Прееска кажа Будва да не сум ја споредувал со Охрид а ти ми правиш паралела со Австралија. Неможе така, не иде тоа така. Балкан сме, споредувај Охрид со други балкански народи или места (ама пак, не острови во Грција каде апартман е 5000 еур дневно, туку градови-туристички места со плажи...).
Прави паралели нормални, не со друг континент каде живее друг народ со други принципи и други култури и други приоритети. Таму живее народ кој 2 години за корона не мрдна од дома ги затворија како глувци и не се жалеа а немаше ни проблеми. Тука за време на 2/3 полициски, скари се правеа и по дворови се бегаше. Немаме ист менталитет, тоа е. Споредуваш со најдоброто од цел свет, нема логика.
Јас искрено мислам дека Охрид е таков каков што е и тешко да можеш да го смениш. Ако нешто е навикнато со години така да функционира, тоа е, требало на време да се мисли и да се организира целиот простор и површина. Може да се отстапува од некои работи да, но комплетно цел „имиџ“ да го смениш, тешко... Не дека не треба, напротив, ама така е „испланиран“. Тешки пари се во игра. Одат до кај што можат и застануваат кога веќе гледаат дека скоро и претерале. Само да не претераат од кај што нема назад. Мафија и политичари го водат Охрид, они се у право и тоа е тоа.
И на крај, апла некако ми терате дека ја сум нешто против природни ресурси, одмор, убавина, природа и слично. Не. Муабетот почна со музика на плажа и Дј. Според мене, нормално е да има вакви ствари на плажи. А ако мене ме прашуваш за овие твои т.е наши проблематики, Охрид треба да биде каков што го викаме - Бисер на балканот. Езерото да биде максимално заштитено и ни на крај памет да не им текне да чепкаат или да носат закони со кои ќе се загрози животот во езерото. Галичица да се менаџира подобро па дури и да се земат примери од други паркови кои заработуваат од туристи, а за сите одпадни води да се направи евалуација и да се најдат решенија.
Ама кур мој. Ова е процедура која бара време, ресурси и луѓе. Тоа тука го немаме поради неквалитетен кадар у сите можни сектори од нашиот живот.