Баш пред некој месец имавме гости од Америка, и ги однесовме во ресторан, и на крајот гостинката од Америка вика, колку бакшиш да оставам, 500 денари ли ? И ние и викаме абе какви 500 денари, тука 5 денари не оставаат ти 500. И се виде дека не и беше згодно на жената без бакшиш, и им ги остави тие 500 денари. Без разлика колку и да си богат, во Америка стандард им е тоа да оставаат бакшиш.
Иначе јас да, оставам и тоа многу често, скоро секогаш ако имам сметка на пример 190 а му давам 200, му викам да задржи кусурот. Колку се толку се, но во Македонија еден келнер на пример ако во денот собере 300 денари бакшиш тоа за него би било премија.