Осум милиони евра за 1.500 „рамковни“ што седат дома

  • Креатор на темата Креатор на темата Plavooka
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
05.11.2012, 17:54
Осум милиони евра за 1.500 „рамковни“ што седат дома
3ED47C52B8305144BDED2DEE0E9CF99E.jpg

Од Секретаријатот за рамковни прашања тврдат дека од овие над 1.500 вработени само некои седат дома и земаат плата, а другите се распоредени во други државни институции
Татjана Поповска

Над 1.500 новопримени административци чекаат во Секретаријатот за рамковни прашања да бидат прераспределени во државните институции, откако по принципот на правична застапеност предвиден со Охридскиот договор, биле вработени во државната администрација без за тоа да има реална потреба. Предлог-буџетот што вчера влезе во собраниска процедура, покажа дека фрапантен број „рамковни административци“ секој месец земаат плата, но немаат соодветно работно место. Голем дел од нив воопшто не се појавуваат на работа бидејќи во просториите на Секретаријатот нема капацитет да бидат „сместени“ над илјада административци. :facepalm::facepalm:

Според податоците од предлог-буџетот за 2013 година, Министерството за финансии предвидело следната година да се одвојат 540.565 илјади денари или 8,7 милиони евра, сума со која в година треба да се платат платите за новите етнички вработувања.

Од Секретаријатот за рамковни прашања тврдат дека од овие над 1.500 вработени само дел седат дома и земаат плата, а другите се распоредени во други државни институции, иако се' уште земаат плата од Секретаријатот. Сепак, портпаролот Мухамед Хоџа не можеше да каже колкав е бројот на административците што седат дома.

„Процесот на распределба на вработените од Секретаријатот за рамковни прашања има неколку фази. Додека не заврши целиот процес, односно додека за нивното вработување не добијат согласност од министерот за информатичко општество и администрација и од министерот за финансии, тие буџетски не можат да бидат префрлени на институциите каде што се распределени и каде што веќе работат“, вели Хоџа, за кого не е спорно што административците се распоредени во државни институции без претходно да ја добијат потребната согласност.

Од 1.578 лица кои во моментов фигурираат на платниот список на Секретаријатот, во овој сектор работат само 39 административци, а другите барем според податоците од предлог-буџетот чекаат распределување.

Дека принципот на вработување на припадниците на етничките заедници не функционира како што треба констатира и Европската комисија во последниот Извештај за напредокот на Македонија. ЕК забележува дека значително треба да се подобри процесот на вработување кој го води Секретаријатот за спроведување на охридскиот Рамковен договор.

Извор: http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=FBA3C9E38DD46F4CBA321E9B862FDF84

И како после да не мислам дека Македонија им е мајка на сите, освен на сопствените деца?!:mad:
 
Шта речи? Коју поруку послати? што би рекле србите, Aх мојата чудесна земја
 
Само во Македонија може да бидеш вработен во државна администрација, да земаш плата, да ти плаќаат придонеси и да ти тече стаж за пензија а притоа да немаш изработено ниту еден час продуктивна работа со што си му помогнал на општеството, а за возврат општеството работи и плаќа даноци и давачки за да може некој седејќи дома да зема плата. А згора на тоа има и мал број илјадници невработени и сиромашни луѓе кои неможат да најдат работа да се прехранат, а рамковниот ми седи дома и ми зема плата од МОИТЕ и ТВОИ пари!

:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
 
Милиони евра од парите кои државата ни ги оданочува од сметките за струја, вода, парно па дури од нашите плати, платите на нашите родители, добивките во кладилница итн не одат само за 1.500 рамковни. Туку одат доста пари и за наши партиски војничиња со основно образование или евентуално со 3 години средно којшто се Директори на државни институции и којшто ќе си вработуваат нивни луѓе што се на платен список, а си седат дома.
 
Од Секретаријатот за рамковни прашања тврдат дека од овие над 1.500 вработени само некои седат дома и земаат плата, а другите се распоредени во други државни институции

Значи не се 1500.

Но и да се 1500 , колку што знам не зимаат полна плата.

Ако зимаат 250 евра, тоа ни дава 4,5 милиони евра годишно.

Од кај извадија 8,7 милиони ?

И јас сум ептен против што не им даваат да работат , дури повише од вас.
 
Работат, работат, ама за нив.
Што мислите брашното само се шверца од Блискиот Исток за Западна Европа?
Оваа служба им е колку за да им тече стаж и некој денар за кладилница.
 
Значи не се 1500.

Но и да се 1500 , колку што знам не зимаат полна плата.

Ако зимаат 250 евра, тоа ни дава 4,5 милиони евра годишно.

Од кај извадија 8,7 милиони ?

И јас сум ептен против што не им даваат да работат , дури повише од вас.
Е па прерачунај и придонеси и данок на тие пари, ете 8 милиони

Јас знам особа која "работи" веќе 2 години во администрација и зема 80% плата, односно 16,000 ден.
 
А седеле дома, а праеле гужва десно сметало во некоја институција исти бурек.Денес како добро си поминав во едни канцеларии на државна институција.Научив за модерна комуникација или тнр.деловен сарказам :)

Ама то е бе.Нејќите работа да барате.Срам ве било сте учеле факултети со насоки и сега барате по струка да добиете работа.Мрзи едни, 200 евра не ви стигвет за луксузен и модерен живот.Расипници :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom