Orphan Black

  • Креатор на темата Креатор на темата HoT IcE
  • Време на започнување Време на започнување
Одлична е, серија од класата на Фринџ, не е топ квалитет серија ама итекако квалитетна и многу се разликува од оснтанатите типични американски shit tv show made for profit.
 
1381204_565591810143015_1174217109_n.jpg
 
Само три епизоди имам изгледано па сеуште немам баш оформено мислење иако сега засега е позитивно.

Еве и јас ќе повторам на Татјана треба одма да и дадат оскар за тоа колку ликови толку добро паралелно ги глуми.
 
Не знам зошто толку неутрални мислења на почетокот од темава.

Серијата е нешто феноменално. Ја изгледав на два пати, од прва по петта епизода, и од шеста до крај. Многу catchy и заразна серија, најдобро нешто што сум гледал во последно време.

А за Татјана немам зборови. Глуми лик кој глуми дека глуми друг лик кој глуми друг лик. Некогаш заборавам дека само една актерка е, сите ликови си ги оживува на свој начин.
Косима е срцка, омилен клон ми е, покрај Хелена, која со Алисон се толку многу комплексено изградени, секоја чест.

Gotta love Orphan Black - не му ја мислете, најтопла препорака (y)
 
Абе темава уште била во живот а? Мило ми е, мислев дека поголемиот дел го делите истото мислење со Псај и вот дека серијава не е ништо посебно па помислив дека се запустила темава. :P
Уште 3 месеци и ќе почне нова сезона, и кога веќе спомнувате омилени клонови, а јас забровавив да си спомнам, и мене ми е Алисон омилен клон, мада и Косима е catchy. :coffee:
 
Уште 3 недели. На толку хајп на ГоТ ја заборавивме оваа.
 
Ќе треба да се потсетам малце на прва сезона, имам доста заборавено.
 
Почнав да ја гледам онака, ради реда. Не мислев дека ќе биде нешто посебно. Али се заразив. Незнам дали има нешто друго слично, ама мене ми е баш уникатна во споредба со се` што имам гледано. А сакам различно :D
Јас планирам да ја гледам цела прва сезона од почеток :D Мора да се потсетам на се`, зашто обично заборавам :icon_lol:
Уште 2 недели :vozbud:
 
orphan.black.the.cloneversation.720p.hdtv.x264-2hd

ова е неколку дена пред да почне 2ра сезона, емисијата ја води will wheaton и гости се главниве актери, patton oswalt и режисерите.
покажуваат неколку сцени како снимаат со клоновите.
 
Отсекогаш ме интересирало како снимаат со клонови. Тенкју Анон, доста работи разјаснети, и прилично интересна работа.(y)
 
Интересно ми е како, иако е истата актерка, ги гледам како различни :D Дури и кога Сара ја глумеше Касима, Татјана не ја глумеше Касима туку Сара претворена во Касима. Незнам дали го опишав убаво. Стварно е многу добра.

Типот што го глуми Феликс, Џордан, е многу различен без шминка :D Се прашувам дали е геј во реален живот :P

Интересно ова со клоновиве како се снима. Јас го замислував повеќе како тоа со трајподот или што и да беше. Незнаев дека користат и даблс за тоа :D

Хелена е жива? :eek: Како? И го утна срцето?
 
СестрА!! :D Интересен крај 2 сезона.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom