- Член од
- 9 октомври 2011
- Мислења
- 88
- Поени од реакции
- 15
- Возраст
- 29
Во основно, особено во осмо мислиш дека светот е твој, пошто нели си "најголем".. Секој ден ти поминува со нови зафрканции со наставници, другари, симпатии, па и нешто поозбилно.. И уште не си трепнал помина основно.
Од средно некако ти се менува животот, сакаш да бидеш поозбилен, да сфатиш што сакаш да бидеш. Размислуваш за нешто што си направил.. Нешто од внатре те тера да се промениш. Како со нетрпение чекаш некое ново влакно на ретката "брада" која само што почнала да расте.. Но не ти иде баш лесно и повторно се смееш без контрола, зарканции до 101 и назад, смеење на часови, непланирани излегувања, чести непромислени работи и тако даље.. и некако се ти доаѓа интересно, кога ќе погледнеш назад сфаќаш дека имаш на што да се сеќаваш. А ќе имаш и после години од сега, од ова што го правиш овде во моментов.. само малку поразлични сеќавања ќе бидат, но не помалку драги. А за до факултет.. Уште година две ! 

