Oversexed?!

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Судејќи по насловот најверојатно би се запрашале зошто е темава во философија и психологија, а не во љубов и секс.
Проблемот со локацијата на темава можеби потекнува и од самиот проблем со поимот.
Oversexed... Да ги заборавиме модерните потреби за секс секој втор ден и да ги тргнеме на страна глупавите предрасуди кој кога треба прв пат да има односи и да го погледнеме проблемот од една психолошка страна.
Дали оваа прекумерна потреба за секс, поточно ова прекумерно користење на фразата Ми треба секс, означува ништо повеќе од неспособност и страв за формирање на подлабоки врски, или пак е ништо повеќе од само пополнување на слободно време?
Колку човекот е спремен да се посвети на врската? Дали ова има поврзаност со способноста на човекот да донесува важни улоги во животот?

п.с. Би ве замолил темава да ја гледате како еден психолошки, а не како љубовен проблем.:smir:
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Одлична тема
Мислам дека проблемот е во тоа што никој не сака сериозни обврски денес како што опиша многу луѓе сериозната врска - моногамна по правило ја доживуваат на екстремен начин, како гушење на пр. наместо како приврзување и сакање на една личност,делење на убавите и лошите моменти многу мажи се тука само додека делат убави моменти со жената, кога ќе наидат на проблеми мажите се тие кои што први бегаат од проблемите и ги решаваат на тој начин, со бегање од лошите вибрации и проблемот на женската или не сакаат обврски како што заклучи и сам секојдневното гледање во врската е сепак одвојување на време оди на тоа да ги додадеме и секојдневните обврски како работа итн. сепак е заморно особено ако си во врска со посесивна напната личност што напиња на секојдневно гледање и нема разбирање, некој врската ја доживуваат како терет и гушење ........
Што се однесува до сексот тој е потреба и секој сака да има редовен секс бидејќи сексот опушта и дава мотивација и волја за живот, но сепак тоа што не сакаат редовна врска а редовен секс сакаат малце се контрадиктува така што на крај остануваат или без едното или без другото.

Денешново модерно темпо на живот си го стори своето, брзата храна, брзиот секс, итн. сите сакаат сите потреби да ги задоволат без да се мачат без труд и мака без напор да вложуваат и повеќето се мрзливи и себични така што за да јадеш треба да си напраиш јадење нели, за тоа е потребно време и да вложиш труд а за сериозна врска која вклучува сериозен редовен секс исто така треба напор и труд ништи не паѓа од небо и ништо не е туку така гратис така што ете на кратко тоа имав да кажам у врска со темичкава:salut:
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Можеби јас малку и социолошки.... :)
Сексот повеке не е од љубов, сексот станува навика кај некого толку честа и опсесивна , значајна , неминовна, според него ги формулира денешниот човек своите размислувања кон жените гледајки ги само како објект за исполнување на одредена потреба. За еден духовно не поткован човек ( а такви ги има многу денеска ) интернетот му нуди можност да ги запознае најкрајните перверзни состојби на човековата паднатост, блудот.. тешко дека некој ке може да разликува нормален и природен секс од нешто настрано и изопачено затоа што сето тоа е доведено на едно исто ниво на нормала. Па така денешните момчиња ке си постават високи цели за Playboy типки кои ке ги задоволат нивните сексуални фантазии истовремено заборавајки го најбитниот факт што спојува две тела , две души, две спротивности ...љубовта. ...Насекаде слушаме живеј брзо , брзи коли , брза храна, брз секс , Брз начин на живот .. никој никогаш од модерниот свет нема да ти ја покаже убавината кога моментите бавно минуваат и ти се чинат како вечност зошто тогаш е присутен духот, разумот и промисленоста.. Се доведоа до формализам сексот е формализам , љубовта ни ја изобличија и ни ја прикажаа како минливо формално чуство кое е наменето за слабаци, со современи тенденции дека никогаш и во никој случај не треба да бидеме робови на ниедно чуство иако е свето и чисто и ја заслужува најголемата наша жртва. Ни пакуваат форми на секс, на водење љубов, начин на живот се е прирачник и книга , се е формула.. Доколку човекот не почне да ја бара вистината која ке му го даде одговорот на сите прашања и не завземе индивидуален став кон општеството но и кон сопствениот живот му прети опасност свесно да се изгуби во духот на времето кој не е секогаш на вистинскиот пат...
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
На каква потреба за секс мислиш?
Во смисол, која би требало да биде фреквентноста за да ја сметаме за претерана?
И дали тоа подрзабира секс при кој постојано се менауваат партнери?
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Па, ако потребата за секс е психолошка, тогаш може да се разгледува темава и психолошки... Инаку и самата љубов е психолошка состојба, така да нема штета така да и` се пристапи...

Се вели дека сè што е прекумерно е нездраво. Веднаш се поставува прашањето: колку е прекумерно? Некој можеби сака повеќе, некој помалку. Нема генерализации...

Но, ако некој сака да има секс нон-стоп, без престан, со кого стаса, тој најверојатно има некаква патолошка состојба. Зашто, мое мислење е дека сексот без љубов е во најмала рака силување и дека човек не треба да практикува таков секс кога веќе ќе се осознае себеси, т.е. откога ќе ги помине оние „младешки“ години, кога се открива себеси. Homo Sapiens го има тој недостаток да не си е доволен сам на себе и дека мора да има интеракција со други за да се осознае себе, но оној момент кога ќе стаса во т.е. „центрирана“ положба на духот, кога ќе знае на што е, тогаш е спремен да го направи вистинскиот избор за она што сака да прави во животот и на што сака да се посвети.

Ако во *тој* момент човекот одлучи дека сака да има само секс, што повеќе, тогаш веројатно е дека сексот му недостасувал порано, па се труди да надополни. Во секој случај сметам дека таквата состојба е привремена и ако претерано долго трае се работи за некои подлабоки психички проблеми кај тој човек.

Значи - претераната потреба од секс е само симптом на нето подлабоко и со таков човек треба да се работи индивидуално.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
На каква потреба за секс мислиш?
Во смисол, која би требало да биде фреквентноста за да ја сметаме за претерана?
И дали тоа подрзабира секс при кој постојано се менауваат партнери?
Не во тој смисол, туку во смисол зошто е толку зголемена таа потреба? Дали е тоа поради неспособноста и плашењето од обврски?
За болдот се извинувам што не нагласив во воведот. Да, мислам на секс кој се практикува секогаш со различен партнер, или пак и воопшто не се практикува туку само се искажува како потреба.
 
С

Сатори

Гостин
Судејќи по насловот најверојатно би се запрашале зошто е темава во философија и психологија, а не во љубов и секс.
Проблемот со локацијата на темава можеби потекнува и од самиот проблем со поимот.
Oversexed... Да ги заборавиме модерните потреби за секс секој втор ден и да ги тргнеме на страна глупавите предрасуди кој кога треба прв пат да има односи и да го погледнеме проблемот од една психолошка страна.
Дали оваа прекумерна потреба за секс, поточно ова прекумерно користење на фразата Ми треба секс, означува ништо повеќе од неспособност и страв за формирање на подлабоки врски, или пак е ништо повеќе од само пополнување на слободно време?
Колку човекот е спремен да се посвети на врската? Дали ова има поврзаност со способноста на човекот да донесува важни улоги во животот?

п.с. Би ве замолил темава да ја гледате како еден психолошки, а не како љубовен проблем.:smir:
Во конкретниов случај се прашувам дали оваа општествена аномалија се појавила сега во модерното општество или и стара Грција, Рим, целата Македонска империја низ вековите имале oversexed проблеми? М?
Зошто мене ми делува повеќе како либерализација на сексот која што секогаш постоела, не како наводна психолошка потреба која се јавува после движењата на хипиците.
 
M

marsovka

Гостин
уф по мсн разговорт со авторот на темата дојдовме до сознание дека авторот на темата користи премногу пишува опширни и збунувачки текстови (јебеш мана му е )
Значи станува збор опседнатост со секс, ова опфаќа не само нифоманија и сатиријазис,туку и целиовремено дркање по нет и дробење дека очајно ни треба секс

Или кратко јасно опсесија со секс и сите негови форми

Дали оваа прекумерна потреба за секс, поточно ова прекумерно користење на фразата Ми треба секс, означува ништо повеќе од неспособност и страв за формирање на подлабоки врски, или пак е ништо повеќе од само пополнување на слободно време?

сеа ќе ви одговорам кратко и јасно

Што е сексот во денешно време?што најчесто претставува?

-просто за некои комункација,за некои релаксација ,за некои израз на љубов

Од каде таа опсесија кај луѓето со секс на што се должи ?

-ах најчесто личностите не знаат да комуницираат на повисоко ниво ,па комуницираат со секс и насилство кое е најпримитиванта форма на комуницирање во денешницава,друга страна за некои претставува patch-up solution на нивните подлабоки проблеми кои не ретко се манифестираат со депресија,апатија и фрустрација па тие овие чуства ги лечат со секс,алхохол ,опијати или насилство од било каков вид

каков вид на луѓе што го предизвикува ова ?

-
во детството не им било покажано чувства и љубов ,најчестат комуникација со родителите било викање и тепање па затоа овие деца не знаат да комуницираат поинаку ,едноставно тоа не им било покажано поинаков начин на комуникација или пак се навикнати на таков вид на комуницирање
Инаку имаше истражување во кое се покажало дека деца кои биле физички и психички малтретирани се склони кон често менување на партнери и имаат високоризичен секс
 
Bidikov

Server guru
Член од
25 јануари 2005
Мислења
2.680
Поени од реакции
693
оф-топик:

уф по мсн разговорт со авторот на темата дојдовме до сознание дека авторот на темата користи премногу пишува опширни и збунувачки текстови (јебеш мана му е )
Од однесувањето на членкава можеме да заклучиме дека за да има аргументи и право таа да збори за некого прво треба да се погледне себе си (додуша и да повтори лекции по македонски јазик за јасност и недвосмисленост на реченица)

он-топик:
Мислам дека модерното време и самиот факт што луѓето се почесто го живеат животот со 200 км/час предизвикува целата „љубов“ кон некого да се манифестира исклучиво како потреба за секс без способност и желба за подлабоки чуства ...

Дури доаѓаме до фрапантниот момент на „секс = љубов“ ....
 
M

marsovka

Гостин
оф-топик:

Од однесувањето на членкава можеме да заклучиме дека за да има аргументи и право таа да збори за некого прво треба да се погледне себе си (додуша и да повтори лекции по македонски јазик за јасност и недвосмисленост на реченица)
Оф топик
Над мене прашаа две членки за што станува збор темата и тоа членки кои важат за далеку поинтелегентни од мене и гладиус чисто поради неговата преопширност и губење поентата или целта или прашањето кое сака да го постави

Второ обид за поништување на нечиј аргумент врз основа на фактот дека персоната која кажува тој аргумент има мани и посочување кон нив е многу........

Он топик кон аргументот да може и така да се каже ако површно начнеме во проблемот
зошто некои се опседнати а некои не се опседнати?зборам за тие кои живеат 200км/саат
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Напишано од marsovka
уф по мсн разговорт со авторот на темата дојдовме до сознание дека авторот на темата користи премногу пишува опширни и збунувачки текстови (јебеш мана му е )
Значи станува збор опседнатост со секс, ова опфаќа не само нифоманија и сатиријазис,туку и целиовремено дркање по нет и дробење дека очајно ни треба секс
Мислам дека темава има погрешен наслов според ова што го прочитав SEX DRIVE или LIBIDO е правилниот наслов,во случајов либидото или секс драјвот сексуалната желба е зголемена и нагласена или можеби е нормална, во тинејџерскиот период на пр. е нормално да дркаш секој ден бар така сум читала за машките.
Мислам дека лекот е женачка:vozbud: најубаво е да си земе една жена по мерак и (не знам кој е тој човек на кого му е нагласено либидото дали гладиус или негов пријател) ...да си ебе човекот редовно најдобро е така:smir:
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Мислам дека темава има погрешен наслов според ова што го прочитав SEX DRIVE или LIBIDO е правилниот наслов,во случајов либидото или секс драјвот сексуалната желба е зголемена и нагласена или можеби е нормална, во тинејџерскиот период на пр. е нормално да дркаш секој ден бар така сум читала за машките.
Мислам дека лекот е женачка:vozbud: најубаво е да си земе една жена по мерак и (не знам кој е тој човек на кого му е нагласено либидото дали гладиус или негов пријател) ...да си ебе човекот редовно најдобро е така:smir:
Поентата на темата беше она што е и самиот наслов... Oversexed = преокупација со секс. Што е толку различно од мојот наслов до објаснувањето на марсовка?:toe:
Дали оваа прекумерна потреба за секс, поточно ова прекумерно користење на фразата Ми треба секс, означува ништо повеќе од неспособност и страв за формирање на подлабоки врски, или пак е ништо повеќе од само пополнување на слободно време?
Колку човекот е спремен да се посвети на врската? Дали ова има поврзаност со способноста на човекот да донесува важни улоги во животот?
Прашањата се јасно поставени, а темата не е отворена за либидото на мој пријател или за моето. Овде не станува збор за ничие либидо (што е нели само обична потреба), туку за преокупираноста со сексот (или Oversexed).

Упатство за понатаму: Или разработете ја темата во однос на неколкуте поставени прашања, или воопшто не реплицирајте за тоа со која намена е отворена темата или пак која е нејзината цел или пак што е нејзината суштина. Суштината јасно се гледа од прашањата.

Оф топик
Над мене прашаа две членки за што станува збор темата и тоа членки кои важат за далеку поинтелегентни од мене и гладиус чисто поради неговата преопширност и губење поентата или целта или прашањето кое сака да го постави

Второ обид за поништување на нечиј аргумент врз основа на фактот дека персоната која кажува тој аргумент има мани и посочување кон нив е многу........

Он топик кон аргументот да може и така да се каже ако површно начнеме во проблемот
зошто некои се опседнати а некои не се опседнати?зборам за тие кои живеат 200км/саат
Сатори колку што ја разбрав одговори со прашање на поставените прашања, а не бараше образложение. Така да останува само ада:)
Губењето на поентата најверојатно во темава го нема затоа што Крусер, Филозофка а и G-ca Ljubov веќе ги дадоа своите одговори на темава и тоа онака како што е поставена.

онтопик: Да се надоврзам на Сатори. Либерализацијата на сексот дури е можеби и претерана со што нели се добива она чувство дека едноставно треба повеќе иако не е толку потребно. И тука повторно би го повлекол прашањето:
- Дали е тоа поради неспособноста за нешто посериозно?
А би поставил и уште едно:
- Либерализацијата на сексот значи дека тој треба да биде над љубовта и сериозните врски?

И пак ќе повторам, не го гледајте ова од страна на љубовта, гледајте го од страна на психологијата.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
оф-топик:

У име на дискусијата, да претпоставиме сите што се подразбира под поимот "Oversexed" и да не се одалечуваме више од истата:smir:

он:
Претерување во било што, скоро секогаш претставува компензација/маскирање.
Така е и со сексот, прекумерното јадење, пиење и сл....Преку нив компензираме за емотивната празнина, го замаскируваме незадоволството...едноставно сакаме да надоместиме за нешто што не го чувствуваме/имаме или да прикриеме некоја болка/незадоволство.

Но, кога се ослонуваме само на телесни задоволства, без да им придадеме вистински и соодветен емотивен елемент, а и здраворазумска граница, ние се осудуваме на ситуација у стилот...Јадеш чоколадо и е ок, уживаш..Отвораш второ...Прикрај више не ти е слатко...Со првиот ред од третото више осеќаш нагон за повраќање и сето задоволстов на кое си се надевал го нема. Значи добиваш зачаран круг со гратис ринг-тон од Стоунси "I can't get no satisfaction". И остануеш со уше поголема празнина, него од онаа која на почетокот си сакал да ја прикриеш.

Конечно, денес е толку очигледна оваа хипер-сексуалност, благодерание на сексуалниот либерализам кој почна да се раѓа пред пола век и кој ги тргна табуата од сексот.
Па сега ние, како неизживенаи дечиња сакаме таа квази слобода да ја исцицаме до крај. Преку екстреми и екцесивности. Али и ова е само фаза. Балансот ќе се изроди со тек на време.
 
KeleS

insolitus res
Член од
22 јануари 2008
Мислења
734
Поени од реакции
57

Постов ти е на место и се слагам со поголем дел од него ... али сериозни да сме балансот не се изроѓа со текот на време и неговиот недостаток не е фаза ... човек кој нема баланс додека е помлад , нема да има баланс до крајот на животот . Пошто единствена причина за немање на баланс со некое од задоволствата е обидот за компезирање . За да потигнеш баланс треба време и труд ... и најпоке копанје по своите „ плакари “ додека не најдеш што ти предизвикало такво однесување .
 
Мислев на баланс на општествено ниво, односно...Сексуалните табуа од минатото доведоа до експлозија што ја предизвика сексуалната револуција која почна да ги остранува сексуалните ограничувања.
Денеска ги имаме се помалку, односно дојдени сме близу до максумумот на сексуалната експлоатација, банализација и отвореност. Тоа, за извесен период, ќе резултира преку враќање на некои стари ограничувања, или создавање на некои нови. Како и да е, граници шо се тиче сексот, пак ќе се постават.
И така се дешава стално. Нешто ќе се изроди, ќе се донесе до максимум, и ќе почне да ја живее својата декаденција, по што апсолутно ќе се распадне, за да изроди нешто нево.

Но, што се однесува на лично ниво, како што ти првично ме сфати..апсолутно си во право дека е потребен огромен труд, и нурнување длабоко во своите скриени катчиња за да се смениш. А, истото стануе се потешко со годинити, зошто страите шеми путаат петен длабоки корења. Али, нишо не е немогуче. Треба само да се сака.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom