А кој кажа дека е розово..алооооооооооо ??! Каде виде и каде ме прочита дека е розово... Само кажав дека и порано и денес имаме иста сиромаштија...а некој упорно форсира дека денес е многу поголема сиромаштија од порано...абе како сите да имате колективна амнезија , па не памтите од пред 10 и повеќе години..цццц
пред 10 и повеке години имаше пари да се шета... сега нема пари за тоа, се рачуна и прерачунава едно мочано идење од 5-7 дена во охрид кое сами себеси се лажеме дека е летовање, пржејки пипер и пталиџан со сирење... ако се купи пилешки стек за ручек тоа е веќе ГОЗБА... за истиот тој период во годината
пред 10 и повеке години можевме да си отидеме во црна гора или хрватска (нај малку) на одмор, во хотел со платен аранжман за доручек, ручек и вечера. за истиот тој период (лето)
пред 10 и повеке години го видов египет, тунис, демајорка... а сега евентуално да ги гледам на телевизија и сликите од тогаш... денеска после 10 и повеке години, можеби можам да си дозволам до грција грција пошто се исти со цените од охридон наш насушен, само пак на кантар тураме дали да идеме или не, бидејки има нешто над 200 километри фазла возење, или па со автобус евентуално...
пред 10 и повеке години јадев во ресторан, доручек јадев негде на чорба, а за вечера кај ме згодило таму... ДЕНЕС доручкувам леб и паштета или маргарин, ставајки на кантар колку пари ми е доручекот и колку кошта една кришка леб... ручам што се зготвило ДОМА а често и ручекот и вечерата ми се едно исто, повторно она што се ЗГОТВИЛО ДОМА, повторно ставајки на кантар колку кошта овој оброк... ако се деси да јадеме месо, во принцип тоа се кебапчиња, купени од римес или промес, затоа што таму се нај евтини, и повторно тоа се рачуна за гозба...
пред 10 и повеке години, се купувало намирници за една недела нај малку, и кога да отвориш фрижидер, бил полн, од кој половината со нај различни пијалаци разладени... на денешно време се пазари денс за денес, зашто толку има на располагање, а и недај боже да треба да фрлиш нешто храна...
пред 10 и повеке години, не било проблем да отидеш на бензинска и да наточиш до таван гориво во резервоар.. денес се иде и се точи по 100-150 денари т.е. 2-3 литра, колку да не ме остаи попат...
пред 10 и повеке години... се живееше подобро од сега...
и сега, кажи ми дали
пред 10 и повеке години беше поголема сиромаштија одколку сега? уствари, баш ме заболе што ти мислиш, а богами и вмроовциве на форумов кои се пратени да ме убедуваат дека црното е бело само јас незнам.... меѓутоа СРАМ ДА ВИ Е што ширите невистини и лаги, срам да ви е што можеби си гледате само по себе... свретете се наоколу и погледнете кај се наогаме... оволку сиромаштија во македонија имало само во 1944-тата повоена година кога немало што да се јаде... од тогаш па до1985-та идеше нагоре, од85-та до 91 идеше рамно и од тогаш навака иде надоле, со мали застанувања на една права линија... секоја година е се пострашна и пострашна од претходната... работата опаѓа, куповната моќ се намалува, даноците се качуваат, трошоците рипаат и тука некој сега мене ке ме убедува дека денес не било полошо од вчера... ај бе бркајте работа...