Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Како шо рече Емка, колку пари толку музика.Ама никогаш не било побетер.Бројките шо ни ги сервирет не ги ставаме во предвид зш немет врска.


Сашо Лескароски од Охрид преминува во штипска Баргала !?

Спорт | Охрид | 18.11.2014 00:48Посети : 117

Немањето слух и оптимални услови за тренинг во родниот град, (ќе) го примора спортистот за 2012 година во Охрид, Сашо Лескароски, да си ја проба среќата во друга средина.

sale_zlaten_gong.jpg

На адресата од Лескароски по завршувањето на „Златниот гонг“ пристигна понуда од тренерот и воедно селекторот на македонската репрезентација, Петар Чурлинов, за трансфер во штипска Баргала.

Од клубот, ако премине во нивните редови на Лескароски му нудат сигурно учество на Светското и Европското првенство што ќе се одржат следната година, нешто што неможеше ни да го замисли во охридскиот клуб.

До сега Лескароски беше дел од македонската селекција, но ниту еднаш не настапи на едно такво големо натпреварување.
Беше на чекор од настап на ЕП во Москва, но финансиите одиграа главна улога и пропадна шансата за европската презентација на Лескароски.


Првиот човек на Штип, кој е голем вљубеник во боксот, сите членови во клубот ги мотивира со премии што исто така ги нема во охридските редови.
За сериозноста и амбициите на штипскиот боксерски клуб говори фактот дека тие се главни спонзори на националниот шампионат.

Мх.П.
© 2014 Ohridnews.com
 
Веќе видено, немат слух охридксата власт за спорт, ни оваа, ни предходната. Важно им е само да изнапрает згради, да лапнет по некое станче, за друго ги болит ку*от.
 
Наводно од Канада бил ликот :pos::pos:
Сега сестра и ќе морат да ја превземит цела работа , за да не пропаднит бизнисот :LOL:
А мајка им ја видов на саемот за вработување во салана, страв ми беше да прашам дан имет фирма за дупење регистрирано.
 
Не знам љуѓево Охрид ко да немет култура за излегвење, за забави, за социјален живот...
колку само охриѓани не одат во кафана чудо едно.

među onim ljudima koji su vezani i sputani sitnim obzirima, koji robuju zastarelim tradicijama i čije je sve biće sazdano iz malodušnosti. ..... U toj maloj sredini nema bura, ..... Ona živi u svojim sobama, ulica je za nju strani svet, inostranstvo​

- Nusic Branislav. Можеби ги имал на ум и Охрид, и Скопје и Битола каде своевремено и живеел.
 
Веќе видено, немат слух охридксата власт за спорт, ни оваа, ни предходната. Важно им е само да изнапрает згради, да лапнет по некое станче, за друго ги болит ку*от.

Уш една потврда...само не знам шо им фалит на двата плоштади?И пази не едниот, двата.Мизерии едни, струја немет да платат, плоштадине ќе ги преправале :facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:

Распишан конкурс за идејно уредување на двата главни плоштади во Охрид
Објавено на: November 19, 2014во: Охрид

Општина Охрид распиша конкурс за избор на идејно архитектонско решение за партерно и хротикултурно уредување на плоштадот „Крушевска Република“ кај Стариот Чинар, како и на главниот плоштад „Свети Климент Охридски“.


322.jpg


Според одредбите конкурсот ќе биде отворен до 22-ри идниот месец, а заинтересираните своите идејни решенија можат да ги достават по пошта или лично со поднесување во архивата на општина Охрид.

Како што се наведува во конкурсот, уредувањето на двата плоштади треба да придонесе за создавање на плоштади со амбиентален стил што ќе овозможи поефикасна организација на манифестации и уживање во прошетките на граѓаните и туристите. Потребата од уредување е показател за степенот на развој на урбаната култура на населениот, но исто така и потреба од надополнување на содржините кои ќе создадат убави, модерни катчиња и понуда која во текот на целата година ќе ги привлекува домашните и странските посетители.
:facepalm::facepalm::facepalm:
 
А шо не му чинит на постоечкиов за да го менва за друг плошчад?
Палестинска Република?
 
Абе сега и вие, се ни е средено во градот, уште плоштадите останаа. Морат негде буџетот да се потрошит или да се исперит. :tapp:
 
Ако веќе нешто прават,тогаш под итно да се збрани било какво паркирање на автомобили да биде све пешачка зона
 
Не, ако веќе нешто прават, то ќе да е да сфатат дека парковите не носат пари.
Како бе, слепи ли се, ќори ли се дека последниве две години Охрид пропадна во секоја смисла на зборот? И уште згора на се, им текна сите трафики ги креваат, паркови ќе правеле. Па можеби повеќе од 30% од луѓето шо имаа мали бизниси им беа на монтажни објекти.
Све затворија, ни ебаа матер, па сега уште парк и плоштад ќе ни прават и онака цел Охрид џаболебари, барем сега да џаболебари пред убави градби.
Ама ќе си чекаме и ние некоја инвестиција да не вработат цел град за 8000 ден, едвај чекам Латас да ме пофали:rolleyes:

И топ ударна вест по сите медиуми http://www.ohridnews.com/vesti/77369
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom