хммм...имам стааар амд атхлон на 2.2 гхз... кога ке го клокнам, иде само до 2.4, она аутоматик клок, ~10%...е, ако го ставам на ~20% нејкее...се гаси т.е. работи пцто али на монитор нема нишо... баш сакам на 2.6 да го пробам како ќе работи кантава...
1. Најверојатно односот помеѓу FSB фреквенцијата и рамот не се совпаѓаат и имаш црн монитор. Истото ми се дешаваше и мене ама го решив со зголемување на multiplier-oт, намалување на FSB-то и на покачување на фреквенцијата на рамот. Само пази, ако рамот ти е постар, можеш да го изгориш или да го стопиш од температурата. Провери кој модел на рам имаш, дали трпи солиден overclock и земи ладилници за рам (200-300 денари).
2. Лош кулер. Качи го процесорот на највисоката фреквенција (а да не ти се гаси мониторот) и види ја температурата.
3. Лошо напојување - иако во повеќето случаеви компјутерот се ресетира.
4. И friendly advice. Ако си запнал да оверклокуваш, прави го тоа рачно преку биос. Под рачно мислам да ги наместиш самиот фреквенциите, волтажата на јадрото. Ама пази многу оти ептен лесно можеш се' да заебеш.
5. Прави го ова на твој личен ризик. Гуглај малце повеќе за оверклок на твојот процесор. Ако не се разбираш многу немој да си играш освен ако планираш компјутерот да го краси некој градски контењер.