Оставате ли бакшиш?

  • Креатор на темата Креатор на темата ex machina
  • Време на започнување Време на започнување
Често дури и пречесто некогаш 50 некогаш 100 зависи од сметката и кешот кој го носам.
 
сум оставал бакшиш, ама дан го заебиш да после инспекција му дојде и да има пари повеќе од што кажува фискалната ... ваљда келнерот не може веднаш да го одвои бакшишот од сметката за да си ги зеде парите ...
 
Порано повеќе, сега ептен ретко. Она што се случува во селово кај мене по локалите е за секаква осуда.
Знам дека работат за 300ки и газдите се генерално безобразни, но ако си се нафатил терај ја работата малку професионално.
Се обраќаат со "Кажи другар шо треба"?, еден пак се појави по бермуди и со рака подзавртена сигнализираше дали треба нешто.
Во еден од локалите пак политиката му е да наплатат веднаш по оставање на пијачката без разлика на клиентелата, небаре ќе избегаат луѓето со девојка на маса. Џебот си го искинав од вадење на портмонето додека одев поредовно, на едно друго место каде што бев редовен скоро секој ден келнерите односно менаџерот резервирале 7 маси од вкупно 10 во цел локал за да можеле другарите да гледаат фудбал или кошарка во 21 часот и враќаа парови и редовни муштерии за да можат тие да седнат.
Кога изреагирав кај менаџерот да му се истурам кој патем го познавам дали се нормални келнерите што ме враќаат при седум празни маси во локалот каде што идам секој ден и му ја давам платата на еден од келнерите, почна нешто да квичи и ми даде една маса.
Сигурно не му оставав бакшиш на келнерите претходно од што ми се симпатичени, туку да ми најдат маса кога ќе дојдам и да имаат пољубезен однос.
Паметен менаџер би знаел дека во локал од 10 маси максимум би можел да резарвира една или две маси.
Од тогаш ниту бакшиш, ниту пак мене ме видоа повеќе во тој локал.
Што е трагично кога почна кошарката мислам имаше уште три празни маси кои така дремеа.
Во другото место каде што одам има пак еден дебил кој нон стоп е обесен на телетекс и трча до кладилница, не знам колку пати веќе ми ја грешава сметката.
Има неколку светли примери и на тие секако им оставам по некоја минимална сума, и истите го ценат тоа.
 
сум оставал пари по продавници ситни од причина да не ми тропаат по џепови. ама продавачката те вози кај шо ќе ти прдни тебе, или па продавачката те служи по кафани?

продавачката (на бутик) те услужува све што сакаш да пробаш, све ќе и растуриш ... што има таа полесна работа од келнерите ... ?
 
продавачката (на бутик) те услужува све што сакаш да пробаш, све ќе и растуриш ... што има таа полесна работа од келнерите ... ?
не сум тип да влезам впродавница и да растурам се шо можи да се проба и на крајот да купам некое глупо парче или воопшто да не купам, претежно во бутиците алиштата се на рамки(закачалки) па можи да разгледаш и да пробаш без да растуриш.
 
легендарна сцена од легендарен филм баш на проблематикава
 
па ако е таква сумата на сметката да треба да врати 10-20 -30 денари а седиме 2-3-4 на маса срамота е да чекаш да ти врати кусур а и она/он пред тебе се туфка зашто нема ситни ( стандард ) , ама ако некад има стварно лоша услуга и пепељара ти стои фулл на маса не и текнува на истресе е тогаш и 5 денари ке чекам
 
Како да не и оставам?
waitress_copy_181gvv9-181h0ah.jpg


Како да и оставам?
scaled.php
 
ретко да не остам бакшиш пошто сум работел како келнер и работам сега како шанкер и нормално и келнери и шанкери на бакшиш се надеваме за платичката да си биди чиста...така да како шо сакам да ми оставаат мене така му оставам и јас :)
 
Oставам скоро секогаш, најголем бакшиш ми е...ај не е важно.
 
Треба да се остава бакшиш во МК? Искрено незнам... Јас обично не оставам самоинцијативно ако некој рече ОК ако не ништо. Онака јадеш пиеш сметка плаќа и ја чао. Убаво е ако се кулурни и фини поверојатно е да дојдам пак. Имав еден другар он стално оставаше бакшиш колку што го разборав муабетот му беше да се покаже колку пари имал...мене ми изгледаше селски и снобовски така да баш и непочитувам многу оставање бакшиш. Е сега ептен да се фини можеби...ама ако се фини ќе дојдам па а тоа значи поголем промет и пари за сите во кафаната. Додуше ако се ептен фини знам кусур да им оставам...ама тоа е еднаш во 10 пати може и поретко...И стварно на ја гледам логиката требало за јадење и пиење...а што е со продавачките во продавница. А за нив едно стотче? За таксистот (додуше сум го видел и тоа) За берберот За фризерот За мајсторот За чистачката За молерот За сестрата За докторот За државниот службеник За поштарот За забарот За што ти незнам што...нема ни на нив да им дојде лошо...Дури во ресторан зошто баш за келнерот и шанкерот е ОК и куварот тој/таа е најбитен.
Во некои земји имаат навика да се остава бакшиш ама мислам дека и таму ако не оставиш не е трагедија...на крајот на краиштат бакшиш се остава кога си одиш а не на почеток...плаќаш и сикетер.
Еднаш отидов во ресторан и беше сметката со нешто ситно на крај и му дава 50-60 ден во метал и ми вика не примаме метал :eek: јас баш мислев дека му правам услуга за да не оди и да враќа кусур...дали секаше бакшиш не го уконтав му дадов хартија и ми врати кусур. Како и да е не ми се допадна односот и ако немора не одам веќе таму.
 
Когa ке видaм фин културен келнер кaко професионaлно си јa врши рaботaтa, се труди мaксимум ко зa свој ресторaн дa рaботи му се восхитувaм... и обaвезно остaвaм бaкшиш. Не сaмо зaрaди добриот третмaн... туку и онaкa.. мерaк ми е.. ме рaдувa тоa што е посветен.. одговорен. Сaкaм тaкви луге.
 
Јас оставам увек ако е услугата на ниво, ако продава некои селски фори келнерот ко шо знаат некои , њама.


Намерно ја барав темава, за да развијам дискусија доколку има некој желен за тоа. Порано на друга тема го „разглабавме“ ова, ама не знам на која точно беше...

Келнерот си работи работа, за која добива плата. Газдата знае дека келнерот добива бакшиш, па затоа му дава помала плата.
Со тоа што јас оставам бакшиш, плаќам доволно за самото кафе (еве 100 денари на Кеј), во кое е вклучено кафето, услугата и кирија за локацијата.
Ако оставам плус бакшиш, со тоа и му ја надоместувам процентуално платата на келнерот, односно оној дел кој не го добива од газдата. Односно, со бакшиш моите пари не одат кај келнерот, туку кај газдата, кој помалце му плаќа него и си задржува повеќе за себе.

Има една едноставна споредба - кога идете во Веро или Кам маркет, не оставате бакшиш на касиерките иако тие имаат помала плата и веројатно потешка работа од келнерите. Заради тоа целиот овој систем со бакшиши не ми се допаѓа на мене, бидејќи келнерите треба по дифолт да бидат платени од газдата, а не од муштеријата кој преку overpriced нескафе од 100 денари платил веќе еднаш за нив. Со бакшиш, плаќам двапати за келнерот и реално не гледам логика ЗАШТО Е МОЈА ОБВРСКА ТОА, а не на газдата на кафичот кој е пун со пари.
 
Темата беше за тешката работа келнерството, и дека не сме смееле да бараме чаша вода дур пиеш кафе. Тешко им било.
А да, исто тешко било смеење и расположение и како не спаѓало како дел од услугата.

Првпат слушам за оваа фузија на системи, кај нас бакшишот останува за келнерите, безразлика дали газдата знае дали добиваат или не, си ја добиваат фиксната плата.
Додека пак нагоре, работаат под договор, т.е немаат воопшто плата, дека ако е елитна локација, бакшишот е повеќе од некоја фиксна плата.
Првпат слушам за рамнење на сметки, ако плата треба да му е 10.000, а собрал од бакшиш 2.000, газдата да му даде само 8.000.

За кафиња не оставам бакшиш, 50 денари ми е кафето, колку да му оставам? 50? Што е дупло. Или ебени 10 денари?
Во ресторани обично кога заокружувам, пример сум бил со девојче на романтики, ми фаќа 760, во ред е 40 денари бакшиш.
Претенциозно ми е кога ми брои пари или кусур над глава да му речам да си задржи. Обично оставам кога заокружувам или кога се оставаат парите во книгиче, без интеракција со келнерот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom