Останати вести од светот на фудбалот

  • Креатор на темата Креатор на темата Buci
  • Време на започнување Време на започнување
ЛА Галакси по доведувањето на Бекам се спрема и за повторно активирање на легендарниот Зинедин Зидан?!?!?!?!
Сега имаше на Канал 5 вести, ако најдам и линк ќе поставам
 
денес се играат неколку пријателски натпревари .
кажете што да се типува
15:00Celtic? - ?Parma
15:00Cercle Bruges? - ?El Zamalek
15:00Paris S.G.? - ?Valencia
16:00Newcastle U.? - ?Juventus
17:00Bayer Leverkusen? - ?AS Roma
17:15Arsenal? - ?Inter Milan
18:00Alemannia Aachen? - ?Lokomotiv Sofia
18:00Germinal Beerschot? - ?Lierse
18:00Metz? - ?Standard Liege
18:00Sint-Truiden? - ?Valladolid
18:00Sparta Prague? - ?Hansa Rostock
18:30Olympiakos Piraeus? - ?Mallorca
20:15Club Brugge? - ?AEK Athens
 
Арсенал го освои Емирати купот.. на него учествуваа уште и Валенсиа, Интер и ПСЖ..


Манчини го споредува Киву со Михајлович..
http://tribalfootball.com/article.php?id=49495
 
еве неколку реченици и сликички за љубителите на фудбалот
Фудбалски вести
5B37473A9406F24BB168BAE498CF2C2F.jpg

Ирак сензационален победник на Азискиот куп
Фудбалската репрезентација на Ирак во своето прво финале на Азискиот куп отиде до крај и го освои трофејот. Единствениот гол во последниот натпревар против Саудиска Арабија, кој се играше во Џакарта, го заби најдобриот стрелец Јунис Махмуд во 71 минута.

Пред почетокот на Купот, Континенталниот сојуз на секоја репрезентација и донираше по 40.000 долари. Бидејќи Ирачаните не можеа да тренираат во својата окупирана и разорена земја тие пари не им беа доволни. Азиската федерација направи исклучок и им донираше уште дополнителни 50.000 долари. Така им е овозможен настап на турнирот кој ќе ги запише во светската фудбалска историја. Ирачаните остварија три победи, без пораз и гол разлика 7:2.

CE421EC4102CA545A11EC2801B752CC2.jpg

Цврстата одбрана и еден генијалец неодоливо потсетува на португалската бајка на Грција, Ото Рехагел и Каристеас. Нивниот егзекутор се вика Јунис Махмуд, кој со четири гола е најдобриот стрелец на турнирот. Уште поголем е успехот на Ирак, ако се знае дека ова беше најсилниот Азиски куп досега. На него настапи и Австралија, а од тронот по две години е симната Јапонија.

И претседателот на ФИФА, Сеп Блатер го пофали Ирак за исклучителната претстава на Азискиот куп.

„Ова е голем ден за Ирак. Фудбалот го крена достоинството на нацијата која толку страда од војните. Тоа што го направија овие фудбалери е за голема почит. Во репрезентацијата имаше и шиити и сунити и курди. Вистинско обединување“, посочи Блатер.

Во Србија за нереди десет години затвор



Исфрлувањето на Партизан од Купот на УЕФА ја крена на нозе навивачка, фудбалска, но и политичка Србија. Иако, кај нашиот северен сосед до сега вредеше Законот за спречување на насилството на спортските натпреварувања, истиот под итно ќе биде изменет и значително заострен.

„Имавме итен состанок на кој присуствуваа министерката за спорт, министерот за правда и претставници на министерството за внатрешни работи“, изјави генералниот секретар на министерството за спорт, Сениќ. „Министерствата дадоа позитивно мислење за нацрт измените и дополнувањето на Законот за спречување на насилството, кој ќе биде ставен на дневен ред на Собранието. Измените предвидуваат ригорозни казни. На пример, за предизвикување верска и национална нетрпеливост предвидена е казна од една до пет години затвор. Казна до 10 години ќе добијат водачите на таквите групи“, откри Сениќ.

Едуардо се враќа дома?

C80A63AFD67B4F43B96085260F2CDCA5.jpg


Во Арсенал знаеја дека добивањето на работната дозвола за Едуардо може да биде проблем, па се осигураа. „Трансферот зависи од тоа. Ако не добие дозвола, нема да го задржиме!“, изјави Арсен Венгер.

Иако, се чинеше дека добивањето работна дозвола е само формалност, најновите изјави на тренерот на Арсенал отворија место за сомнеж. Едуардо не ги задоволува критериумите за 75 отсто настапи за репрезентацијата во последните две години, а смислата на тој потпис е да се осигура квалитетот во Премиерлигата. Во колевката на фудбалот може да играат само најдобрите, порачуваат од Островото.

Арсен Венгер , наводно, бил задоволен од Едуардо, но како што кажа не бил моќен да издејствува дозвола. „Во договорот предвидовме ваква ситуација. Ако Едуардо навистина не добие дозвола, нема причина да го задржиме. Комисијата ќе заседава и на 2 август кога се' ќе се знае“, за прв пат Венгер отворено најави можност да се случи разделба пред официјализирање на бракот. Во тој случај Арсенал би немал никакви обврски кон Едуардо и тој најверојатно ќе се врати во Динамо.

Њукасл дава 8,8 млн. евра за Алан Смит



Англискиот Премиерлигаш Њукасл е подготвен да плати 8,8 милиони евра за напаѓачот на Манчестер Ј., Алан Смит. Тренерот на црно-белите Сем Алардајс најпрвин не беше заинтересиран за Смит, но повредите на Џое Бартон и на Мајкл Овен го натераа да се обиде да го ангажира Смит, за кого се заинтересирани и Астон Вила, Мидлсборо и Евертон. Пред да дојде во Манчестер Ј. во 2004 година Смит играше за Лидс. За репрезентацијата на Англија има одиграно 18 меча и постигна два гола.

Јунакот на Копа Америка во Шахтјор за 15 милиони евра



Нери Кастилјо, репрезентативецот на Мексико, еден од најдобрите играчи на Копа Америка и стрелец на четири гола на тој турнир, од Олимпијакос премина во Шахтјор. Газдата на овој клуб, Ринат Ахметов, се сложил да му плаќа на Кастилјо, кој потпиша петгодишен договор, 2,3 милиони евра по сезона (целиот трансфер изнесува 15 милиони евра). По шест години минати во Атина и освоени шест титули и два купа, Кастиљо ја одби новата понуда на Олимпијакос, кој му нудеше двојно поголема плата. Селекторот на Грција, Ото Рехагел им сугерираше на челниците на Сојузот да му понудат грчко државјанство како би можел да игра за нивната репрезентација. Голот на Кастиљо против Бразил на Копа Америка многумина ги потсети на легендарниот гол на Пеле во финалето на СП 1958 година: Го лобуваше дефанзивецот на Бразил Мајкон и пред топката да падне на земја ја заби во мрежата на немоќниот Дони.

Со пресврт против Интер, Арсенал до трофејот



Арсенал со победата над Интер од 2:1 и пресвртот во последните 25 минути го освои пријателскиот турнир Емирејтс.

Италијанските прваци во предност ги доведе Давид Суазо, засилувањето од Калјари, во 62 минута по нафрлувањето на Цезар, но „топчиите“ успеаја со головите на Хлеб во 67 и на Ван Перси во 85 минута да дојдат до победата. Откако со доста среќа во првиот меч го победи ПСЖ, Арсен Венгер против Интер играше со речиси најсилниот состав, кој му беше на располагање (Волкот, Едуардо, Росицки и Адебајор не можеа да настапат), а единствено малку познато име беше Киеран Гибс. Во вториот меч ПСЖ со 3:0 ја совлада Валенсија. „Ван Перси е фантастичен и мислам дека може да ја преземе одговорноста да го замени Анри. Уверен сум дека може да постигне минимум 20 гола сезонава. Негова специјалност се посебно убавите голови, а тоа го докажа и со овој победнички“, изјави менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер.

Инаку, на Емирејтс купот покрај стандардните три бода за победа и бод за реми се добива и по еден бод за секој постигнат гол, па така Арсенал заврши како прв со 10 бода, втор е ПСЖ со седум, Валенсија собра пет бода, а Интер само еден.

Пеле: Бекам повеќе играј, помалку позирај

4ECB9893FD35784EB58804E3D42D6FFD.jpg


Бразилската легенда Пеле му порача на новиот член на американската лига, Дејвид Бекам повеќе да се бави со фудбал отколку со позерство. „Бекам е повеќе поп-ѕвезда, отколку играч. Од моето искуство во Космос знам дека натпреварите во американската лига бараат играчот да е максимално подготвен“, изјави некогаш најдобриот фудбалер во светот, а денес и самиот ѕвезда на рекламните кампањи на Мастеркард и Пепси, како и голем промотор на Вијагра. „Лигата во САД е израмнета, а од него се очекува многу. Кога нема тренинг, тогаш може да шета по Холивуд“, додаде Пеле.

Рајкард: Барса е силна само на хартија



Откако челниците на Барселона потрошија 70 милиони евра за нови засилувања и на „Ноу Камп“ го донесоа Тиери Анри, бројни стручњаци ги прогласија Каталонците за главни фаворити во Лигата на шампионите и Примера. Меѓутоа, тренерот Франк Рајкард предупредува. „Барселона има страшен тим, меѓутоа засега сме јаки само на хартија. Далеку сме од посакуваната форма“, изјави Рајкард.

Барселона наредната сезона ќе ја предводат четири волшебници - Роналдињо, Меси, Ето и Анри. „Имињата во фудбалот не значат успех. Успехот го носи напорната работа и одрекувањата“, додаде холандскиот стручњак.

Покрај Анри на „Ноу Камп“ сезонава пристигнаа Јаја Туре, Ерик Абидал и Габриел Милито.
Бирмингем подготвува сензационална понуда за Раул

9AE0E4D8ED128A46ABCDB85DD2C786A6.jpg


Новиот член на англиската Премиерлига, Бирмингем најавува трансферна бомба на пазарот ова лето. Станува збор за капитенот на Реал Мадрид, Раул. Менаџерот на Бирмингем Стив Брус разговарал со со добриот пријател на 30 годишниот Раул, Стив Мекманаман, кој е дел од новиот конзорциум кој го купи контролниот пакет акции во клубот. Мекманаман сака да ги засили позициите со купување ѕвезда, а Раул е добра шанса за тоа.


Подготовки Њукасл го надигра Јувентус



Англискиот Њукасл во пријателски меч го совлада Јувентус со 2:0. Стрелци на головите беа Обафеми Мартинс и Алберт Луке. И двата тима ги пробаа сите засилувања, а за Њукасл настапи и Киерон Даер, кого го врзуваа за трансфер во Манчестер Сити. Тој дури постигна и гол, но му беше поништен поради офсајд.
 
Неста се откажа од "азурите"
http://www.sport.com.mk/?ItemID=042F4C81A5668341B5CD2DD998325CC7

Тери ќе го пропушти почетокот од сезоната

http://kanal4.com.mk/shownews.php?id=1719

Овен повторно повреден
http://kanal4.com.mk/shownews.php?id=1714

Рикардо Коста го очекува пауза
http://kanal4.com.mk/shownews.php?id=1722

Вон ќе паузира чеири месеци
http://kanal4.com.mk/shownews.php?id=1721

Интер мораше да го уништи Јувентус
http://www.sport.com.mk/?ItemID=91524DE5C31D2B41976A4AF0A6FB5A9F

Ван дер Сар, херој на Јунајтед
http://www.sport.com.mk/?ItemID=DA69CAB971AF614D9E25E9FE1701ADAD

Гол-шоу на Шалке
http://www.sport.com.mk/?ItemID=F4956C9BAF756A46BBC00BAC2F8FEDA3

Бавен старт на Олимпик и ПСЖ
http://www.sport.com.mk/?ItemID=88845B4AD6C74148A54090F5B1E3B81F
 
Оперираха успешно Роберт Петров
07 август 2007 | 14:31 | Агенција "Фокус"
Софија. Заштитник'т на ЦСКА и македонски национал Роберт Петров бе опериран успешно днес, с'обштава официалнијат сајт на вицешампионите (www.cska.bg). Хирургическата интервенција е изв'ршена в частна клиника в Софија под р'ководството на доц. Тони Георгиев и клубнија лекар д-р Дојчев. Петров ск'са кр'стни вр'зки по време на двубоја от пријателскија турнир PlayStation 2007 в четв'рт'к срешту ср'бскија Борац Чачак. Футболист'т се чувства добре след операцијата. Предстои му програма за в'зстановјаване, којато ште прод'лжи близо шест месеца.
 
Работнички ке игра со Зрињски. Уефа му ја добила жалбата на Партизан
 
Birra Moretti Trophy: action starts at 20:30

Schedule:
Game 1: Napoli v Juventus (20:30)
Referee: Christian Brighi.

Game 2: Inter v Loser Game 1 (21:30)
Referee: Danilo Giannoccaro.

Game 3: Inter v Winner Game 1 (22:30)
Referee: Nicola Stefanini.

http://inter.it/aas/news/reader?N=27019&L=en
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom