N
NikolaMKD91
Гостин
Се повеќе луѓе, посебно помладите генерации (во кои и јас спаѓам) го користат интернетот како основен извор на информирање. Електронските медиуми му овозможуваат на читателот пристап до содржините во било кој период од денот, наместо чекање одреден час или период како што е случајот со телевизијата. За разлика од весниците , веб порталите се бесплатни и не бараат никаква претходна претплата . Се разбира дека гледам и телевизија, но во последно време интернетот мене ми стана основен извор на прибирање вести,информации и новости. Печатен весник во хард – кор варијанта не памтам кога последен пат сум купил, а ги пратам и читам скоро сите, се разбира преку нивните веб сајтови.