Екслузивно: Се венчаа на Канео поради сон на невестата
Сара и Бен, Американци кои претходно никогаш не биле во Македонија денеска се венчаа во посебна церемонија со камења во дворот на црквата „Свети Јован Канео“ во Охрид. Приказната е небична бидејќи Сара и Бен се венчаваат во Охрид поради несекојдневен сон на невестата што го сонувала пред две години, а во кој и се сторило привидение како треба да изледа нивната венчавка и дека треба да се венчаат токму во овој македонски град, иако е на десетици илјади километри далеку до нивниот дом
Дваесетидевет годишната
Сара Велтинг од Тексас во јуни 2006 г. сонила невообичаен сон. Таа и нејзиниот свршеник,
Бен Пери од Пенсилванија (тогаш само нејзино момче) во сонот јавале на коњи и дошле до некои поплочени улички кои носеле нагоре по некоја височина на која имало црква. -„Местото беше покрај езеро или голема вода, оти во сонот слушав како брановите удираа во карпата. Во сонот јас и Бен веќе бевме венчани и што се разбудив знаев дека тоа е местото на кое треба да се заколниме на вечна љубов“, изјави за
www.forum.com.mk Сара.
Таа не знела каде се наоѓа местото коешто го сонила, се’ до октомври 2006 г. кога случајно играјќи игра со атлас со нејзината другарка, ја здогледала сликата на црквата „Свети Јован Канео“ во Охрид. Вчудовидена од тоа што сликата во атласот сосема одговара на нејзиниот сон, таа и Бен решаваат по секоја цена да се венчаваат во Охрид.
Младоженците, се’ до сонот на Сара ниту чуле ниту знаеле нешто за Македонија. Нивните роднини и пријатели исто така.
- „Кога им кажавме каде сакаме да се венчаме беа сосема збунети. Прво и соопштивме на мојата сестра која брзо ја прошири целата вест на роднините“, вели Бен.
По подготовки од две години, заедно со најблиската фамилија денеска во посебна цермонија се венчаа во Канео. Кумот, најдобриот пријател на Бен, вчера пристигна од Јужна Кореја за да присуствува на венчавката. Заедно со нив е и другарката на Сара со која таа открила дека мистериозното место од нејзиниот сон е Охрид. Тука се и родителите на младоженците.
- “И до крајот на светот ќе отидевме за нив. Тоа што им се случува е многу романтично, но и многу мистично. Сара го сонуваше местото и еве сме сега тука на свадба“, ни изјави
Лори Шлосер, маќеа на Бен.
Главен на церемонијата е дедото на Сара. Тој беше свештеникот што ги венча. Шеснаесетте роднини пристигнати од разни држави на САД поставува специјални камења со кои направија круг околу младоженците. Сара беше облечена во портокалов фустан, а Бен во посебна мексиканска шарена кошула.
Роднините на младите пристигнаа во Македонија една недела порано и со Go Macedonia ја шетаа државата.
По кратката церемонија тие со бротче заминаа во хотелот „Климентица“.
Лори и Бен по свaдбата заминуват на меден месец во Хрватска, а потоа се враќаат во Берлин, каде што живеат веќе една година и каде Лори е учителка на деца со специјални потреби.
Целата љубовната приказна ќе ја прочитате во магазинот „Форум“ во бројот што
ќе излезе во петок, на 04 јули 20008
наскоро на www.forum.com.mk екслузивно видео-материјал и фотографии од настанот