Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Страшна работа сте, одма се фаќате за други патишта и автопати, само да не се критикува ништо охридско.
Абе дојди во Штип, заедно ќе плукаме што не е во ред.

ОК е, СВЕСНИ сме какви се патиштата и автопатите, биди сигурен дека од тебе месечно повеќе извозувам.
Веќе 15 години сам регистрирам возило и многу добро знам што плаќам, а на какви патишта возам.

"Одржување на националниот парк", а тешко им е да фрлат 50 вреќи битумен, колку за нормално возење.
Смешки. И патот и вие што упорно го браните.
А охриѓани ли се криви за патот?
Често сум во Штип, не се секирај, не хејтам јас по градови ко овај кумановецов. Слободно ти плукај по патот. Ама на тие кај шо е надлежен за патот. Факт е дека е во очајна состојба, ај ако не да напрајме Охрид една работна акција и да го асфалтираме, бог да чува.
Сумљам дека возиш приватно повеќе од мене, ама не е то ни тема на муабет.
Автоматски споено мислење:

То е, инатот е голем, само да го оправдаш твоето мислење по секоја цена. Патот не е во надлежност на НП Галичица, охриѓани се криви.
Дан сакате и солена вода да ви го напрајме езерото? :D
 
Јас сум инат? Па вие се убивте од бранење на МИЗЕРЕН пат.
Прво не сме знаеле да возиме, па после дека други патишта низ државава биле исти, а сега кој бил надлежен.
Темата е за Охрид, а патот не е во Крива Паланка, Радовиш или Тетово.

Факт е дека патот е очаен и срамота е за туризмот таков пат да постои во Охрид/блиску до Охрид.
Факт е дека се плаќа за влез 100 и кусур денари, мене не ми е гајле кој треба да си го среди патот.
Факт е дека не знаеме кај се трошат тие пари што НИЕ ги даваме и кое е тоа „одржување на националниот парк“
 
Тоа е, таквo си е македончето, најголемиот гомносерец на планетава. Ти му објасвиш убо како е работата со патот, ги спомвиш другите патишта за да сватиш дека цела држава е таква тој ти кажвит мене ми е гајле чива надлежност е, средето го.
Ние сме го бранеле патот бе:pos:
За инает не го асфалтираме! Да си цвичите!
Автоматски споено мислење:

Немој вакви фејк њуз :P
 
Последно уредено од модератор:
Абе најдовте, па зајдовте годинава заради добро позната причина, па сега вакви арогантни муабети - гомносерец, ак не ви чинит не идајте и слично.

Мизерија. Се гледа дека си заслужувате само средовечни Холанѓани од ниска класа во секоја нормална летна сезона.
 
Ама како така зборите за лулката на туризмот и угостителството? Ам шо не си носите асфалт со вас ко у грчка кога одите?
 
Абе најдовте, па зајдовте годинава заради добро позната причина, па сега вакви арогантни муабети - гомносерец, ак не ви чинит не идајте и слично.

Мизерија. Се гледа дека си заслужувате само средовечни Холанѓани од ниска класа во секоја нормална летна сезона.
10 000 такви Холанѓани одма ги менвам за 100 000 ваучер-туристи со подвижни кујни и маркети.
 
Абе најдовте, па зајдовте годинава заради добро позната причина, па сега вакви арогантни муабети - гомносерец, ак не ви чинит не идајте и слично.

Мизерија. Се гледа дека си заслужувате само средовечни Холанѓани од ниска класа во секоја нормална летна сезона.

Не знам што се нервираш и на кого објаснуваш, гледаш дека најгн'с народ има во Охрид. Прво тие не го заслужуваат градот па после ние останатите.
 
Дека е се розево, не е.
Дека е се како што треба, не е.
Дека има многу што да се направи, има.
Дека има маани, има.
Но, дека е најубав, е НАЈУБАВ:love:
 
Абе најдовте, па зајдовте годинава заради добро позната причина, па сега вакви арогантни муабети - гомносерец, ак не ви чинит не идајте и слично.

Мизерија. Се гледа дека си заслужувате само средовечни Холанѓани од ниска класа во секоја нормална летна сезона.

Најдовме па зајдовме? Прашај кој било Охриѓанец, сите ќе ти потврдет дека оваа беше најслаба туристичка сезона. Гужвата не значи по автоматизам профит.

Влезот во сите три национални паркови треба да почне да се наплаќа согласно закон донесен во 2013 година, да го цитирам :

"Со одлука на Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе се наплаќа надоместок за влез во тритие национални паркови во земјава, Галичица, Маврово и Пелистер.
Како што истакна ресорниот министер на денешната прес-конференција, Владата ги потврдила заложбите на националните паркови за поголемо вреднување на природните богатства на Република Македонија и со тоа обезбедување средства за уште поголема нивна заштита.
Се надевам дека надоместоците нема да се разберат како пречка во остварувањето на правото на посета на националните паркови, туку како личен придонес во заштита на природното богатство во РМ. Одговорното однесување при престојот и понатаму ќе биде основно правило за влез во паркот.“ – изјави Адеми

Според Адеми, донесените одлуки се во согласност со позитивните законски прописи, односно точно ги дефинираат формите и категориите на надоместоците кои ќе треба да се плаќаат при влез во националниот парк, за престојување или за паркирање на возилата и за искористување на плодовите од шумите во националните паркови.

Согласно одлуките, од плаќање на надоместоци се ослободени лицата кои имаат живеалишта на подрачјето на НП."

И не знам кој е проблемот во дискусијата кога одржавањето на патиштата низ кој било национален парк не е под надлежност на националниот парк, туку под Македонија пат.
Е сега друг проблем е шо охридските пратеници се задремани во Собрание и не им текнало досега да поднесет иницијатива за обнова на патот до Св.Наум и до Галичица.
 
А што значи гужвата? Непрофит, загуба?
Со сет памет ме убедуваш дека оваа била НАЈСЛАБА туристичка сезона?
Сериозна си?

Страшна работа ццц
 
@STEALTH беше во право е а допрва доаѓа најлошото...
Што видовме гужва ние пола месец само... За разлика од минатите години во охрид гужва односно странски туристи имаше од април крајот до октомври.. Сега само август што имаше... е сега ти види дали е исто... Не заборавај како што реков не барај странци до крајов на годинава барем...
И да се навратам туристиве односно домашниве кои некој за прв пат идаа охрид беа скоро цел ден на плажа... значи гужвата беше од 9 до кај 11 и пол часот навечер од кои половината пешачеа по кеј...
 
Луѓе од други градој го убедват охриѓанецот дека оваја не е најслабата сезона во градот :pos:
Слика и прилика е форумов на македонецот и неговото инаетење.
Оние по фб шо коментирет лајна да јадат со 2 раце.
 
Јас сега ќе кажам една вистинита случка, самите оформете мислење каков тип туристи имаше сезонава Охрид. Охриѓани сигурно знаат, останатите кој како милува.
На почеток на август граничен премин Ќафасан. Топло време, се чека до 2 часа за излез од МК. На гранична контрола доаѓа двојка во средни години кои биле на одмор во Охрид и му викаат на полицаецот "Добар ден, абе многу гужва се изначекавме, кога сте ја сменале патаринава, ние пред 10 дена доаѓавме не беше вака". Полицаецот им рекол извинете која патарина, на граничен премин сте, ве молам лични карти и возачка.
Мислеле дека се на патарина Гостивар.
Гостивар.
Гостивар.

Screenshot_2.png

Арно напрајле муабет, ќе влезеле до Албанија можда ако не спомнеле нишо. И 30 денари на полицаецот бакшиш ќе му даеле.
 
Прегледај го приврзокот 264867

Арно напрајле муабет, ќе влезеле до Албанија можда ако не спомнеле нишо. И 30 денари на полицаецот бакшиш ќе му даеле.
Јас не се сметам за таков турист.

Исто ќе кажам јас една случка, од центарот, кај што продаваа Вафли, девојката/жената што продаваше ги зема парите од шанкот/штандот, го забриша целиот шанк со рака, ја подзема вафлата од колешката, си ја намести убаво во шарената кутија, и ги праша муштериите што сакаат како топинг. Јас фатив широк лак на лево и не се вратив веќе на тие штандови. И на други 2 штанда наплаќаа и служеа храна исти лица. Се ова дополнително во ек на пандемија.
Оставам на вас да оформите мислење каква услуга добивате во Охрид.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom