Останати вести од светот на фудбалот

  • Креатор на темата Креатор на темата Buci
  • Време на започнување Време на започнување

Па беше вратен како менаџер на Сандерленд....Колку пати може да се враќа....





Дарко Панчев ќе стане еден од „пријателите на Зидан“

Најдобриот европски фудбалер на сите времиња прогласен од европската централа УЕФА, Зинедин Зидан, го повика првото македонско фудбалско име Дарко Панчев во својата олстар-селекција наречена „Зидан и пријателите“ на двонеделно дружење низ неколку егзибициски меча во Канада на крајот на јуни и почетокот на јули, дознава „Нова Македонија“.

Според информациите, Панчев како поранешен освојувач на европската и светската клупска круна со Црвена звезда во 1991 година и „златна копачка“ на Европа истата година е вклучен во проектот како единствен претставник од поранешните југословенски простори.

- Панчев е единствен од поранешна Југославија, пред сè бидејќи е големо фудбалско име и златна копачка на Европа. Тоа е голема чест, бидејќи во овој олстар-тим се вклучени сите големи фудбалски имиња и поранешни и актуелни. Во тимот не може да влезе секој, туку само светски имиња, кои направиле нешто во фудбалот - велат посредниците во проектот.

Популарниот Кобра веќе го имал контактот и бил известен за интересот, додавајќи дека до крајот на неделава треба да даде одговор дали ќе ја прифати поканата.

- Ми се јавија луѓе од Франција и од Србија за проектот со егзибициските мечеви и сега очекуваат одговор во рок од два-три дена за да им потврдам дали ќе учествувам - ни изјави Панчев.

Француската икона Зинедин Зидан е носител на проектот и тој заедно со пријателите во изминативе години неколкупати годишно организира хуманитарни егзибициски мечеви, пред сè за УНИЦЕФ, а во тие проекти учествуваа и Роналдо, некогашниот најдобар светски фудбалер, Франко Барези, големото италијанско тренерско име Ариго Саки, потоа Фабијан Бартез, како и сè уште актуелните ѕвезди од калибарот на Павел Недвед, Паоло Малдини, Кристијан Виери... Сите овие повторно се вклучени во проектот.

Егзибициските мечеви на светските ѕвезди е планирано да се играат во Торонто и во Ванкувер, а целата „операција“ доаѓа во организација на Зидан, кој ја прифатил понудата на Канадската фудбалска академија, со цел промоција на најважната споредна работа на светот во оваа земја. Двонеделната турнеја на фудбалските великани е планирано да се одржи од 23 јуни до 5 јули и планирани се четири меча.

Во моментов организаторот ги известува сите ѕвезди за кои е заинтересиран да се појават на турнејата, а веднаш откако ќе добијат потврдни одговори од организацискиот комитет најавуваат официјални покани за учество во еден од најголемите фудбалски настани. Присуството на македонската Кобра на овој ревијално-егзибициски настан уште отсега привлече голем интерес меѓу македонските иселеници во Канада, кои се интересираат за настанот.

Популарниот Зизу, кој беше избран за најдобар европски играч во изборот на УЕФА пред пет години по повод 50-годишниот јубилеј од формирањето на континенталната федерација по заминувањето во пензија по СП 2006 е целосно насочен на својот проект „Зидан и пријателите“, а во моментов е и прв фаворит за директорската функција во Реал Мадрид, ако на 14 јуни на претседателските избори победи поранешниот прв човек Флорентино Перез.

http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=2&EditionID=376&top=1&ArticleID=23146
 
УЕФА одобри 2,8 мил. евра за изградба на „куќата на фудбалот“

УЕФА во склоп на поширока акција и одобри на ФФМ 2,8 милиони евра за изградба на куќата на фудбалот и тренинг комплексот кај хотелот „Александар палас“.
За таа цел ФФМ од Владата без обврски околу комуналии ќе добие простор од 10 хектари.
Гаранција од државата има, Федерацијата треба да ги среди документите за да стигнат парите од УЕФА, како и дополнителниот бонус од 500 илјади евра што лично го вети претседателот Мишел Платини.
Фудбалскиот центар покрај простории за администрацијата на нашата Федерација ќе содржи и се што е потребно за врвен тренинг, пред се пет игралишта и тоа едно од нив со вештачка трева.
УЕФА дополнително ќе донира и милион евра за доизградба на Градскиот стадион во Скопје.


Ај можеби ќе направиме повеќе победи МАКЕДОНИЈО на старо-новиот стадион.
 
Поставен нов светски рекорд во жонглирање и изнесува 19 часа ако може некој да напише кој бил тој што го направил овој рекорд не успеав добро да слушнам сега на АЛФА ТВ даваа на спортските вести.
 
Спектакуларните изведувања на слободните удари живеат долго во меморијата на светската фудбалска јавност, во подолжение, најдобрите изведувачи на слободни удари во историјата, поради нивниот талент и чувство за постигнување на погодоци надвор од шеснаесетникот по прекини.
15. Алваро Рекова (Уругвај)
Еден од многуте фудбалери со потекло од Јужна Африка кој имаат неверојатен талент за изведување на слободни удари. Во продолжение Топ10 постигнати гола од слободен удар - во режија на Рекоба.​



14. Џанфранко Ѕола (Италија)
Еден од ретките Италијанци кој успешно настапувале во Англија. Во продолжение погледнете го голот на Ѕола против Тотенхем постигнат од слободен удар во 2003година...​


13. Хуан Роман Рикелме (Аргентина)
На видеото подоле, Хуан Роман Рикелме ве учи на неговата техника за изведување на слободните удари.​


12. Диего Марадона (Аргентина)
Фудбалскиот бог во Аргентина. Можеби еден од најдобрите фудбалери во велокупната историја на фудбалот, кој секако во осумдесетитие години жареше и палепе со неговите слободни удари.​


11. Хозе Луис Чивалерт (Парагвај)
Парагвајскиот фудбалер со ретко виден талент за изведување на слободни удари, кога станува збор за голманите.​


10. Кристијано Роналдо (Португалија)
И покрај тоа што е релативно ново име на сцените од спектакуларните изведувања на слободните удари, Роналдо воодушеви голем број на фудбалкси фанови со неговиот специфичен стил на изведување.​



9. Зинедин Зидан (Франција)
Еве го еден од најдобрите фудбалери кој ги бранеле боите на Франција, а секако и еден од најдобрите изведувачи на слободни удари.​




8. Алесандро дел Пиеро (Италија)
Италијанската легенда, и специјалист за слободни удари. Со неговите погодоци од слободните удари донесол голем број на победи како и за Јувентус, така и за репрезентацијата на Италија. Компилацијата од најдобрите слободни удари изведени од Дел Пиеро можете да ја погледнете на видеото подолу.​


7. Зико (Бразил)
Легендарниот бразилски фудбалер секогаш ке остане запаметен по неговиот неверојатен талент за изведување на слободните удари. Во периодот од 1970 до 1980, Зико едноставно ги "закопуваше" голманите на линијата кога изведуваше слободен.​


6. Роберто Карлос (Бразил)
МОжеби не беше редовен стрелец на слободните удари, но кога ке подогеше тоа го правеше со стил. Кој може да го заборави неговиот магичен гол пртив Франција во 1997година?​


5. Роналдињо (Бразил)
Еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во новото време. Јавноста повеке се запозна со него по неговиот слободен удар против Англија во 2002год на Светското првенство со кој ги елиминираше Англичаните. Потоа направи трансфер во Барселона.​


4. Шунсуке Накамура (Јапонија)
Најдобриот изведувач на слободни удари со потекло од Азија.​


3. Синиша Михајлович (Србија)
И покрај тоа што неговата природна позиција беше одбранбен играч, Михајлович беше "убиствен" со неговата лева нога.​


2. Дејвид Бекам (Англија)
Кој друг ако не Бекам? Не е важно дали го сакате или го мразите, но ретко кој може да погодува слободни како Дејвид Бекам.​


1. Жунињо (Бразил)
Може да се каже најдобар меѓу најдобрите. Слободните удари на Жунињо се компјутерски прецизни. Ревија од спектакуларни слободни удари подоле на видеото - во режија на Жунињо!
ВИДЕАТА ТУКА - http://sportdenes.com/izdvojuvam%D0%B5/izdvojuvam%D0%B5/top-15-izv%D0%B5duvatci-na-slobodni-udari.html
 
Ван Бастен се повлече од функцијата тренер на Ајакс поради катастрофалната сезона на неговиот клуб, кој покрај пласманот само во УЕФА Купот, доживеа и низа катастрофални порази од '' помалите '' екипи во Холандија .

Веста ја начекав на Goal.com во Breaking News, и сеуште не е целосна, само е најавена .
 
Хернандо Буитраго, Колумбискиот фудбалски судија со знакот на ФИФА, пријавил во Колумбискиот фудбалски сојуз обид тој да биде подмитен.
Тоа се случило, тврди судијата, пред реванш финалниот натпревар кој требало да го одреди новиот прволигаш во Колумбиската лига помеѓу Итагуја и Кортулуе.

Претставник на еден од тие клубови, Буитраго не објави кој точно, наводно му се појавил пред натпреварот и му понудил мито во вредност од 15.000евра.

Судијата го пријавил дотичниот човек за корупција, а од фудбалската федерација на Колумбија и од Здружението на прволигаши потврдија дека ке покренат истрака и дополнително ке го „исчешлаат“ клубот кој се обидел да поткупи судија.
 
Фелипе Мело го продолжи договорот со Фиорентина до 2013 година
 
Навивач на Барселона вчера попладне извршил хакерски напад на веб сајтот на фудбалерот на Валенсија Давид Виља.
villa-hack.jpg

Хакерот, кој се претставил под прекар Немесис, го прашал Виља зошто сеуште нема потпишано за Барселона.
"За љубов Божја, Виља, зошто играч со вредности како твоите толку чека да стане член на најдобрата екипа на светот?", напишал хакерот на официјалната страница на играчот.
Заедно со пораката, хакерот ја оставил и маскотата на Линукс, пингвинот Тукс, облечен во дрес на Барселона.
 
Играчот од средниот ред на Челзи, Френк Лампард, не сака многу да ризикува со повредите, па очигледно на само шест недели од почетокот на новата сезона во Англија, англичанецот е уловен како ужива во летните денови во Лас Вегас.

31 годишниот фудбалер и покрај дневните релаксации и разладувања во базените одлично му оди од рака и во вечерните часови. Имено според англискиот печат на англичанецот една вечер во казино му се насмеала среќата па заработил 300.000 фунти играјќи рулет и блек џек. Но, од друга страна за фудбалерот ваквата сума може и да не претставува толку голема со оглед на фактот што истиот неделно заработува 140.000 фунти.

Покрај игрите на среќа и разладувањата во базените Англичанецот своето време го минува и во женско друштво. Меѓутоа ваквиот сплет на околности и не треба да биде премногу загрижувачки за Лампард со оглед на тоа што истиот веќе има раскинато со Вереницата Елен Ривес.
 
Не сакам да изгледам на спамер, ко Пат0 али сепак жално е ова

Чешки си постигнал авто-гол, колабирал и починал од срцев удар

31 годишен фудбалер играјќи во Чешката регионална лига, си постигна авто-гол и минути после тоа колабирал, и починал од срцев удар.

9 минути од почетокот на натпреварот помеѓу 2 мали екипи од северо-западниот дел од Прага, одбрабениот играч Микал Јажек дал гол во својата мрежа и колабирал веднаш потоа, цитиран е еден од соиграчите.

"Немаше никакви здравствени проблеми" - тврди еден од согирачите.

Докторите дојдоа на теренот но неможеа да направат ништо

"Имал срцев удар и неможевме да го вратиме во живот" - изјави докторот од локалната амбуланта.

Јажек беше оженет неодамна и имаше 6 месечна керќа, соопшти вебстраната.

Стварно жално.Почивај во мир.
 
Мурињо во Реал?

Управата на Реал Мадрид е подготвена да му понуди одличен финансиски договор на Жозе Мурињо, ако реши да го напушти Интер за да седне на клупата на „кралевите“.
По испаѓањето од Лигата на шампионите, тренерската функција во Реал на Мануел Пелегрини е доведена во прашање, иако тимот се наоѓа на чело во Примера дивизион. Шпанските весници велат дека Флорентино Перес, претседателот на „кралскиот клуб“, веќе го вклучил „алармот за паника“. Тој неколкупати има нагласено дека ја почитува работата на популарниот „Му“ и оти кога би имал шанса би го довел во Мадрид.
Освен Мурињо, други имиња што се споменуваат за тренерското место на Реал, кое сè уште не е испразнето, се Арсен Венгер и Карло Анчелоти.


Незнам колку е точно... ако си оди :toe: има бољи од него, и без него сме подобри
 
Управата на Реал Мадрид е подготвена да му понуди одличен финансиски договор на Жозе Мурињо, ако реши да го напушти Интер за да седне на клупата на „кралевите“.
По испаѓањето од Лигата на шампионите, тренерската функција во Реал на Мануел Пелегрини е доведена во прашање, иако тимот се наоѓа на чело во Примера дивизион. Шпанските весници велат дека Флорентино Перес, претседателот на „кралскиот клуб“, веќе го вклучил „алармот за паника“. Тој неколкупати има нагласено дека ја почитува работата на популарниот „Му“ и оти кога би имал шанса би го довел во Мадрид.
Освен Мурињо, други имиња што се споменуваат за тренерското место на Реал, кое сè уште не е испразнето, се Арсен Венгер и Карло Анчелоти.


Незнам колку е точно... ако си оди :toe: има бољи од него, и без него сме подобри

Немој да кажеш дека информацијата ти е од Goal/24Fudbal.com?:smir:
 
Киву започна да тренира со кацига :

Немој да кажеш дека информацијата ти е од Goal/24Fudbal.com?:smir:

Не е... случајно видов тука ...

Он Топик :
Дефанзивецот на Интер, Кристијан Киву започна да тренира со своите клубски колеги после шести јануари оваа година. Како што е познато романскиот репрезентативец заработи операција на черепот поради фрактура заработена за време на натпреварот против Киево на почетокот од годинава.

Играчот се појави на теренот со специјална кацига, исто како онаа со која што игра голманот на Челзи, Петар Чех, кој што заработи иста повреда пред три години.

„Се е во најдобар ред и се надевам дека до крајот на Март ќе можам повторно да играм“
, изјави поранешниот играч на Ајакс и Рома.

Фудбалерот веќе игра со глава, како што објасни, за време на официјалните натпревари кацигата ќе му биде многу посигурна од таа со која што тренира. Желбата на Киво е да биде готов за натпреварот со Рома на 28. Март. :vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom