Ортаци

  • Креатор на темата Креатор на темата JohnKav
  • Време на започнување Време на започнување

Ортак во бизнис ?

  • Да

    Гласови: 14 28,6%
  • Не

    Гласови: 27 55,1%
  • Воздржан

    Гласови: 8 16,3%

  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .

JohnKav

Комедијант
Член од
18 јуни 2010
Мислења
57
Поени од реакции
8
Локација
Некаде во Македонија
Здраво до сите кајганџии. Прелистував - па не сретнав ваква тема, се надевам дека ќе биде од корист оти нели две глави подобро размислуваат од една , а доколку се вклучи трета се пропаѓа во вода :) па затоа ја отворив темата. Прво си барам ортак во моментов за добра и исплатлива работа во EU па кој има желба за соработка нека ме контактира во ПП, а друго се надевам и некој друг освен мене ке си го најде ортакот во бизнисот - па среќно :)
 
Ти ја знаеш онаа поговорка: „Да било добро ортак да се има и господ ќе имал ортак“?
 
Во денешно време тешко дека ќе оствариш добар бизнис и тоа со ортак така да мојот конечен одговор на ова е НЕ од многу причини ...
 
Здраво до сите кајганџии. Прелистував - па не сретнав ваква тема, се надевам дека ќе биде од корист оти нели две глави подобро размислуваат од една , а доколку се вклучи трета се пропаѓа во вода :) па затоа ја отворив темата. Прво си барам ортак во моментов за добра и исплатлива работа во EU па кој има желба за соработка нека ме контактира во ПП, а друго се надевам и некој друг освен мене ке си го најде ортакот во бизнисот - па среќно :)
Целта на форумот е да се отвори конверазација и да учествуваат во истата повеќе форумџии.
Твојава тема всушност повече наликува на оглас и не дозволува на никој начин да се рашири и да се разменат мислења, па затоа наместо да повикуваш на пп подобро јавно искажи се тука кога веќе отвораш нова тема
 
...прво и основно мора да се дефинира и прецизира терминот ортак....дали под ортак подразбирате само човек кој помага финансиски и добива дел од заработката...или човек со кој заедно превземате ризици, донесувате одлуки но и заедно ги трпите последиците.....
 
Ортак ти е пријателе, пријател кој го познаваш одамна ( другари од детство , познаници од работа кај што си работел порано ) па заедно да се ангажирате да си створите своја компанија и истата да ја водите заедно. Е сеа проблемот е што денеска тешко таков човек да најдеш, бидејќи денес ти е ортак а утре може ќе сака да ти ја преземе компанијата или да ти се праи шеф и неможеш со него да се договориш за одредена цел, било продажба или услуга и слично. Гласав за САМ бидејќи мислам дека САМ СВОЈ ГАЗДА си е најдобра опција.
 
Ако се работи со прав човек секогаш ќе биде како што треба.Секој треба да си го гледа својот интерес а и на партнерот тогаш се е како што треба.Соработка се вика повеќе отколку ортаклук.Јас така го подразбирам
 
јас имам ортак во бизнис, засега давам оценка 3од 5
инаку ортак понекогаш е многу неопходен, јас сум застапник на тезата дека волкот е дебел во вратот зошто сам си ја брка работата, ама се погоди во една работа јас да сум неспособен (не е мое поле) па мојата работа останува незавршена. Тој ја дозавршува мојата работа ама неможе да ја започне сам и несависно да си ја брка, затоа му требам јас. Многу е полесно кога работата е јасно поделена, многу е јасно каде се грешките па така и соработката е подмачкана. Арно ама ако го нацапаш некој табиет многу ќе патиш....
 
Ако се работи со прав човек секогаш ќе биде како што треба.Секој треба да си го гледа својот интерес а и на партнерот тогаш се е како што треба.Соработка се вика повеќе отколку ортаклук.Јас така го подразбирам

Оти парите да ги делиш со некој кога може да останат сите за тебе ? :D
 
Оти парите да ги делиш со некој кога може да останат сите за тебе ? :D
Не е се во парите.А кога ќе те превари некој зошто да не го бркате заедно.......
Многу сме гладни како луѓе.Мое мото е подобро да имаме сите пари отколку само јас.
Клинтон убаво напиша.И јас работам исто и јасно ми е како оди..Исто 3 од 5 би дал ама не е 1.
Многу повеќе има обврска и тој како партнер отколку како работник.Подобро врапче во рака отколку Гулаб на гранка.И кој со колку е задоволен.Ако си гладен за пари никогаш нема да бидеш сит,секогаш ќе ти фали во вреќата уште
 
каков ортак бе, во денешно време не може да имаш ортак за бизнис.
колку само случки познавам кај што двајца браќа или две сестри или сестра и брат или кумови или другари од детството почнале заедно бизнис и лом се направиле.
на пример ќе дојдат поголеми сметки и кредити за плаќање и едниот од ортаците ќе рече: -Извини ама ја во моментов немам пари...... и што? ќе го убиеш?
плус сета заработувачка ќе треба на два дела да се дели. па ако се работи за дуќан може да дојде до забуна заради смените, па дали да има вработени или не, бла, бла.......
триста глупости.
најдобро е сам за вакви работи и крај
 
Во светов статистички земено ортачки бизниси има најмалку, па потоа следат големи бизниси и мали бизниси како најзастапени.

По школска дефиниција ортачките бизниси се ризични од аспект на пари и комуникација. Одговараш со целиот имот и распределбата на обврски, поделба на работа, недоволна специјализација отежнуваат уште повеќе. Исто меѓусебните односи можат да се уништат многу брзо и лесно.
 
Можно е ама како што спомнаа постојат ризици.
Треба човек од доверба, а во денешно време тешко се наоѓа таков човек.
Понатаму спомна некој погоре пријател од детството или друга врста пријател и тука треба да се обрне големо влијание тоа што се пријатели не значи дека во бизнис муабетот ќе се сложувате и на крај може да испадне и без пријател и без пари така да и тоа е еден меч со две острици.

Идејата не е лоша, но со оглед на мојов карактер не верувам дека би се нафатил на такво нешто.
 
Да , ако сте во добивка , добивате и двајцата ако губите , губите и двајцата , едноставно се е поделено на два , така да нема некоја загуба или добивка самостална.
Тие што се на настроени како тимски играчи , можат да "играт" со ортаци/соиграчи , тие што обожаваат тенис и шах ќе речат не ти треба.
Секако не е секој ортак ист , но ако и вие самите одите на нешто неразумно , и вие би биле таков ортак кого никој не го посакува.
Мојот одговор е ДА.
 
Back
На врв Bottom