Една друга страна на Охрид...
Пред неколку дена бев во Охрид по веќе незнам кој пат ,како по навика не очекував ништо друго освен високи цени ,ладно езеро и лажно гостопримство.
Додека одев по улицата Туристичка на моето десно рамено капна нешто ,најпрвин помислив дека тоа е капка од некој клима уред ,но кога погледнав нагоре -ШТО ДА ВИДАМ...две момчиња на терасата од зградата со охридски дијалект испаничено и кукавички викаа:,,Не сум јас ,не сум јас...’’ -тоа што капна на моето десно рамено беше нивна факинг плуканка!!! По природа сум темрераментна и избувлива ,но незнам зошто се воздржав и рамнодушно си го продолжив патот.Неколку чекори понатаму слушнав гласно викање на некој човек кој беше жртва ,како и јас ,на истите момчиња кои немаа попаметна работа па плукаа по минувачите (кои во најголем број беа туристи).Си помислив:,,Требаше да отидам во Струга...’’
Следниот ден додека ја освојував калдрмата накај Плаошник ми пријде еден стар(во години) охриѓанец кој најверојатно забележа дека не го знам патот понатаму и ми предложи да го следам затоа што и тој оди во прошетка до Плаошник.Кога стигнавме таму тој почна да раскажува за тоа како има нови ископувања и нови откритија.Јас побрзав до бунарот каде што се фрлаат парички ,а тој ми објасни дека во тој бунар во минатото се фрлале живи МАКЕДОНЦИ чија крв се забележувала дури до езерото...на неговите очи се појавија солзи ,но не се осмелив да прашам зошто ,почувствував дека тоа што ми го раскажува е дел од некоја приказна пренесувана од колено на колено во неговата фамилија ,а такви и сличмни има во секоја македонска фамилија ,сите ние имаме некој предок кому сме горди ,а не ни знаеме каде му е гробот да му оставиме цвеќе.Брзо ја сменив темата и запрашав зошто некои делови од ископините се покриени ,а тој ми одговори дека тоа се мозаици.Продолжи да зборува и да раскажува за ископините ,се гледаше дека е доста информиран ,навидум туристички водич ,но се што кажа беше на нашки ,а не како што прават туристичките водичи да неможеш да ги разбереш пола од тоа што го зборуваат.Човекот ме испрати и на патот назад накај чаршијата ,јас си помислив:,,Сепак не згрешив што дојдов во Охрид!’’:smir: