Оставате ли бакшиш?

  • Креатор на темата Креатор на темата ex machina
  • Време на започнување Време на започнување
Кој заслужил ќе добие бакшиш. Со ова не мислам дека барам некој специјален третман, туку да не е келнер кој треба 10 пати да го викнеш да нарачаш, 5 пати да ти донесе уште една пијачка, едноставно - да не е некој кој што му е тешко што работи ебате.

Ако е некој шмокљо и ми крева притисок и ме напнал, курац бакшиш.

А бакшиш симболика, максимум до стотче, на округло за враќање кусур.
 
Никогаш не им оставам кај другариве кои се келнери, бидејќи понекогаш и се такмичиме кој појќе ќе собере :)

Давам само кога некој ќе работи премногу добро, а не само да ми шминка очи, бидејќи ова си го работа цел живот и убаво ми е на крајот кога ќе си добијам бакшиш едноставно знам дека ќе слушнам збор два добри за мене од кога ќе излезат.

Од бакшиш две плати си вадам:vozbud:
 
зависи на кго и како....ако ми дојде некоја келнерка топ...и ако се понаша како што треба...ке и оставам и многу повеќе
 
паааааааааааааааааааааа кога како ке ми текне, а и зависи колку пари имам:toe:
 
Скоро секогаш.
А сумата е пропорционална со сметката...шо поголема сметка, тоа поголем бакшиш.
Освен ако не ме служат говеда без основна култура и соодветна љубезност.
 
Нависитна е себично да не се остава бурдоар,куртоазитет е то...зависност од келнерот кој колкав ентузијазам(обично по ресторани) ке покаже ќе има и поголем бакшиш.дури и индеферентините заслужуваат.
Оставам да,па дури и келнерот не ја избришал масата ко ќе одам на кафе
 
Како и повеќето што напишаа - оставам али не секогаш. Значи ако услугата е фина, ако келнерот се однесува соодветно што ретко ги среќавам такви, исто оставам бакшиш, сепак и до големината на сметката е нормално. Али, има некои и кои мислат дека со бакшиш (10, 20, 50денари) ги понижуваш, шмокљовци низаедни, те гледат попреку.. и ги знам, очигледно е ко некој се смее насила и некој ко се смее природно. Значи оставам, али не секогаш.
 
Абе седи брат Битола се малишани се некој келнери, не му е за пари за шема работат. Се некој бричој се и струпој, посмешни појави нема. Јас сум да се остава бакшиш пошто смешни се платите шо му ги дават Битола особено на келнерите и шанкерите по 300 денари вечерта, срамота е то. Ама мене ми се има десено да ми ги врати парите па и селанец ме прај мене, демек не ми е дојдено до твојте 30 денари. А на 70 денари сметка то се над 40 проценти бакшиш, па то во америка треба келнеро во уста да му го земи за толкав бакшиш.

Зато сега ич не се замарам, чиста сметка долга љубов. Едино ако ми е другарче или ми напрај услуга некоја пример нешто да не е во менито ќе му остам многу.
 
Ти кажваш за тие мрсулковци(добро сеа не се сегде) шо работат по кафичи,еве понижи ги со ситни 5 ден,оти и то се смета за бакшиш така.Им оставам и нив ако не знат ни грам муабтет да кажат.Се сложвам со тебе тие продават “шема“ а не пијачки,исто и шанкерите дури и појќе од нив...не вервам дека некој ќе се деградира или обратно ако стави бакшиш
 
Не фрка се дешаа да речам да ја заокружи сметката. Ако е ОК девојката/чоекот ама ако е ко оној кретенот во Чврга во Охрид нема шанси. Значи го замолуеме за буковец и чоеков не отера у П.М.(не мислам на природно математички)!!! И сеа како да му остаам некој денар? Ама за тоа неговиот колега си доби некој денар + од сметка.

Не е фрка да се остаи денар плус ама ако е добра услугата. А не како во Будимпешта на другари им броеа 20% бакшиш!!! ЕЈЈЈ со кој памет????:uvo: Едвај се снајдоа за кеш.:tapp:
 
Брат ми работеше минатото лето во Даблин, во кафич и верувајте бакшишот е мнооогу нормална работа...по 20-30 евра бакшиш оставаат ама неможеш да го земеш туку на крајот од месецот се дели на сите келнери подеднакво, а се работеше за доста пари само од бакшишот...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom