Оригиналност

  • Креатор на темата Креатор на темата SWEDEN
  • Време на започнување Време на започнување

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Огледалата се кршат, се кршат, се кршат...
Милиони копии пропаѓаат во себеси,
Манијаци се играат во одразот на вечноста,
А ха ха ха ха ха ха ха ха...
Смејте се, побрзо, возот ќе избега, смејте се пред да пропаднеме сите,
Не постои збор да го преточи звукот на огледалото кога умира,
а парчињата кои се смеат се премали за да се видиме себеси
како го убиваме последниот херој
Се смееме... А ножот тоне во ветрот.

ПС текстот не е мој

Кое е Вашето мислење ?
 
Огледалата се кршат, се кршат, се кршат...
Милиони копии пропаѓаат во себеси,
Манијаци се играат во одразот на вечноста,
А ха ха ха ха ха ха ха ха...
Смејте се, побрзо, возот ќе избега, смејте се пред да пропаднеме сите,
Не постои збор да го преточи звукот на огледалото кога умира,
а парчињата кои се смеат се премали за да се видиме себеси
како го убиваме последниот херој
Се смееме... А ножот тоне во ветрот.

ПС текстот не е мој

Кое е Вашето мислење ?
Текстот е на член на форумов, поточно Sith Lord. Али не знам у кој контекст е ставен во темава..Дај дообјасни (Инаку верувам дека не би му било мило вака да му ги користиш стиховите:nesum:)
 
Па збори за оригиналност , ми се допага , немаше име ја од кај го земав ... ако се љути нека каже ке го бришам
 
Најмногу што може е да напишеш чиј е. Али Ада веќе спомна - така да може да се продолжи со дискусијата за оригиналност, нели?
 
Па нормално јас не знам чиј е и не го поставив во пежоративен контекст на размислување
 
Сит,барај си копирајтс:)
Огледалата се кршат, се кршат, се кршат...
Милиони копии пропаѓаат во себеси,
Манијаци се играат во одразот на вечноста,
А ха ха ха ха ха ха ха ха...
Смејте се, побрзо, возот ќе избега, смејте се пред да пропаднеме сите,
Не постои збор да го преточи звукот на огледалото кога умира,
а парчињата кои се смеат се премали за да се видиме себеси
како го убиваме последниот херој
Се смееме... А ножот тоне во ветрот.
Под огледалата се кршат,ја подразбирам ситуацијата што ни се случува на сите во општеството.Многу луѓе кои имитираат нечии животни стилови,а помалку оние кои сами на себе си претставуваат огледала.Нема единка,има мали парченца кои не се еднакви кога ќе се скршат да,но тие потекнуваат од првичното големо огледало.Исто е и со луѓето.Тие се дебели,слаби,булимични,анорексични,имаат кредити за отплата,се коцкаат,гледаат порно...но потекнуваат од една целина.А дали низ целиот живот биле имитатори на некој,не можеме со сигурност да утврдиме.Од малечки ни се наметнуваат туѓи морали и животни стилови кои треба да ги прифатиме.Понатамошниот развиток на една личност зависи од тоа дали ќе му дозволат да се развие и сам да сфати дека е сам по себе оригинален.Дали ќе дозволи да биде безфункционално парченце од скршеното огледало,или сеуште може некој да се огледа на него,всушност,не зависи од него.Зависи од околностите.
Според мене,никој не е оригинален,сите носиме во себе малку од она`имитаторското`.Сите сме бели листови хартија,а од нас зависи како ќе ја пополниме белината.Или пак од страв да не згрешиме ќе препишеме од соседниот до нас...стравот од неуспех,страв да се соочиш со другите и да речеш-па штоако е празен.Денес е страшно да си смел да покажеш дека имаш различни сфаќања,плукајте на оние кои велат дека сите имаат право на свое мислење и слобода на изразување,кога не е баш така.
Оригиналноста значи борба.Борба со огледалото.Кога ќе научиш да гледаш друга личност од спротивната страна,а не само твојот одраз,си ја постигнал целта.
 
Ќе се збори за оригиналноста или ќе се читаат и анализираат поезии?!?!?!
 
Се збори за оригиналноста.

Ама ако не се развие поголема дискусија, ќе се збори сека можеше да се збори за оригиналноста.
 
Се збори за оригиналноста.

Ама ако не се развие поголема дискусија, ќе се збори сека можеше да се збори за оригиналноста.


Па не гледам некоја оригиналност тука...Има само неколку стиха со компаративно значење и толку:nesvest:
 
Kako ne gledash ?

Citaj megu redovi malce... ova e vrv na originalnosta vo oblasta na poezijata napisana na Makedonski jazik vo poslednite 100 godini ...

Mnogu dlabok tekst oda na originalnosta
 
Кога ја протресеш песокта низ раце, на површината на раката остануваат уште најголемите, најубави камења, а другите се провираат низ прсти...Тоа е животот, селекцијата е неминовна......
 
citat za originalnosta

„Секој пат е само – пат. Затоа, не двоуми се дали да го напуштиш доколку срцето ти каже така да сториш... Испитај го внимателно, секој пат. Појди по него колку пати сакаш и колку далеку ќе решиш, за да го испробаш. А потоа запрашај се себе – и само себе! – Има ли овој пат срце!? Доколку има, тој пат е добар, доколку нема, залудно е да го арчиш животот на таков пат.“
Карлос Кастанеда: Учењето на Дон Хуан
 
Ај едно на англиски.
Don't follow where the path leads, go where there is no path and leave a trace.
Не оди кај што води патот, оди кај што нема пат и остави трага.:smir:

Исто и мојот титл.
Aut inveniam viam aut faciam
Или ќе најдам пат, или ќе направам.
 
Back
На врв Bottom