PIRATIC
diplomiran klozetar
Што би сакала повеќе: да бидеш сама а среќна или со некој вол под рака а несреќна? Би трпела ли секакво говедо покрај себе, само за да не бидеш сама? Би била ли посреќна ако треба да платиш за некој да те сака? Би била ли радосна некој постојано да те понижува, малтретира а се тоа само за да не си сама? Знаеш ли колку луѓе се во "врска" а се чувствуваат поосамени од оние кои немаат никого до себе? Знаеш ли колку луѓе се лажат себеси дека имаат на кого да се потпрат, а уствари до себе имаат сенка и се потпираат на празно, ама пусто страв од осаменост или шо ќе кажат луѓетоЗнаеш ли колку луѓе се лажно среќни?
Животот е пред тебе, а тоа шо е твое ќе дојде. Внимателно бирај шо ќе водиш до себе, затоа што колку се цениш толку и ќе те ценат.
Браво постов ти е топ и 100% реален и на место !

А што се однесува до тоа болдираното, за жал навистина е така во овие наши краишта, дури имам чувство дека некои и фаќаат партнер/ка(дечко/девојка) само колку да не испаднат различни од околината, демек нели што ќе кажат луѓето(Балкан) !
А имам и чувство дека дури и срамота е да си сам т.е. да немаш дечко/девојка, па некои и лажат дека имаат, а некои и фаќаат партнер/ка само колку да се покажат демек не се различни од другите и демек се способни, брееееј Сфаќањата на Балканов дефинитивно неможе да се променат, менталитетот, сфаќањата и културата денеска се потполно исти како и пред неколку векови !