Моја теорија е дека во недостиг на мотивација и желба за брза пара, без некаков труд, си ја продаваме дедовината и корените.
Сите испродадоја куќи со раскошни дворови за еден стан од 80м2 и гарсоњера за издавање.
Новиве генерации нема да знаат што значи да се расте во куќа, во денешно време несаглам си ако вложиш во куќа наместо во стан.
Ќе дојде брзо и кај нас како сега во Хрватска, си ја тупат главата по Далмација, домородното население ем не може да си дозволи да купи место за живеење, ама тие што го обезбедиле истото, во летните месеци не можат глава да кренат од туристи. Едноставно не оди, во една зграда имаш истовремено некој кој работи и за нормално функционирање му е потребен одмор, од друга страна имаш туристи кои се на одмор и имаат поинаков биоритам.