Осаменоста

  • Креатор на темата Креатор на темата Katerina :)
  • Време на започнување Време на започнување
Знам дека немам доволна самодоверба сакам да ја стекнам но незнам што ми се случува би сакала да се подобри ситуацијава да ме примеќаат но не верувам дека би успело такво нешто и неможам сега некој што ми се свиѓа да одам и да му речам е кај си бе ми се свиѓаш а со него ни здраво не си велам

Не си единствената која мисли така,зошто мислиш дека не те примеќаат,ти веќе си имала дечко како што кажа,како дојде до таа врска,тогаш направи го истото за да влезеш во нова врска.Опушти се девојко млада си,убава ми се допаѓаш,би сакал да се запознаеме поубаво,да се видиме на едно кафе да направиме еден лежерен муабет,да видам што најмогу сакаш која е твојата страст,многу убаво изгледаш и потоа идат комплименти како на пример имаш убави усни колку би сакал да го осетам твојот вкус и ред друго.Кога го читаше ова кај тебе побуди возбуда, вакви слични муабети можеш да искористиш,само ќе смениш текст како ти се обраќаш на некое машко.Многу е лесно женско да одвлече внимание на еден маж,барем моето внимание.Потоа исто така следи еден проблем односно недостаток на зборови односно незнаеш како да го тераш разговорот незнаеш за што да зборуваш стануваш нервозна.Тогаш пробај со многу попрост муабет.На пример кога би сакала да запознаеш некој,ќе се приближиш до таа особа и вака:Здраво потоа ќе прашаш дали би сакал да се запознаеме (100% нема да ти рече не),па потоа следат некои прости муабети што мислам дека не би биле битни за двајцата како на пример што музика слушаш,доколку си во некој кафиќ ќе прашаш првпат ли си овде,како ти се допаѓа потоа комплименти...Сеа ја на кратко ти објаснувам што да правиш од кога ќе свртите еден мал муабет ќе се осеќаш по опуштена и по самоуверена.Запази го погледот eye contact говорот на телото е една од најважните работи,немој да бидеш нервозна,покани го на плес,дозволи да ги стави рацете на твојата половина така и он ќе се чуствува поблиску до тебе...Најважно опуштено и само напред не покажувај здрвеност и нервоза со тоа губиш,биди насмеана,шармантна. I guess this was helpful :D
Ако имаш повеќе прашања прашуј немај гајле со задоволство ќе одговорам!! :D
 
Makarov's Lead ме потсеќа на еден филм со Вил Смит каде што истоимениот глумец глуми љубовен агент кој што им ги решава љубовните проблеми на сите,но неможе да си го реши својот :pos:.
Инаку филмот се вика Hitch покрај него во главна улога е и Ева Мендез,кој го гледал филмот знае за што зборувам.(y):LOL:
 
Makarov's Lead ме потсеќа на еден филм со Вил Смит каде што истоимениот глумец глуми љубовен агент кој што им ги решава љубовните проблеми на сите,но неможе да си го реши својот :pos:.
Инаку филмот се вика Hitch покрај него во главна улога е и Ева Мендез кој го гледал филмот знае за што зборувам.(y):LOL:

Да бев поназат малце ќе беше во право али..ХАх го имам глеано филмот
 
На човек што има проблем со самодоверба не можеш да му кажеш - оди пушти се на се машко што мрда. Прво треба да научиш да си среќна сама со себе и да се опуштиш, да не размислуваш премногу на тоа што треба да кажеш, да се смееш почесто, луѓето кога ќе видат позитивен човек полесно им е да скршат мраз и да почнат муабет. Ако си намуртена кога си излезена или замислена, тешко ќе ти пријде некој. Играј, смеј се почесто и верувај во самата себе. Ако не се сакаш сама, никој нема да те сака. Звучи клише, ама јас верувам во тоа, иако и јас сама не го употребувам секогаш.
 
Па тоа и јас го потенцирав од лично искуство ти зборам се е до човечката психа и самоконтрола неможе,некој друг да го искорени твојот недостаток на самодоверба ако ти самиот не си свесен за тоа!!
 
Па тоа и јас го потенцирав од лично искуство ти зборам се е до човечката психа и самоконтрола неможе,некој друг да го искорени твојот недостаток на самодоверба ако ти самиот не си свесен за тоа!!

Јасно, но ако некој има недостаток на самодоверба, не може да почне да ја гради со тоа што ќе се пушта на се живо и диво, затоа што ако има некој без самодоверба и истиот биде одбиен, тогаш уште потешко ќе и падне на одбиената личност. Затоа полека, прво човек да изгради здрав став спрема самиот себе, па после да се пушта во поход. Срамежливоста е огромна пречка.
 
Па ти изглеа не ме пратиш од прееска што зборам само ме критикуваш дека давам погрешни совети дај прво види што имам погоре напишано па после да правиме здрав муабет ај поздрав!
 
Па ти изглеа не ме пратиш од прееска што зборам само ме критикуваш дека давам погрешни совети дај прво види што имам погоре напишано па после да правиме здрав муабет ај поздрав!

Не те нападнав, кај виде дека те нападнав...:unsure: Само си правиме муабет...:noze:
 
Katerina :) напиша:
Знам дека немам доволна самодоверба сакам да ја стекнам но незнам што ми се случува би сакала да се подобри ситуацијава да ме примеќаат но не верувам дека би успело такво нешто и неможам сега некој што ми се свиѓа да одам и да му речам е кај си бе ми се свиѓаш а со него ни здраво не си велам
прво не знаеш туку мислиш дека немаш самодоверба. Друго престани да ги слушаш луѓето. Испадни пред другарки те и речи им мојата среќа не зависи од вас. Да те примеќаат ? Кој не те приметува девојко , те приметуваат само привлекуваш срамежливи луѓе на кои им е страв да ти пријдад. Знаеш кога ќе видиш дечко пашај се зошто не ми приоѓа , сигурно му е страв да не го одбијам . Сега ќе му покажам дека не сум таква. Оди со вакви мисли. Отфрли го притисокот другарки и дечко , немај очекувања.
Сит 1 . Имаш очекување и ти ствара притисок откако тој те забележува ти паќа камен од срце
сит 2. Немаш очекување едноставно приоѓаш , нема притисок и те забележува и ти се среќна.
Што е подобро ,да се издишиш или да бидеш среќна
 
Вака дали се плашите да сте осамени јас мислев дека нема да дојде тој ден но ете како што гледам се оди натаму...веќе имам 18 години и досега само еднаш сум имала дечко веќе ја изгубив вербата во љубовта и се мислам дали јас веќе некогаш ке имам дечко пошто поминаа 3 години јас сум сама незнам веќе што да правам .....се сум потажна и потажна ништо неможе да ме развесели

Во животот никогаш нема да бидеш осамен. Никогаш! Дури и кога ќе умриш, околу тебе ќе има луѓе кои ќе бидат на иста класа како и ти.
Друго нешто што сакав да кажам, односно да цитирам:
веќе имам 18 години и досега само еднаш сум имала дечко веќе ја изгубив вербата во љубовта и се мислам дали јас веќе некогаш ке имам дечко пошто поминаа 3 години јас сум сама незнам веќе што да правам
Си имала 1 до сеа и послем него си ја изгубила вербата кон љубота? Значи самата го даваш одговорот на твоето прашања меѓу твојата "приказна". Значи Катерина,луѓето околу тебе губат фамилија, роднини, најблиску пријатели кои веќе нема да се вратат, и тие луѓе треба да западнат во депресија и да се осеќаат сами? Не, тие воопшто нема да го прават тоа. Тие нема никогаш да бидат понатаму сами, напротив, не ја мешај самотијата со тагата кон изгубената личност. Што сакав да кажам со ова, ти ради тој некој си буљаш што одел со тебе само да шамари крајници додека за него не дојдеш да бидиш "со поминат рок", ради него ти ќе паѓаш во депресии и ќе велиш дека си осамена? Не, не си осамена во никој случај. Тажна си затоа што си ја изгубила таа личност доколку ти била важна ( претпоставувам не толку важна ако веќе те напиштуила, но тоа не е моја работа да се мешам), но не си осамена :) Ти имаш другарки, другари, брат, сестра, фамилија или незнам што уште друго , не читав во другите постови, но важно имаш некој со кого можеш да се чуствуваш сигурна. Не е се во дечкото, туку се е во твојот мозок, односно психа. Твојата психа те тера да гледаш и размислуваш така на работите. Немој да се осеќаш сама ради некоја банална работа за која нема личност (Стара, млада) на која не му се десила. Луѓе се оставаат во брак и што треба да се осеќаат сами до крајот? Не. Не биди дете за твоите години со вакви размислувања, продолжи си го животот и еден ден ќе ти се насмевни и љубовта и среќата и се што ти треба.

п.с. Среќата и Осаменоста не се најдуваат, тие сами личноста како личност ги створува.
Се надевам ја разбра реченицава послем сето ова :)
 
Вака дали се плашите да сте осамени јас мислев дека нема да дојде тој ден но ете како што гледам се оди натаму...веќе имам 18 години и досега само еднаш сум имала дечко веќе ја изгубив вербата во љубовта и се мислам дали јас веќе некогаш ке имам дечко пошто поминаа 3 години јас сум сама незнам веќе што да правам .....се сум потажна и потажна ништо неможе да ме развесели
You gain strength, courage, and confidence by every experience by which you really stop to look fear in the face. You are able to say to yourself, 'I lived through this horror. I can take the next thing that comes along.
 
Јас го сфаќам и разбирам девојчево донекаде, бидејќи и јас го имам истиот/сличен проблем веќе подолг временски период(неколку години), инаку машко сум и сум повозрасен од неа(скоро 26ка сум) !
Наоѓањето/Фаќањето на партнер(дечко/девојка) и не е баш туку-така едноставна и лесна работа, како што навидум изгледа дека е, но сепак се си зависи од самата индивидуа т.е. од типот на индивидуата/поединецот !
Многу работи/фактори играат тука улога, самата околина и друштво, физикус, психикус . . . .
Е сега знам дека човек постојано си го поставува прашањето во што е проблемот и секогаш себеси си се обвинува и се преиспитува ............... глуп сум, ама има и далеку поглупи од мене(типични имбецили) кои ете успеале, грд сум, ама има и други кои ете не се баш глумци во физички смисол па пак успеале, за сиромав не сум сиромав, ги имам основните услови и средства за живот(куќа, кола... работа и пари чат-пат некад има повеќе, некад има помалку) so what is the problem ?!
Изгледа нешто средината/опкружувањето не ми одговара, а друштво моментално немам, старото друштво(неколкумина) одамна ни се растури, бидејќи сите пораснавме и секој си тргна по својот пат ..... некој по факултети, некој по работа .......... така да го разбирам донекаде девојчево што сака да каже !
 
Така е ама,тој што фатил вика дека е лесна работа а тој што не фатил вика дека не е едноставно...
 
Така е ама,тој што фатил вика дека е лесна работа а тој што не фатил вика дека не е едноставно...

Да фатиш не е толку тешко, тешкото е да задржиш. Тука треба труд.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom