Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
:pos: X фактер бе :D Ако убо памтам беше онде кај астра казиноно десно и се одеше по скали надолу, така?
 
Tелеграф бе:pos:
 
Папараци....папараци евриуер
 
Чек да дојт онаму почеток на мај, е тогаш како ќе заживејт ко ќе почнет наслови од типот:
- 400 денари за макијато и 250 за паркинг во Охрид
- Се појави нафтена дамка во Охридско Езеро
- Му пресекле рака на паркинг оти се жалел на цените
- 800 бесни Охриѓани масакрирале беспомошен Србин
- Барал смештај, го сместиле во фрижидер
- Скопјанка се породила во Охрид, докторите ја присилиле детето да се вика Климе
- Чудовиштето од Лок Нес видено во Охридско Езеро.
Општината со изјава: Во време на Петрески имаше само ајкули!

:kezec:
- Им сервираа шопска салата без сирење, зш немале ренде- Шокантно
- Таксист им побара 100 денари само за неколку километри - Шокантно
- Во Италија во село близу Венеција поефтино кафето од Охрид - Шокантно
- Забележан е глушец со димензии на коњ во центарот на Охрид -фото
o-RAT-570.jpg

- Минатиот викенд со авион прскале против скопјани, и фрлале летки со навредлива содржина - +18
- За да се спаси Охрид, владата одново го разгледува предлог-проектот за градење аеродром во езерото - прочитај повеќе
 
Кај шо чепнаЈа, расипаЈа!Почивај во мир, Љубаништа :popce:

Владата донесе одлука за основање Туристичка развојна зона „Љубаништа 1“
Вести | Охрид | 20.04.2015 19:20
Посети : 372
Владата донесе одлука за основање Туристичка развојна зона „Љубаништа 1“ на брегот на Охридското Езеро, во близина на манастирскиот комплекс „Свети Наум“, со што се отвара патот за реализација на туристичкиот комплекс Љубаништа, пишува „Дневник“. Според првичните најави во туристичкиот комплекс треба да има елитен хотел, луксузни вили, голф терен и марина.
http://www.ohridnews.com/vesti/82958

идниот инвеститор во туристичко развојната зона во Љубаништа ќе биде ослободен од плаќање на персонален данок на доход по основа на плати на вработените лица за период од 10 години, од кога ќе почне да функционира зоната. Покрај тоа во периодот од издавање на дозволата за градење се до издавање на одобрението за употреба, инвеститорот ќе биде осободен од плаќање на ДДВ за градежни материјали, а и од царина за увоз на градежни материјали.

Се е елитно, само ние ќе останиме тешка мизерија.Болни мозоци!
 
Голф терен? Кој че играт бе [emoji14]os:
 
Даби ровја ги откорнала та на милета, та на зокија та на груја! Амин!
 
Добро јас не знам шо сме ние Охриѓаниве олку инертни? Ќе граделе елитен комплекс Љубаништа, Горица, Лагадин....загреота ние шо не сме елита кај ќе мојме да ојме на плажа?
Во време кога цел свет барат нешто чисто и нечепнато од чоечка рака некој земал марини ќе ми градит или не знам шо. АМа не знајме шо имаме, аку.
 
^ Непаре све друго е под конец ко шо требит:pos: Тије неможат накрај да излезат и да ги решат постоечките проблеми :facepalm:
 
Иначе викендов бев во еден Ирски паб и таму имаа пуштено фудбал на Англиска телевизија, и на рекламите пуштија едно ново Македонија Вечна видео за Охрид што никад го немав видено, и никако да го најдам на youtube. Знам дека имаше веќе една реклама за Охрид, ама оваа беше сосема нова, со еден дечко и една Азијатка како го поминуваат местото и има и дел на изворот на Црни Дрим снимен.. И еве сеа се обидувам на youtube да го најдам ама ништо. Има некој линк од него (или знае барем некој од вас за кое видео зборам)? Незнам од кај излезе и зошто го нема да се најде...

Сега исто и тука http://macedonia-timeless.com/videos пребарав ама ништо од видеото што го видов на ТВ, не ми е јасно :confused:
 
Последно уредено:
Загреота чоекон шоуба кариера можеше да си имат :angel:

OhridTimes: Бакрачески исвиркан на плоштадот во Охрид
прочитано 7,435 пати 22-04-2015 21:16:54



Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески кој денеска присуствуваше на обележувањето на Денот на планетата Земја на градскиот плоштад наиде на негодување кај присутните. Во моментот кога тој пристигна на градскиот плоштад и откако беше најавен да ги поздрави присутните, се слушнаа свирежи и негодувања заради неговото присуство, пишува OhridTimes.

Откако заврши со својот говор на обраќањето по повод Денот на планетата Земја, повторно на градскиот плоштад се слушаа свирежи. OhridTimes не успеа да дознае која беше причината за негодувањето на граѓаните за присуството на градоначалникот Бакрачески. Дали поради намерата да се урбанизира просторот околу блатото или поради целокупното негово работење, пишува порталот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom