Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Охригани, ми треба резултатот од фудбалска утакмица одиграна на 01-10 (минатата сабота) помеѓу Охрид 2004 - 11 Октомври.
 
Охригани, ми треба резултатот од фудбалска утакмица одиграна на 01-10 (минатата сабота) помеѓу Охрид 2004 - 11 Октомври.

Јас не сум од Охрид ама ќе ти одговорам.:)
Ако мислиме на истата утакмица, одиграна вчера, во недела, на 02.10, резултатот бил 1:1.
http://mk.soccerfame.com/match/250946/ohrid-/-oktomvri
Ако мислиш на друга утакмица, игнорирај го одговорот.
 
Јас не сум од Охрид ама ќе ти одговорам.:)
Ако мислиме на истата утакмица, одиграна вчера, во недела, на 02.10, резултатот бил 1:1.
http://mk.soccerfame.com/match/250946/ohrid-/-oktomvri
Ако мислиш на друга утакмица, игнорирај го одговорот.
Таа ќе е, мислев дека е одиграна во сабота. :rolleyes:
Толку се разбирам во фудбал. :pos:
 
Ај да се собериме денојве фудбал да поиграме...:D
да ве решам дур сум во форма:pos:
 
Наздравје нека ни е.Работава е молете се да не се разболите.И за Струга ко ќе ги носет болнине со Брза Помош ,нека ги носат по старион пат од кај Далјан...Чисто онака да стекнат имунитет...
Реконструкцијата на охридската општа болница под ревизорска лупа
icon_at_textsize.gif


bolnicavn.jpg
Реконструкцијата на старото крило во охридската општа болница, која од неодамна е запрена по налог на Министерството за здравство, е предмет на ревизија дознава OhridNews. Причина за отпочнатата ревизија како што информираат од Министерството е да се согледа целокупната состојба и да се утврди одговорноста за направените пропусти.

По налог на Министерството за здравство градежните работи во охридската болница се привремено запрени од причина што во тек е ревизија на целокупната документација која се однесува на реконструкцијата на оваа болница, со цел објективно да се согледа реалната ситуација и точно лоцирање дали и каде е направен превид при реконструирањето на овој здравствен објект, по што ќе следуваат повеќе детали.

Во меѓувреме, очекуваме предлог решение од проектантот на проектот, кој ќе ги сноси направените трошоците од евентуалното пролонгирање на реконструктивниот зафат.

Напоменуваме дека Министерството за здравство нема да толерира вакви пропусти во проектот или во изведувањето на градежните работи и ќе бидат преземени мерки во согласност со одредбите од договорот.“ -стои во информацијата на министерството испратена до нашата редакција.

Како што веќе информиравме, градежните работи на објектот во кој некогаш беа сместени одделенијата за хирургија, урологија, гинекологија и уво, грло и нос, од пред две недели се стопирани поради воочени отстапувања во висината на објектот.

За реконструкција на охридската болница Министерството за здравство распиша меѓународен тендер, кој го доби бугарската компанија „ГБС“ од Благоевград, а работите ги изведува скопската градежна фирма „ДОТ Архитекти“, по проект на „Иванов инженеринг“ од Битола, кој воедно го врши и надзорот. Реконструкцијата на старото болничко крило, која отпочна минатиот октомври, беше предвидено да заврши за 16 месеци, но повеќе од јасно е дека градежните работи ќе бидат пролонгирани на подолг рок.

Од охридската општа болница очекуваат недоразбирањата брзо да бидат надминати и реконструкцијата на старото крило да продолжи и заврши во најбрз можен рок. Дотогаш, уверуваат оттаму, граѓаните ќе бидат опслужувани во привремените амбуланти, а итните случаи, операциите и породувањата и натаму ќе се вршат во болницата во Струга.


Тања Кувенџиска
Горан Момироски


10.10.2011 08:00​

Прочитана е : 1099 пати​




© 2011 Ohridnews.com
 
Во багажник седит за да ја држит таблицата или што е не сваќам? Што не ќе видиш хахахахха..
 

Вторник, 25 Октомври 2011 16:38
Сподели
101
Споделете ја веста со Вашите пријатели
Атрактивни локации на Охридското Езеро се дел од најновниот спот на американскиот пејач Џеф Марино или уметнички попознат како „Qpid“ што тој го сними за песната „Turn it up“.

oh-spot500.jpg

„Qpid“ материјалот за видео-спотот бeшe снимeн за време на неговиот неодамнешен престој во Охрид, на почетокот на минатиот месец.
„Turn it up“ е вториот сингл на познатиот американски хипхип изведувач, кој како пејач се прослави со неговиот светски хит „Under the radar“. Има настапувано со светски познати музички имиња како 50 cent, Alisia Keys, Euteria, а кај нас е попознат и како победник на годинешното издание на фестивалот „Сунчане скале“.

Првпат слушам за братов како пејач (или рапер како шо го нарекоа на видеото од Македонија 24) ама it's good to spread the word.
 
26.10.2011, 10:59
DEF606D9A0F91D4B9D30BA2498FD95C6.jpg
Дамјан Пејчиноски ексклузивец на „Пол Рид Смит“

Охридскиот џез-гитарист Дамјан Пејчиноски стана ексклузивец на светски познатата компанија „Пол Рид Смит – ПРС“.
Оваа куќа соработува со светски прославените гитаристи како Карлос Сантана, Ал Ди Меола, Дејвид Грисом, Дејв Наваро и многу други.

Како подарок од новиот спонзор Пејчиноски доби специјално изработена гитара, инструмент посебно направен за да го истакне неговиот особен музички израз.

Пејчиноски појасни дека гитарата на ПРС има 13 комбинации, што дозволува приспособување на инструментот за изведување дела од најразлични музички стилови.

- Токму тоа е она што ми треба. Моделот е патентиран со посебен ПРС-систем, со одлични карактеристики, вели Пејчиноски, кој инаку е единствен ексклузивец на „ПРС“ од Балканот.

Охридскиот виртуоз на гитара, кој е добитник на бројни светски музички признанија и има настапувано на најелитните светски џез и блуз клубови, од пред една седмица потпиша договори за спонзорство и со компаниите „АРТЕЦ“ и „Реунион Блуес“.
 
Од колумнана на Џими :
...''Тук ова скопјанишчава ми беше зборот. По по по среќни. Морееее как се радвет сега. Ко мајка на кафеава какачка, ко дедо на вијагра, ко баба на дедо накљукан со вијагра се радвет сега пустински тие со новион кружен тек. Или полукружен? Незнам како е правилно. Уствари овај полукружен или кружен скупски тек не е баш полукружен или кружен. Шо би се рекло “тази дупка не е дупка“. Или тази круг е јајце. Да бе. А која дупка шо е скупска е дупка??? Дупчиште.

Е овај кружен тек им е јајцест кружен тек. Или пак баклавест кружен тек. Как да е. Прерадвени се бре луѓето. Дан заборам овај јајцест тек, кружен, е дело на коцкана. Коце. Алал да му е...ги прерадва скопјанишчава. Од шо се среќни нон стоп го давет на телевизија. Ваков јајцест кружен тек немало од Словенија довде. Коце рече така. И овие му писнаа нон стоп на ТВ. Порано ак ти теквит нон стоп даваја, пред и после секоја емисија, “Падините на тара“. Е сега ојт теков.
И едно шо ме изнади. Едно време пред и по епп го даваа Охридско Езеро. Сега теков. Да бе. Ете. Скопјани немет езеро, сега си го имет најубајот, од Словенија до овде, јајцевидниот кружен тек. И ни го баталија сега езерото. Арно ама јас да сум на нивно не би играл баш така. Како зш? Ам ај да ги видам де налето кај ќе се мочет??? Во текот??? Како? Абе ај како им е погодено со езерово наше....во него мочај, тотоли се , буфтај.. пример...Како ам. Зато јас би рекол да не се посервет од радвење со теков зш не ќе имат кај да се мочет.

Е сега. Рака на нога губиме и ние. Ако не друго ќе сме посиромашни на лето без нив. Зш не оти мојш да најш друг народ да ги репаш по кафаниве. Не ќе ги репаш делчевчани, радовишани....виничани. Как да ги репаш нив ко отепани се. Скинати. Овие бре скопјанишчава какви такви, појќе такви од вакви, вошкосани се од пари. И плус ќе ни останит и ќе го фрламе в ѓубре скапаноно месо шо им го акаме во ќебапи, ак не ни идет''...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom