Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Тие кои не живеат во градов не се свесни колку е убаво и во овој период од годината. Уживам и секој ден одам на прошетка до Горица 3. Да ти е милина да си носиш кафенце во термос, да седнеш на плажа и да одмараш на сонце во мир и тишина, водата неверојатно смирува.
Златен Охрид

Шо убо го рече ова златна, ни јас поубо нема да го кажев. Обожавам кога можам во сабота сабајле во 5 и пол со велосипед да одам да лежам на Горица 2, без да најдам таму пијани наркомани. Охрид е најубав во септември за нас, охриѓаните. :oujea:
 
Ohrid mi e eden od najubavite gradovi,ako ne i najubaviot vo Makedonija...vecerite mi se najopusteni,najromanticni....mnogu mi e ubavo da si sedam pokraj ezero,da go gledam i da nemislam na nisto...
 
Шо убо го рече ова златна, ни јас поубо нема да го кажев. Обожавам кога можам во сабота сабајле во 5 и пол со велосипед да одам да лежам на Горица 2, без да најдам таму пијани наркомани. Охрид е најубав во септември за нас, охриѓаните. :oujea:
Абе убав е стварно периодов ама 5 сабајле??:nesum: :D
 
Не да сум пристрасен зш живеам во Охрид...ама стварно не може да се заменат утринските, попладневните и вечерните прочетки покрај кејот...
Езерово те смирвит те опуштат...а за плажите, па оваа година баш добро ги средија..да ти е милина да одиш...
иначе ова лето нашево бевме на 2 дена со шатори на дива плажа близу едно место заум..одевме со кајче...релаксација...уффф
после се префрливме Градиште, ама шо пак ве замарам јас..
Охрид си го сакам најмногу и точка..
 
Охрид е прекрасен град, можам да кажам и најубав во Македонија. Навистина сум воодушевена од убавините на Охридското Езеро, самиот град и гостопримството на мештаните. Изобилува со многу убави и романтични места. Има кај да прошеташ, што да видиш, супер ноќен живот. Жал ми е што ова лето неможев да го посетам, но се надевам ќе можам во скоро време.
 
Сатеска го забрзува стареењето на Охридскoто Езеро !

Доколку реката Сатеска која се смета за еден од најголемите загадувачи на Охридското Езеро не биде пренасочена во старото корито од каде реката се вливаше во Црн Дрим, последиците по еко системот ќе бидат катастрофални предупредуваат експертите.
d-r_Zdravko_Krstanovski.jpg
Реката Сатеска која извира од Плаќенска планина и во која се влеваат голем број помали и поголеми реки со себе во Охридското Езеро носи големи наноси, како и пестициди, хербициди, инсектициди и други отровни материи кои се употребуваат во земјоделството, кои преку синџирот на исхрана, на крај стигнуваат и до човекот,
вели професор д-р Здравко Крстаноски од Хидробиолошкиот институт од Охрид. Сепак предупредува Крстаноски, најголемата опасност претставуваат органските материи кои Сатеска ги носи во езерото. Во наносите што Сатеска ги носи во Охридското Езеро има и до 80% органски материи кои предизвикуваат забрзана еутрофикација-стареење на езерото, што на крај ќе резултира со негово изумирање, предупредува Крстаноски.
Според него пренасочувањето на реката Сатеска од старото корито во Охридското Езеро што се случи во 1961 година е катастрофална грешка која час поскоро треба да се исправи.
marinoski.jpg
Со ваквиот став не е се согласува професорот од Факултетот за Туризам Науме Мариноски, кој активно беше вклучен во изработката на Нацрт просторниот план за Охридско-преспанскиот регион кој го тангира и проблемот со реката Сатеска.

Според Мариноски враќањето на реката Сатеска во старото корито ќе влијае негативно на хидролошката состојба на Охридското Езеро, но и на акумулацијата „Глобочица“ која исто така ќе се соочи со недостаток на вода.
Професорот и лимнолог Крстаноски се согласува дека пренасочувањето на реката Сатеска во Дрим ќе значи дека во Охридското Езеро ќе се влеваат околу 200 милиони кубни вода помалку, но вели дека таа вода е загадена и многу опасна и доколку и натаму продолжи да се влева во езерото последиците ќе бидат катастрофални.
Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека реката Сатеска нема да се дислоцира во старото корито, туку дека по нејзиното течение ќе се изградат таложници за да се спречи таложењето на наносите во Охридското Езеро.
zag%5B1%5D.ezer..jpg

Сатеска и натаму ќе се влева во Охридското Езеро сo се што носи со себе

Крстаноски не се согласува со ваквата идеја бидејќи како што тврди, таложниците не можат да го запрат ситниот нанос кој содржи органски материи кои го оптоваруваат Охридското Езеро и предизвикуваат еутрофикација.
Тој информираше дека во 1993 година е извршена научна ревизија на планот за дислокација на Сатеска при што научниот тим кој во шеесетите дал согласност за пренасочување ан Сатеска во Охридското Езеро признал дека направил грешка. Крстаноски вели дека најдобро решение е Сатеска да се врати во старото корито, а по нејзиното течение да се изградат таложници. Така смета Крстаноски, ќе се заштити Охридското Езеро, а штетата што ќе ја претрпи Црн Дрим ќе биде многу помала отколку да се дозволи изумирање на Охридското Езеро.
Крстаноски информираше дека пред 14 години бил изработен комплетен проект за враќање на Сатеска во старото корито со изградба на заштитен регулатор во случај на големи поплави, кој тогаш се проценувал на 16 милини германски марки, или денешни 8 милиони евра.
 
Процедурално, поздрав до костурон - легендата и гуруто на охридските гејмери.

Е, ко имаше флипери христо узунов кај ламелине... :vozbud:

Луди млади години :)
 
ееееееееееееееее костур костур хехехе поздрав
 
Sema grad ti e Ohrid be nemat so.......

Не да сум пристрасен зш живеам во Охрид...ама стварно не може да се заменат утринските, попладневните и вечерните прочетки покрај кејот...
Езерово те смирвит те опуштат...а за плажите, па оваа година баш добро ги средија..да ти е милина да одиш...
иначе ова лето нашево бевме на 2 дена со шатори на дива плажа близу едно место заум..одевме со кајче...релаксација...уффф
после се префрливме Градиште, ама шо пак ве замарам јас..
Охрид си го сакам најмногу и точка..

Абе за ова болдираново многу плачења паднаја ај да сјојме и такви слични муабети ама не беше лошо.
btw за Градиште неам зборој:kesa:
 
Процедурално, поздрав до костурон - легендата и гуруто на охридските гејмери.

Е, ко имаше флипери христо узунов кај ламелине... :vozbud:

Луди млади години :)

ООооо Серпи!! :) Сеа имаш Костур и кај чинарон, уствари одсекогаш си имал :hehe:

Sema grad ti e Ohrid be nemat so.......

Кој корун си ти ре? :)

п.с. ко ќе праќаш поста немој едно под едно, одај на Измени
Ова ти го кажвам да немаш проблеми кај вишиве АДМИНсили :hehe:
 
Моја голјама мечта е да посетја този красив град, чијато слава се носи и зад пределите на Македонија. Надјавам се следваштата ранна есен да мога да го посетја, заштото с'м чувал че тогава е нај красиво и пријатно да си там.:helou:
 
Охрид сеа за викендов јас колку шо забележав е полн со шпанци.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom