Јас сум бил мноооогу подалеку од балканот, па да ти одговорам
За Београд не е точно, имаш компании како на пример Pink кои возат 24/7 и со нив се возам секогаш кога сум таму, професионални максимално и цените им се нормални...а диви има во секој град/село ама 2 мин research на интернет и ќе најдеш регуларна компанија.
Бонус инфо - јавниот превоз во Београд е бесплатен и имаш линии 24/7
Друже, поприлично имам прошетано по светов, проблемот со Охрид е во тоа што самите луѓе кои таму се занимаваат со "туризам" немаат основни познавања од оваа гранка и живеат во свет во кој на оваа планета постои само Охрид и немаат никаква конкуренција.
Градот нема никаква патна инфраструктура, превозот од точка А до точка Б е сведено на криминал 90%, дури и со свој авотомобил да пристигнеш во Охрид се соочуваш со проблеми, сум патувал од градиште до Охрид два саата...

За секој турист а посебно за странските туристи овој фактор ПРЕВОЗ е од фундаментално значење за кој за жал Охрид го нема..
И на ова кога ќе надоврзеш луди цени на приватен смештај а над твојот спрат спие домаќинот и под-просечни плажи во споредба со конкуренцијата и ред други проблемчиња, НО затоа цените на услугите се рамо до рамо со конкуренцијата.
Е тоа е проблемот, што они тоа што го нудат не соодветствува со цените кои ги имаат, тоа е најголемиот проблем што Охрид е критикуван толку многу..
Летово јадев каламари порција во Охрид која ме чинеше 850 денари (да не го именувам ресторанот, во стариот дел на градот е покрај езеро) каде што келнери беа деца од по 18 години и тотално не професионално си ја вршеа работата додека истите тие каламари на Сицилија во Таормина ме чинеа 16 евра (960 денари), каде што добивме и гратис кафе затоа што место coca cola zero ми донесоа обична cola

Таормина е град кој годишно во просек има 1.5 милион туристи и се функционира перфектно(како и сите други места во Италија) со оглед на тоа што градот е на рид и една од опциите е со жичара да се качиш, исто така од Катаниа до Таормина патував помалку од саат (55–60km) а од Градиште до Охрид има 20-25 км
Секој што се занимава со туризам во Охрид треба да стави прст на чело и да се запраша дали цените им се во соодност на тоа што го нудат, затоа што со тие цени имаат конкуренција која е светлосни години пред нив на секој поглед.