Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Вила во Елешец, 30 евра денот, капацитет 6 души. Ако ви одговарат, лет ми ноу.
 
Љубаништа кампови...800 денари на вечер, 4 кревети :D
 
На 20ти одам ГРАДИШТЕ има да биде бум :))
 
Кратка ретроспектива на овогодинешните охридски средби.

Охрид живее. Како сакате ова сфатете го, тој живее. Додека Струга живурка а со себе го носи шармот на убавиот дел од животот, Охрид живее и со себе ги носи сивите луѓе кои сакаат да бидат добри. Рака на срце, мене повеќе од тоа и не ми треба. Задоволен сум од охриѓани генерално годинава, иако неизбежна беше арогантната тетка во супермаркетот, но хеј, на автобуска беа љубезни со мене... :vozbud:

Варош особено живее. Македонците тераат шеми со фотоапарати, странците маваат пастрмки каде стигнат, охриѓани се смешкаат на сите сеуште одморени од осумте месеци пауза и регенрирање. Тешко на оние кои ќе ја доживеат сезоната заедно.

Драгиот наш Фантом_од_Охрид не нагости како да сме ВИП гости на елитно средената Куба Либре плажа. Ајван плажа по Охридски, но тоа било некогаш. Луѓе мои, Монте Карло на езеро. Кога едно момче се појави и објави дека нема да толерира скокање во вода а мене ме праша дали имам поплаки се извадив од памет. Лежалка на 30 метри од плажа од каде само се превртив во езеро. Не морав ни да станам.
Рака на срце, цените се исто така како во Монте Карло... но да не ставам дамка на впечатокот.

Генерално... Охрид имам впечаток дека напредува... дали сум во право, ќе ги видиме реакциите на крајот на сезоната... :helou:
 
ja ne sum od ohrid ama ke pisam neso :) od veles sum letoska bev na 5 dena tamu ama se razocarav zs od veles izlegov zs mi skisna od narodot so go gleam tamu sakav da vidam neso novo :) i ko doov u ohrid se razocarav zs site velesani bea u ohrid :( inaku so drustvoto ubav pomin imavme setanje,zurki ova ona :) pa moz letovo pak da doeme na nekoj den :)) :pipi:
 
Екслузивно: Се венчаа на Канео поради сон на невестата
Сара и Бен, Американци кои претходно никогаш не биле во Македонија денеска се венчаа во посебна церемонија со камења во дворот на црквата „Свети Јован Канео“ во Охрид. Приказната е небична бидејќи Сара и Бен се венчаваат во Охрид поради несекојдневен сон на невестата што го сонувала пред две години, а во кој и се сторило привидение како треба да изледа нивната венчавка и дека треба да се венчаат токму во овој македонски град, иако е на десетици илјади километри далеку до нивниот дом

Дваесетидевет годишната Сара Велтинг од Тексас во јуни 2006 г. сонила невообичаен сон. Таа и нејзиниот свршеник, Бен Пери од Пенсилванија (тогаш само нејзино момче) во сонот јавале на коњи и дошле до некои поплочени улички кои носеле нагоре по некоја височина на која имало црква. -„Местото беше покрај езеро или голема вода, оти во сонот слушав како брановите удираа во карпата. Во сонот јас и Бен веќе бевме венчани и што се разбудив знаев дека тоа е местото на кое треба да се заколниме на вечна љубов“, изјави за www.forum.com.mk Сара.
Таа не знела каде се наоѓа местото коешто го сонила, се’ до октомври 2006 г. кога случајно играјќи игра со атлас со нејзината другарка, ја здогледала сликата на црквата „Свети Јован Канео“ во Охрид. Вчудовидена од тоа што сликата во атласот сосема одговара на нејзиниот сон, таа и Бен решаваат по секоја цена да се венчаваат во Охрид.
Младоженците, се’ до сонот на Сара ниту чуле ниту знаеле нешто за Македонија. Нивните роднини и пријатели исто така.
- „Кога им кажавме каде сакаме да се венчаме беа сосема збунети. Прво и соопштивме на мојата сестра која брзо ја прошири целата вест на роднините“, вели Бен.
По подготовки од две години, заедно со најблиската фамилија денеска во посебна цермонија се венчаа во Канео. Кумот, најдобриот пријател на Бен, вчера пристигна од Јужна Кореја за да присуствува на венчавката. Заедно со нив е и другарката на Сара со која таа открила дека мистериозното место од нејзиниот сон е Охрид. Тука се и родителите на младоженците.
- “И до крајот на светот ќе отидевме за нив. Тоа што им се случува е многу романтично, но и многу мистично. Сара го сонуваше местото и еве сме сега тука на свадба“, ни изјави Лори Шлосер, маќеа на Бен.

Главен на церемонијата е дедото на Сара. Тој беше свештеникот што ги венча. Шеснаесетте роднини пристигнати од разни држави на САД поставува специјални камења со кои направија круг околу младоженците. Сара беше облечена во портокалов фустан, а Бен во посебна мексиканска шарена кошула.
Роднините на младите пристигнаа во Македонија една недела порано и со Go Macedonia ја шетаа државата.
По кратката церемонија тие со бротче заминаа во хотелот „Климентица“.

Лори и Бен по свaдбата заминуват на меден месец во Хрватска, а потоа се враќаат во Берлин, каде што живеат веќе една година и каде Лори е учителка на деца со специјални потреби.

Целата љубовната приказна ќе ја прочитате во магазинот „Форум“ во бројот што
ќе излезе во петок, на 04 јули 20008
наскоро на www.forum.com.mk екслузивно видео-материјал и фотографии од настанот
 
Ај некој нека ми каже каде има добра забава за во среда во Охрид? Ве молам итно е.....
 
Ај некој нека ми каже каде има добра забава за во среда во Охрид? Ве молам итно е.....


Abe za na leto barem da ne se sekiras, barem togas mozes da odes kaj sto sakas,zatoa sto segde e zakon, mozes vo kadmo, cuba kibre novoto sto go otvorija... abe ima mnogu mesta taka da ne se sekiraj ic :) p.s. ubo ke si pomines :)
 
Емпорио=Лапидариус=Паладиум=Спирит (кој е отиден ќе знае зошто ги споредувам)
Иначе како и на сите овие горе им дошла инспекција зш пуштале малолетни и кај да е ќе го затворат.
Мој предлог-Парк, Ликвид, Куба (ама не кафичот на плажа што се отвори сега, туку дискотеката, ама ни кафичот не е лош). И сега има уште една дискотека отворена не сум отидена, ама кажуваат дека е ок, Лектира се викала.:helou:
 
Еј охригани, кај ви е бафало бич. Блиско до центар или?:salut:
 
Еј охригани, кај ви е бафало бич. Блиско до центар или?:salut:
па да, можда едно 10 минути одење. Кај мостон е , ако знајш кај е мостон :) . За капење не би ти го препорачала
 
Емпорио=Лапидариус=Паладиум=Спирит (кој е отиден ќе знае зошто ги споредувам)
Иначе како и на сите овие горе им дошла инспекција зш пуштале малолетни и кај да е ќе го затворат.
Мој предлог-Парк, Ликвид, Куба (ама не кафичот на плажа што се отвори сега, туку дискотеката, ама ни кафичот не е лош). И сега има уште една дискотека отворена не сум отидена, ама кажуваат дека е ок, Лектира се викала.:helou:

Лектира = Лагоа иначе. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom