до киното.

belvedere ako ti e za ziva muzika da ako ti e za skara forget it....osven ako sakash od pomfritot da go cedish masloto za doma da go nosish..
 
Едни деца ми велеа дека во Охрид вака на лето не пуштале многу машки во дискотеките и кафичите пример двајца од друштво најмногу, ако си 5 6 души нема шанси да влезиш. Вистина е ова ?
Зборувам за попознатите места не за некој забатален кафич кај шо не оди никој.


Најнормална појава во сите попознати дискотеки во Македонија , регионот, источна Европа , Европа, Светот...
Проблем кај нашите дискотеки е што пуштат премногу луѓе во дискотеките со други зборови мерката за полна дискотека е многу брутална...
Незнам само како не сфаќаат дека со тоа ем што се гушат гостите и неможат да мрднат или да се свртат им паѓа и профитот, бидејки ми се случувало саат време да чекам додека да нарачам ...
Значи не само што не треба да дозволуваат преголема разлика машки , женски туку треба малку да ја спуштат границата за наполнета дискотека...
 
Затворени осум плажи во Охрид

Во инспекција на Министерството за транспорт и врски затворени се 8 плажи на охридската ривиера.

Од Капетанијата Охрид, соопштија дека плажите не ги исполнувале безбедносните услови, односно капалиштата не биле соодветно обележани, а плажите немале ангажирано ниту спасители на вода на што се обврзани со закон.

Капетанот Љупчо Настоски, на прес конференција објасни дека на сите затворени плажи поставен е знак “Забрането капење“. Тој појасни дека сега нема да има други санкции за сопствениците на плажите кои имаат рок до понеделник да ги обезбедат капалиштата. Доколку не го сторат тоа ќе им бидат одземени концесиите“, истакна Настоски.

Тој додаде дека контролата на охридските плажи ќе продолжи и во наредниот период, а особено внимание ќе се обрати на почитување на одредбата од договорите за издавање под краткорочен закуп на плажите, според која 60% од плажата треба да биде слободна, додека маси, лежалки и други реквизити може да се поставуваат до максимум 40 отсто од целокупната површина.

Извор: Охрид Њуз

Задоволни? :helou:
 
екалии повторно се излеваат во Охридското езеро

18/07/2009 16:28:00
Големина на фонт:
thumbnail.php


Секојдневно огромни количини на отпадни и фекални води поради нерегулирана фекална канализација повторно се влеваат во водите на Охридското езеро.

Тоа се случува кај охридската градска плажа во населбата Даљан. Жителите и туристите се жалат на непријатната миризба која се шири на сите страна, а стравуваат и од евентуални кожни заболувања.

„Ако некогаш проблем беше загадувањето на езерото преку реката Грашница, сега уште поголем проблем претставува загадувањето на езерото преку бајпасовите кои се изградените од колекторот, а кои директно одат во езерото. Секогаш и при најмали врнежи од дожд тогаш моторите на пумпната станица кај Даљан, за да се заштеди на струја, се исклучуваат и целата материја од Охрид и понатаму се излева овде. Овде нема ни жаба, нема ни глиста“ вели еден граѓанин.
„Ова е мал проблем. Се решава со 3-4 милиони евра“ смета друг.

„Што побрзо локалната власт и централната власт да најдат заеднички јазик ова веќе да го немаме“ вели трет.

Надлежните од јавното водоснабдително претпријатие „Проаква“ признаваат дека проблемот е сериозен. Но, ги обвинуваат граѓаните дека на диво се приклучувале со канализациони цевки во атмосферската канализација. Велат проблемот не е во колекторскиот систем и станиците за пречситување кој пред само еден месец добија нова опрема.

„Наредниов период обврска и на Проаква и на локалната самоуправа ќе биде во тие зони да ги инсталираме тие атмосферски канализациии“ изјави директорот на Проаква, Бранислав Трпчески.
Последните испитувања на Заводот за здравствена заштита покажаа дека квалитетот на езерската вода на овој потег е од трета и четврта категорија. Оттаму и со загрижувачки информации дека дури 80 проценти од вкупно заболените од кожни заболувања се лица кои живеат токму во овој дел на градот.



Izvor ALSAT-M



Imav mnogu ubava tema za vakvi gadosti, "DALI GO ZASLUZUVAME OHRIDSKOTO EZERO?"...Ocigledno vakva prirodna ubavina e pregolem zalak za nas...Za nas e samo PUSTINA vo koja ke moze da si pravime deponii kade sakame i kolku sakame , bidejki ocigledno uzivame vo niv...



Inaku do Makedon91 bi me interesiralo ako znaes dali ovie inspekcii se napraveni i na Struskoto krajbrezje, bidejki kolku sto znam tamu vladee pravoto na posilniot a plazite se stopanisuvaat na divo...
 
belvedere ako ti e za ziva muzika da ako ti e za skara forget it....osven ako sakash od pomfritot da go cedish masloto za doma da go nosish..
Шо зборвиш бе??
Познато е во цел град за добрата скара од Белведере. Иначе малку си контрадикторен, викаш скара и потоа кажвиш помфритот каков бил.
 
Она Белведерено шо е кај спортскана сала, то е ужас. Можда да бе ман за него зборвит. Нешо недопечено, друго прегорено, башка црн леб ни дадоја. Штедет море, ами како.
 
нема што да се пише за охрид град на место. Град каде Македонија ја покажува својата убавина... Туристичко место каде што доаѓаат луѓе од цела македонија па и пошироко....:oeoeoe:

Може да не те пуштат ако си малолетен и ко шо кажа Петар.Иначе пуштаат.

Мене ми се нема десено такво нешо а има случаи каде што некои ги враќаат
 
Шо зборвиш бе??
Познато е во цел град за добрата скара од Белведере. Иначе малку си контрадикторен, викаш скара и потоа кажвиш помфритот каков бил.

па кај нас помфритот е составен дел од скарата како со секоја пица шо давет кечап (нигде немам така видено). ако под скара само месото го разбираш тогаш и то е катастрофа.

Како за споредба ќе ти препорачам едно место во Скопје...Буковка се вика и е кај 3 Бисери, покрај Вардар...Таму да пробаш Македонска скара „Буковска плескавица во марамица„ на пр.

И не само во Скопје, скара имаш во малине местенца низ Македонија кои не се туристички центри..

Охрид како центар требаше да го понуди најдоброто од најдоброто....а понудата е катастрофа. Освен во еден два ресторани (и то на исклучителни деној) ќе начекаш Македонски домицилни јадења. А то за центар на туризмот е катастрофа, ништо друго освен катастрофа.

нема ниту еден ресторан во Охрид сред сезона каде шо ќе добиеш добра и тазе дневна супа, полнети пиперки, тазе мусака, гравче...

све е удрено на скара зш то е најефтино...исечи го месото и фрлиго на плехот. А шо по печено месото то поштетно за здравјето (со црни загорени флеки од лимот). Кога се печи месото маснотиите од него со чадот се една врста синтеза процес за јагледоводородни субстанци кои се на листа за предизвикувачи на рак...шо по печено месото и по пржен компирот то повеќе од тие супстанции во храната.
 
Утре одам, па активно ќе се вклучам во дискусијата за околу 10 дена :)
 
Задутре доаѓам. Импресии за оваа година од Охрид ке има следна недела. :helou:
 
aj да видиме и тоа чудо Охрид ’09
NOS1.gif
 
Да ве предупредам само: Ак не ви чинит не идајте!!! :pos2::pos2::pos2:
 
Деј оф свират на Куба во недела попладне?
Ви го љубам градот да си знајте:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom