Orphan Black

  • Креатор на темата Креатор на темата HoT IcE
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки, ја почнавте третата сезона? Јас ги изгледав првите две епизоди и не можам крај со крај да сврзам. Се ми е испомешано. Дали дека помина долго време од втората сезона или што е работата не знам. Изгледа ќе прекинам да ја гледам. :(
 
ја почнав вчера да ја гледам многу заразна ми стана, добра е сега за сега :D
 
На средина од четврта сезона моментално.
Ми требаше малце поразлична серија, па оваа ми се виде интересна. На почеток ми беше многу добра, маратонски и седнав епизода по епизода. И сега не дека не ми е ок, али многу работи испомешаа и ми се мати памет кога мислам што било и како.
Секако ќе ја догледам, а во план ми е и петтата сезона догодина. Би гледала и 10 сезони ако глуми Татјана, женава е родена за улогава. Секој клон го гледам ко различна особа, иако знам дека е таа истата. Го има ликот на сите дотолку разработено, не само акцент, туку и гестови, манири, немам зборови, секоја и чест.
Алисон и Косима ми се омилени.
 
Штета не е активна темата денес ја завршив добра серија ми се допадна и крајот. Сега има и аудио книга нешто како 6 сезона(Се мислам дали да ја слушнам ја има онлајн ама некако не ми се губи време и плус да не си го расипам добриот крај). Иако е пишано и претходните страни предобра глума на Татјана и заслужено Еми.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom