A,Охриѓани да се организирате па да го поканите официјално чоеков, оти такви статии и фотографии за Охрид немам прочитано од ниту еден наш македонец.
Јуриј Муханов е член на Националниот сојуз на журналисти во Украина, професионален фотограф.
Минатата година по престојот во Охрид,својата лична изложба ја организирал веднаш после враќањето од Македонија- православната земја со зачудувачка традиција. Тој сакал преку фотографиите да ги доведе до широкиот круг на гледачи своите впечатоци од Охрид.Затоа во Днепропетровскиот Историски музеј направил изложба «Бог ја создал земјата за живеење».
«Кога гледаш на сета таа убавина, почнуваш да не разбираш зошто народот војува,краде се расправа . Човекот е создаден за живот на земјата. Живеј и радувај се! Погледни, каква убавина околу нас» толку-чисто озеро и стари православни храмови во окружение на цветните градини - либрето божествена опера под назив "Рај на земјата".
«Јас помислив , дека тоа е местото, каде Бог ги создаде Адам и Ева – се е толку прекрасно ....».«Ја чувствуваш близкоста со Бог . Таму нема помпезности, нема луксузни украси. Но ти зачекоруваш тука , и душата започнува да копнее…»