До 2010 година Дубаи нема да биде место само познато како богато со нафта. Принцот Sheikh Mohammed Bin Rashid Al Maktoum со својот проект планира да остави без здив 15 милиони туристи. Видете како.
1. Burj Dubai
Тоа ќе биде највисоката зграда на светот која ќе се отвори во 2009 година. Зградата ќе биде дел од центарот кој ќе се вика 'Downtown Dubai'.
Градбата ќе биде работена по дизајн на архитектот Адриан Смит кој има на располагање буџет од четири милијарди долари.
2. Palm Islands
Станува збор за остров во Дубаи, кој ќе бидат всушност најголемите вештачки острови на светот. Нив ги конструирале Nakheel Properties.
Островите се сместени на обалата на Обединетите Арапски Емирати, поточно во Персискиот залив, а својата површина на Дубаи ќе придонесат 520 километарска обала.
3. Dubailand
Дубаиленд ќе биде најголемиот забавен парк на светот. Овој забавен парк ќе биде дупло поголем од Дизниленд.
4. Hydropolis
Првиот комплекс на светот под вода би требало да биде отворен во 2009 година. Ќе биде сместен на 20 метри под вода, а ќе може да прими 220 гости.
5. The World Islands
The World е проект кој ќе биде составен од 300 вештачки острови кои ќе бидат во облик на мапата на светот.
Секој остров ќе биде со големина од 23.000 до 84,000 метри квадратни, а растојанието помеѓу нив ќе биде од 50 до 100 метри.
Островите ќе бидат дадени на продажба, а цената на еден од нив ќе се движи од 15 до 45 милиони долари.
6. Dubai Mall
Наскоро ќе го имаме најголемиот трговски центар на светот. Ќе биде на површина од 3.657.600 метри квадратни, а ќе се состои од 10 до 15 "помали" центри.
7. Ski Dubai
Ски Дубаи, најголемиот затворен скијачки центар е веќе отворен. Скијачите може да уживаат на површина од 22.500 метри квадратни.