Незнам што е проблемот да се прими критика дека пат во национален парк е во очајна состојба па не бил на националниот па незнам што , и да не е секој национален парк треба да апелира на власт и на македонија пат или јавни патишта за подобрување на патот кој што врви низ него, а не да прајме муабет дека нормално е дупки да има криви се шоферите. Друга работа никаде не се пожалив дека платив како што ме искриктикува некој наназад...Иако мое видување е како тоа на
@Емкаа за Шведска природата да е бесплатна за сите небитно турист или домашен да може кај шо сака да шета и да постави шатор без проблем а не како овде ако те затекнат со шатор 50е казна, со самата достапност се крева и самосвеста на народот многу повеќе него ако му наплатиш 200 денари на некој да пешачи на нешто кое никој од нас не го создал..Инаку ниеден национален парк не наплаќа влез ни Маврово ни Пелистер а и двата се инфраструктурно каде каде понапред од Галичица од обележани патеки,видиковци, официјални downhill стази Скијачки центри хотели ресторани итн..Еве бидејки често сум на Пелистер било со велосипед било пешки можам да кажам дека во последните години се има створено самосвест низ планинарите и велосипедистите скоро и да нема ѓубре по патеки или ако се најде нешто секој го прибира вранец или пак ако немаш место се остава на прегледно место и некој зад тебе ќе го прибери, патот нема дупки никаде, за до копанки 60% е нов турен асвалт, стариот нема дупки освен една кај шумски фенери од цевковод, за ниже поле исто така нема ништо драстично освен по некоја крпетина