Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
леле еј споредбава. Ханиоти со Охрид. Во никој случај не ја оправдувам цената на гирото и секако е висока, ама едно грчко селце покрај море да споредите со историски град како Охрид е стварно смешно. Истата песна секоја година.

Едно селце каде што цел свет оди да кенја таму и историскиот Охрид каде ако не е Чичо Грујо ептен ќе имаше Странски туристи стварно не е за споредување. И сам напиша едно зборче "море".
Да доаѓаат се повеќе и повеќе Туристи макар и странски у Охрид убаво е.
Ме интересира Охриѓани кај одат на летен одмор. Прашувам пошто незнам а нормално како секој идат некаде.
 
Здраво охриѓани.

Препорачајте ми едно-две места за ручек (скара претпочитам) со добра храна и нормални цени за луѓе со просечна македонска плата, кај шо одат нормални гости.

Пожелно е покрај името на ресторанот и мал опис за локацијата.
 
Ресторан Панорама, на влезот на Охрид од страната на Битола од десна страна одма до средното училиште ЕМУЦ, ресторан Гурман спорти Отекс, на булевар Железничка и ако нешто сакаш во центар ресторан Европа кај поранешниот полигон на мали спортови.
 
Последно уредено од модератор:
Ресторан Панорама, на влезот на Охрид од страната на Битола од десна страна одма до средното училиште ЕМУЦ, ресторан Гурман спорти Отекс, на булевар Железничка и ако нешто сакаш во центар ресторан Европа кај поранешниот полигон на мали спортови.

Фала друже,

планирам да пробам дел од овие во месец август.
 
леле еј споредбава. Ханиоти со Охрид. Во никој случај не ја оправдувам цената на гирото и секако е висока, ама едно грчко селце покрај море да споредите со историски град како Охрид е стварно смешно. Истата песна секоја година.

аман со таа историјата и свети николе има историја па кафето е 2-30 денари :tapp: кај да копниш на наша територија ќе најдиш артефакт некој историски

а и не одам на плажа да плаќам лежалка и кафе 200 денари затоа што имало ИСТОРИЈА

жалосно но вистинито - туристичката сезона во охрид замина во ИСТОРИЈА заради врска немање од туристичка понуда и угостителство,охрид веќе е претворен во обично село така да ќе треба да си ги исправите и цените за услугите да би привлекле одново туристи затоа што навистина го допревте дното
 
Едно селце каде што цел свет оди да кенја таму и историскиот Охрид каде ако не е Чичо Грујо ептен ќе имаше Странски туристи стварно не е за споредување. И сам напиша едно зборче "море".
Да доаѓаат се повеќе и повеќе Туристи макар и странски у Охрид убаво е.
Ме интересира Охриѓани кај одат на летен одмор. Прашувам пошто незнам а нормално како секој идат некаде.
скапо е бе другар , јас да не бев од Охрид никогаш немаше да стапнам овде и да трошам пари... цениве се мадафака... тоа е , скоро да пропадна туризмот
 
Споредбава со гирово е исто ко да споредвиш цена на ѓомлезе во охрид и во грција....

Sent from my ZTE V807 using Tapatalk
 
^
Кога Господ го создавал светот направил многу убавини, но до него постојано бил ѓаволот кој го молел да му дозволи барем нешто и тој да направи. Господ не сакал ни да слушне, кај се давало на ѓавол да прави господови работи? Но, упорниот ѓавол постојано му досадувал и кога Господ се изморил, му рекол:
- Јас ќе дремнам малку и ќе ти дадам можност да го уредиш ова мало парче земја.
Се сместил Господ под едно дрво, а ѓаволот веднаш се зафатил со работа. Направил езеро со најбистра вода, високи планини со најразлични растенија, градел куќи, цркви и манастири и кога завршил, горд на убавината што ја создал го разбудил Господ да види.
И навистина прекрасно, Господ си ги протрил очите, не му се верувало дека ѓаволот може да создаде таква убавина.
- Браво, - викнал воодушевено, - ОХРИД, навистина убаво си го направил, сум згрешил што сум немал доверба во тебе. Ама како е можно ова ти да го направиш? Кажи, што не гледам? Што е ѓаволската работа во ова?
- Хихихихихихихи, - почнал да се смее ѓаволот, - убаво е, сè е убаво, ама чекај да видиш шо луѓе сум ти стаил таму...
 
Фала друже,

планирам да пробам дел од овие во месец август.
И Македонска куќа, на самата плажа Славија, прилепска скара е истата ја има и во Скопје. Избегнувајте ги рестораните: Белведере( Кај Четакар), Чун(на самиот брег), Момир, хотел Тино, ресторан Острово(св. Наум) - истиве држат највисоки цени во Охрид.
 
Мислење за Лагадин ако може некој да ми даде, планираме почетокот на август да одиме на одмор и сега за сега тоа ни е едно од приоритетните места ?

Не само Лагадин и некое друго место предложете што е ван градот али и да не е предалеку зошто сепак навечер ќе одиме во градот, градските плажи, околината...каде што ќе има забави.
 
немојте надвор од градот ако планирате да одите навечер во Охрид, че ве изгорат таксистите.

Најдобро е да си најдите сместување во градот, ама кај стадионо Биљанини извори, ем близку ќе бидите до плаживе Куба Либре, Парк за пешки да одите, ем ќе бидите во градот, ем евтино е сместувањето таму, па парите че ги трошите во пијанчење и забави. Добри забави имаше досеа навечер во Куба Либре, посебно дека беше сето странци-Холанѓани, па нон стоп имаше транс или хаус забави до 4 -5 сатот сабалје. Ако сте за рок во jazz-blues club имаш секоја вечер свирки од 12 до 4.
 
Да ама нема да бидеме секоја вечер во градот 5/10 вечери ќе бидеме вака грубо кажано. Плус сакаме сабајле кога ќе станеме плажата да ни биде одма, а не да патуваме со комбиња до плажите.
Но, ова не ти е лош предлог ако е блиску до плажите пешки. Од прилика колку одење ќе има 15-20 минути ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom