Осаменоста

  • Креатор на темата Креатор на темата Katerina :)
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 април 2012
Мислења
19
Поени од реакции
2
Возраст
30
Вака дали се плашите да сте осамени јас мислев дека нема да дојде тој ден но ете како што гледам се оди натаму...веќе имам 18 години и досега само еднаш сум имала дечко веќе ја изгубив вербата во љубовта и се мислам дали јас веќе некогаш ке имам дечко пошто поминаа 3 години јас сум сама незнам веќе што да правам .....се сум потажна и потажна ништо неможе да ме развесели
 
Абе и ја така мислев до пред некоја година и од кога размислив сфатив дека не треба да се замараш и ич да не те боле,излегувај во град,флертувај па женско си да му се сневиди нема да зажалиш веруј ми и да те одбијат ти е гајле нели!!! Е тоа ти е 1 од моите многу рецепти хха.Ако ти треби дополнителен совет аск ми !!!
 
Бројот на дечковци не е показател за тоа дали ти е добар љубовниот живот или не. Млада си, имаш живот пред себе, не очајувај. Нормално е човек да се осеќа осамено во одреден период од животот, па заради осаменост да ги направи најголемите грешки за кои подоцна ќе се кае. Полека, имај трпение, имај попозитивен став кон животот и полесно ќе ти се склопат коцките.(y)
 
Те лаже не ја слушај и она нема дечко мене слушај ме има цел град да го легнеш.хахаха се шалам
 
Те лаже не ја слушај и она нема дечко мене слушај ме има цел град да го легнеш.хахаха се шалам

Да не гаташ на гравчиња случајно па да знаеш? :pipi:
 
Фала многу но знаете веќе сите мои другарки имат дечковци а јас сум сама знам дека не е важен бројот на дечковци но и јас би сакала да имам некој со кој што ќе ја споделам мојата љубов,тага,среќа
 
Фала многу но знаете веќе сите мои другарки имат дечковци а јас сум сама знам дека не е важен бројот на дечковци но и јас би сакала да имам некој со кој што ќе ја споделам мојата љубов,тага,среќа

Kakо што реков не си ти единствената која мисли така... Треба едноставно да ти е гајле излези во град има толку многу момци што чекаат да бидат уловени,може и тебе некој ке те улови не знаеш. Е сега има друга работа и најглавна за ваквиот вид на проблем односно стравот да бидеш одбиена што е многу нормално,доколку тоа те мачи можам да ти дадам еден добар совет кој сигурно ќе го уништи тој страв во тебе Trust me i'm professional!!!
 
Фала многу но знаете веќе сите мои другарки имат дечковци а јас сум сама знам дека не е важен бројот на дечковци но и јас би сакала да имам некој со кој што ќе ја споделам мојата љубов,тага,среќа

sega ne si sama me imas mene :pipi:
se ce se sluci spontano samo treba vreme ne brzaj ce ti se nasmee srejkata, ako baras stabilna vrska vo denesno vreme e retka i saka povejke verme da pomine dodeka da ja najdes vistinskata lubov :)
 
Фала многу но знаете веќе сите мои другарки имат дечковци а јас сум сама знам дека не е важен бројот на дечковци но и јас би сакала да имам некој со кој што ќе ја споделам мојата љубов,тага,среќа
Сите го сакаат тоа и речиси сите биле во ситуација кога повеќето од нивното друштво биле во врска, а тие биле сами. Нема ништо страшно во тоа. Едноставно надогради си ја самодовербата, избриши ја несигурноста и многу полесно ќе ти биде.
 
Kakо што реков не си ти единствената која мисли така... Треба едноставно да ти е гајле излези во град има толку многу момци што чекаат да бидат уловени,може и тебе некој ке те улови не знаеш. Е сега има друга работа и најглавна за ваквиот вид на проблем односно стравот да бидеш одбиена што е многу нормално,доколку тоа те мачи можам да ти дадам еден добар совет кој сигурно ќе го уништи тој страв во тебе Trust me i'm professional!!! слободно давај совети баш ми се потребни
 
Сите сме биле у таква ситуација и ја потполно те разбирам, нема човек ни богат ни убав ни славен ни непознат кој не поминал низ таа самотија.Всушност тоа е животот ,така растеме и така созреваме ко луге.Затоа не очајувај.Млада си животот е пред тебе .
 
Катерина, секој од нас потајно се плаши да не остане сам. Тие што не се во врска се плашат дека никогаш нема да влезат во истата, а тие што се во врска пак се плашат да не излезат од истата.
Плашењето е најнормална појава, само треба да се минимизира колку што е можно повеќе.Во ниту еден случај не смееме да дозволиме стравот да не надвлладее и да управува со нас.
Ослободи се од стравот и дечкото сам ќе си дојде :).
Си се запрашала ли некогаш зошто девојките што имаат дечковци имаат и огромен број на удварачи (ако си приметила)? - одговорот е во самодовербата.
Затоа уживај во животот, не се замарај со глупости и не пребирај многу зашто сликата за идеален партнер (која сите ние ја имаме) не спречува да бидеме среќни. Идеалности не постојат, а верувала или не, некогаш дечкото за кој сме мислеле дека никогаш нема да се вклопи во нашиот живот може да ни ја донесе најголемата среќа.
Биди среќна и нека не те интересираат туѓите мислења, не очајувај, млада си ;).
 
има огромна разлика меѓу самотија и осаменост...може да бидеш опкружен од многу луѓе и да се чувствуваш осамено, или пак да бидеш во Калахари, а сепак да не се чувствуваш осамен

меѓучовечката интеракција е многу сложена....но најважно е дека не треба да чекаш другите да се прилагодат кон тебе....туку ти треба да го направиш првиот чекор....

треба да бидеш она што си, но треба да ги почитуваш другите....бидејќи секој има право на свој избор, свое мислење

сега си во години кога мислиш дека целиот свет е против тебе...дека животот нема смисла....дека сите се посреќни од тебе и слично....но верувај најголемиот дел от членовиве на форумов (постари по години) поминале низ сличен период во својот живот
 
Епа Катеринче ми отвори работа ама ако задоволство ми е да давам совети што ќе помогнат...Да се навратиме...
Зборуваме за страв од одбивање или "Корпа" народски познато.Има многу начини за искоренување на оваа да не речам фобија.Ја ќе ти дадам еден свој рецепт.
Се дотеруваш убаво,излегуваш во град и со твоите другарки идеш негде во кафиќ,на забава,диско незнам каде, со тебе ќе си понесеш едно ливче и ќе играш една игра.
Играта се состои од поени кои се добиваат со одбивање значи треба да гледаш што повеќе да те одбијат за повеќе поени.Ќе прашуваш момци што воопшто не ги знаеш на пример какво е времето денес,па каков ти беше денот и ред глупи прашања.Втора фаза следат дејтови кафе, плес ова она ќе флерташ ќе се пушташ можеби ќе бидеш одбиена ама тоа е добро за тебе собираш поени дури и може да се натпреваруваш со некоја твоја другарка кој повеќе корпи ќе добие нели ова е игра.Така постепено секој ден ќе ти олеснува ќе бидеш по опуштена и ќе се ставиш во акција и веруј ми помага со ова 85% од тој страв ќе го искорениш и ќе сфатиш дека нема ништо лошо во тоа да те обие некој!!! Овој совет сум го давал на многу луѓе и до ден денес ми се благодарни.Ако ти треба друг совет прашај тука сум да помогнам.Good Luck have fun!!! ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom