Основни извори на информирање

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување

Кој медиум е вашиот основен извор на информирање?

  • Вкупно гласачи
    82
N

NikolaMKD91

Гостин
Се повеќе луѓе, посебно помладите генерации (во кои и јас спаѓам) го користат интернетот како основен извор на информирање. Електронските медиуми му овозможуваат на читателот пристап до содржините во било кој период од денот, наместо чекање одреден час или период како што е случајот со телевизијата. За разлика од весниците , веб порталите се бесплатни и не бараат никаква претходна претплата . Се разбира дека гледам и телевизија, но во последно време интернетот мене ми стана основен извор на прибирање вести,информации и новости. Печатен весник во хард – кор варијанта не памтам кога последен пат сум купил, а ги пратам и читам скоро сите, се разбира преку нивните веб сајтови.
 
Брат ми, тие што читаат весници и слушаат радио не седат на форум.
 
Денот го започнувам со утринско кафе и барем два дневни весници, а подоцна главен извор за информирање ми е интернетот. Сепак гласам за весник (незаменливо ми е чувството на хартија во рака).
 
Весник дефинитивно можеби малце застарено но станувам и на маса секогаш имам по 1 вест зимам кафето и си читам и си читам :) а после тоа следува нетот не дека се замарам со информациите ама има хороскоп виц некоја девојка/тетка за гледање и така ... :свиркам:
 
Интернетот ми е главен извор на информација, пошто најбрзо се актуализираат вестите. Сепак весниците доцнат најмалку ден. Но пак претежно читам интернетстраниците на весниците, пошто при читајне не веста и квалитетот е битен и мислам весниците колку толку држат ниво со јазик, стил итн. На интернетот артиклите плус се помали и може преку цел ден да се информираш без многу трошејне на време. Ама сепак редовно и читам весници и неделни магазини пошто тука има и други текстови, не само секојдневна информација што се случило и секако дека има поголеми репортажи кој исто сакам да ги читам. Тука ќе треба повеќе време, затоа важно е да правиш некоја преселекција на вестите пошто не може се да читаш (освен ако имаш доста време). ТВ слабо го користам за вести, ама и квалитетот на истите е на многу ниско нови. Радио ич не користам, само во кола али поќе за музика слушајне.
 
Сум кликнал набрзака за интернетот, но овака коа ќе подразмислам повеќе го користам весникот. Зошто повеќето од она што го читам на нет не е информација туку муабети и мислења од рекла казала.
 
комбинација од три, интернет, весник и ТВ. иако незаменливо ми е чуството на утринско кафе со весник пред мене, иако вчерашен, но ритуал е ритуал :)
 
Основен извор на информирање интернет ама и весниците се таман кога има некое списание или било шо информативно :) :)
 
Бидејќи работев во неколку ТВ-а одредено време, препорачувам да се избегнува, скоро секаде се известува селективно, а како главен извор на информирање за мене секако многу поверодостојни се интернетот, некои од весниците исто така, а во последно време социјалните мрежи највеќе :)
 
Значи сепак според професионалец како тебе социјалните мрежи, весниците, и интернетот најпрепорачливи за верување во информирањево се ? ?
 
Значи сепак според професионалец како тебе социјалните мрежи, весниците, и интернетот најпрепорачливи за верување во информирањево се ? ?
Со оглед на состојбата во телевизиите како што е во моментов да....весниците можеби најверодостојни, потоа интернетот. Телевизии никако!
 
Телевизиите од поодамна ми скурчија, ги претераа сите граници и скоро да не ги гледам, посебно не вести или други лигавици. Известуваат селективно и крајно пристрасно кон одредена гарнитура, лижат, лижат, лижат.. а мене ми се гади, гади, гади.... и ми пукна филмот па престанав да гледам телевизја. Не гледам веќе вести ниту пак лигавиците на латас, миленко, јанко, мирка и други блујавици од новинари... ниту пак гледам каква било реклама. На ниедна наша телевизија нема квалитетна емисија. Гледам само спорт и документарци а поретко и по некој филм и тоа главно на странски телевизии.
Весници читам и ми прават кеиф со утринското кафе и цигарче ама ги читам одназад и не го читам делот со политика и други лигурии оти и тој медиумски простор е загаден.
Најмногу се информирам на интернетот но не по весници и разни портали за кои сите знаеме кој чии портал е. Ама си отворам кајгана и веднаш ги имам сите информации. Убаво е кога нешто се случило и веднаш истото се коментира на кајгана па обично на форумот имаме и луѓе кои биле блиску до настанот или ги познавале актерите.... така да од сите дискусии човек ке ја види реалната слика за настанот...
Сакам радио и слушам радио но и на радијата се случува истото што и на телевизијата и таму знаеме кое чие радио е и како може да информира. Слушам радио но обично музика.
 
Дефинитивно интернетот има се на него така да немам потреба да чекам вестите да почнат да видам што се дешава по светот.
 
Со оглед на состојбата во телевизиите како што е во моментов да....весниците можеби најверодостојни, потоа интернетот. Телевизии никако!
Па богами од турскиве и шпанскиве серии на телевизија има само време за вонредни вести :D :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom