Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Сега и едните и другите зборите за глобален проблем. Ако сте живееле во странство ке знаете за што зборувам. Не е само Охрид и не само таму се прават овие работи. Кога има КАПИТАЛИЗАМ не се гледа општото добро туку профитот.

Исто имајте во предвид се повеќе и повеќе странци купуваат во Охрид. Зборам нашинци што живеат во странство + странци што се од други држави. Што значи има поголем капитал што реално, кој продава ке затвори уста за да добие пари и ке премолчи дали било легално или не. Згора на тоа немаме Облакодери. Замислете 30-40 катници? Уште поголем хаос ке биде со паркинг и све останато.

Заборавете на старт Охрид со мали куќи и дворови блиску до езеро.
Како што и Скопје се измени тотално.

Дали ние го сакаме ова или не никој нема да не праша.

Има побитни работи што треба да се пазат за Охрид како и сите други градови. Седам вчера на плажа и сегде ѓубре, во водата паломи на плажата пива. Собирам све во моја кеса и седи Охриѓанец до мене лови риба си фрла цигара во езеро и кеса. И си викам гнасен народ сме сите ние, не само политичарите. Све започнува од сите нас. Од обичен работник па се нагоре.
Такада лесно е во друг да се наоѓа кривица кога не не бива сите нас како народ. И да чистиш будала ке те направат.
 
Поградец сум бил само еднаш пред некои 13-14 години и ме бендиса градот. Баш е среден градот и кејот , а најјако беше шо не видов ниту една џамија но видов 2-3 цркви . А и нормално е така да е , сепак до 1912 бил македонски град пред Албанија да го земи кај нив .
 
Кај бевте да протестирате Нефи ко ја урна куќата и изгради зграда?
 
Поградец сум бил само еднаш пред некои 13-14 години и ме бендиса градот. Баш е среден градот и кејот , а најјако беше шо не видов ниту една џамија но видов 2-3 цркви . А и нормално е така да е , сепак до 1912 бил македонски град пред Албанија да го земи кај нив .

Убо знаеш, и не само Поградец а и многу појужно. Исто племе сме со сите надоле уште стотици километри, многу убо и јасно се гледа по суратите.:)
 
Кај бевте да протестирате Нефи ко ја урна куќата и изгради зграда?
Никој не протестираше ни тогаш, ни сега. За пишење по фб и на форумов, пишевме и тогаш и сега. Скролни едно 100 страни наназад.
Ако ја решивме вечната дилема на македонецот "кај бевте ко се деси ова", да продолжиме со дискусијата.

Очекувано, куќата веќе ја нема. Во недела, неработен ден, на неоградена парцела, куќата се сруши. Старо сценарио, докажано функционира. Општината е зафатена, оди по ракометни натпревари. За Охрид!

Читам по фб коментари, приватна била куќата.
Точно е, приватна е. Затоа и ова е најголем пораз и срам на општината и државата. Што, и покрај апели и барања од граѓански институции, не најде за сходно да ја заштити сите овие години.
Поголем е револтот за тоа што следно ќе се изгради на таа парцела. Што ќе се гради во период кога не смее да се гради, што ќе го уништи и тоа малце зеленило што остана во тој дел од градот, што ќе ја наруши околината и динамиката, што ќе им одземе секаква светлина на децата.
Како и се останато во градов, така и ова, ука бука ќе помине за три дена.

Дали сме колективно свесни за тоа каков град креираме и оставаме на следните генерации, не би рекла.
 
Back
На врв Bottom