Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Навистина мислите дека главното загадување е од возилата ( коли , мотори шо и да е ) ? Да , игра улога и тоа ама не е пресудно . Плус сите знаат дека е многу позагаден воздухот во зима а не во лето , така шо возилата не се тие кои го прават главното загадување .
Greenjeto na drva, plastiki, gjubre e glavnoto zagaduvanje sekade. Isto poradi planinski karakter na teritorija, site gradovi se vo kotlini nema vetar, apreku zima.se.javuva taa temperaturna inverzija
 
Навистина мислите дека главното загадување е од возилата ( коли , мотори шо и да е ) ? Да , игра улога и тоа ама не е пресудно . Плус сите знаат дека е многу позагаден воздухот во зима а не во лето , така шо возилата не се тие кои го прават главното загадување .
Џабе е, не мојш да им објасниш дека загадувањето од возилата е не повеќе од 5%. Најголемиот проблем се зградите поради кои е нарушено природното струење на воздухот и фактот што се гори се и сешто и увозот на ѓубре за горење по фабрикиве и Буково се разбира.
Ако возилата толку загадуваа ќе го земам за пример Франкфурт каде дневно во градот влегуваат по 300 000 возила, требаше да е втор Аушвиц.
 
Немаше толку сообраќај порано и на лето. Сега ко шо пиша рудници, секој имат по 2-3 коли и неколку моторчиња, ко слепо црево сме.
Имам апликација на мобилниов за ниво на загаденост. Како то секогаш кога почнува грејната сезона загадувањето драстично се зголемува? И обратно шом се стоплит времето загадувањето се намалува?
 
Како то секогаш кога почнува грејната сезона загадувањето драстично се зголемува? И обратно шом се стоплит времето загадувањето се намалува?
... ами зима студено сите се колите, а чим се стоплит идет пешки :D
 
... ами зима студено сите се колите, а чим се стоплит идет пешки :D
Во Охрид поради туристите сообраќјот е далеку поголем во лето. Не знам дали си била во Август околу Илинден па да видиш како улиците 24 часе се преплавени се преплавени од коли.
 
Ам тие нови плакатолепачи и Климоглав Такојевиќи требит плата да земет.А објектот кај шо 'работет' пола од нив не знает ни кај се наоѓат.
 
Теми: Урбанизам и политика, а и живеачка:


Е сеа: кога ќе го гледа човек видеото, ќе си рече:
Добро, што фајде?! Што за НАС?! Кај нас е веќе изградено-преизградено! Прошол возот!

Мислата ми е дека со оглед на тоа што е речено во видето, за веќе изградените ругла-згради, политичар и претприемник-мафијаш би имале лични интерес да се видоизменат:


Ете, овие информации и идеи сакав да ги споделам

 
Од рубриката случајни Охридски глаи издвојвам Рудолф Хес, топтан тимба од Велгошчи.
1000008147.jpg

Просто е неверојатно, а опулиш некој одма знајш дека е наш чоек. :D
 
Џабе е, не мојш да им објасниш дека загадувањето од возилата е не повеќе од 5%. Најголемиот проблем се зградите поради кои е нарушено природното струење на воздухот и фактот што се гори се и сешто и увозот на ѓубре за горење по фабрикиве и Буково се разбира.
Ако возилата толку загадуваа ќе го земам за пример Франкфурт каде дневно во градот влегуваат по 300 000 возила, требаше да е втор Аушвиц.
се и сешто се гори, толку е свеста на народот, ко тие да не дишат ... но тука е и фактот што можда 90% од дизелите се со исклучен ДПФ, а во Франкфурт не ќе да се така ...
 
Nikoj da kažit za Boško Remis
Moram od drugi da razberam.
Шо да ти кажит? Скинал конци, ни прв ни последен. Еден од луѓето што го нанесе најголемото зло на Охрид. Нека му е лесна земја.

Мене искрено веќе не ми се живејт во Охрид. Беше преубо место за живот, мирно, тивко, без проблеми. Имаше неколку души шо праеја проблеми и то е то, сите ги знаевме и се држевме настрана. Сега секој втор тепач, мафијаш, ваѓет ножој, секој ден слушаш некој претепан за најбанална причина, полиции тепет деца па се прает светци и се други пиздарии. И то во мало градче со едвај 25 000 жители, ај да сме некој голем град.

Второ, згради многу, напраено без план на празни парцели, една зграда косо, една право, една на лево, една на десно, ко тој шо го цртал урбанистичкиот со диоптер без наочари да е. Не е дека сум против градење, ама бар малце осет. Нацртај ги право зградине, стави паркинзи, паркој и играчки меѓу нив, не вака.

Трето, многу коли, гужви, све шо се мојт узурпирано од градски паркинг. Не мојш да прдниш без да им платиш. Наплаќет од Понеделник до Недела, нигде го немат то. Сите паркирани по тротоари, не мојш ни од Видобишта да слезиш до чаршија со точак без некој да те испцует, да те исколнит или да те закачит со кола.

Четвро цели плажи, скоро цело крајбрежје узурпирано да не мојш да дојш на плажа па и да поминиш меѓу лежалкине. Па и сегде стаени синџири, блокатори да чувет паркинг, приватен е. Немат место кај да се појт на плажа ако немаш да платиш, или ако нејќиш, ко нас Охриѓани, со ризата на врат. Па уште и газдине од плажине идет со тепање, приватно е то, немојш да поминиш. Последно шо видеов цела Лагадин е узурпирана, а кај црквичкана стаено блокатор, не смеело да се влегвит со кола, ама ако седиш и пиеш на шанкон, немат проблем. Комедии
 
Back
На врв Bottom