(Општо) ваше резиме за годинава што минува, како и идеи, цели за следната

  • Креатор на темата Креатор на темата Saladin
  • Време на започнување Време на започнување

Saladin

被爆者
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.800
Поени од реакции
13.725
Значи најопшт опис како ви помина годинава, ваши цели кои (не) сте ги исполниле, пропратени со разочарувања, успеси, негирања, како и идеи кои ги имате зацртано за годината што доаѓа.
 
Лоша беше, добро ја снајде. Нек се гони и ич да не ја памтам. Не иде ова више вака, што е многу многу е. Глупа година. Не се осмелувам и нема да кажам полошо не може да е, зашо марфи и неговите тролфејс закони ќе се избацат од негде.
Добра страна, бев две недели во Италија на летна школа, тоа беше позитивно искуство. На емотивен план пар убави моменти и неиздржлива болка и дупка во мене.
Грдо годиниште.
Немам желби, ни очекувања, ни соништа, затоа што све тоа отиде во неповрат. Само сакам да сум здрава и жива, како и моите најблиски. Се останато, далеку е зад мене. Јас соништа више не сонувам. Во се што верував падна во вода и во мене има само разочарување, таман почна и самодоверба да ми се зголемува и тоа отиде у к. Така да, ќе си траам годинава, без надежи, очекувања и желби. На Нова Година ќе си посакам само здравје, желби не замислувам.
 
Па кога ќе седнам да размислам ја гледам како некоја празнина. Некако ништо посебно не направив оваа година, онака само си течеше. Се на се добра беше, не беше многу лоша ама не беше ни продуктивна. Следната се надевам само дека ќе биде подобра од оваа во секое поле и повеќе продуктивна.
 
На образовен и љубовен план беше супер,на финансиски план тапа.Се на се добра ми беше 2011та.
 
Ја поминав *во лер*.Задоволен до негде само лично (факултет) и толку.Премногу негативни работи општо - ненормалниве работи во државава како убиството на Мартин, (само)убиства со давење во најлонска кеса, ова последново со необучени пилоти со 20 годишно искуство итн.Колку и да сакаш да бегаш или да размислуваш за такви работи идат по тебе и немаш мир, психички те јадат.
 
Во глобала шит, летото беше прејако- журки, пијанки, жени, пари, работа се што сакам имаше. А овие глупиве месеци од септември до сега освен некоја женска, и чак пат пијанка ништо друго. Пред летото бев во сапунска врска пеколно лошо ми беше. Значи 27,3% пофалби а 72,7% жалби, лош процент дури очаен. Се надевам нареднава да биде подобра!

ПС. фактот што завршува оваа шит година многу ме радува ;)
 
Лоша беше, добро ја снајде. Нек се гони и ич да не ја памтам. Не иде ова више вака, што е многу многу е. Глупа година. Не се осмелувам и нема да кажам полошо не може да е, зашо марфи и неговите тролфејс закони ќе се избацат од негде.
Добра страна, бев две недели во Италија на летна школа, тоа беше позитивно искуство. На емотивен план пар убави моменти и неиздржлива болка и дупка во мене.
Грдо годиниште.
Немам желби, ни очекувања, ни соништа, затоа што све тоа отиде во неповрат. Само сакам да сум здрава и жива, како и моите најблиски. Се останато, далеку е зад мене. Јас соништа више не сонувам. Во се што верував падна во вода и во мене има само разочарување, таман почна и самодоверба да ми се зголемува и тоа отиде у к. Така да, ќе си траам годинава, без надежи, очекувања и желби. На Нова Година ќе си посакам само здравје, желби не замислувам.

Аман бре ме наежи. Дај малце позитивизам, млади сме уште мајкуму стара.
 
Годината на преоѓањето.
Во секој смисол. Се помалку замарањето со ствари банални во исходот. Она што навистина вреди - вреди. Другото е секундарно.
Би ја разделил на половини по половини годинава. Значи првата половина поише би ја нарекол ерата на негирање. Тука спаѓа разочараноста во самиот себе, критикувањето дека навистина можев подобро. Некаде во вториот квартал допирање на самото дно. Сето она што се акумулирало во последните 2-3 години ја удира последната битка во априлските денови за да сфатам дека навистина не вредат некои работи.
Април - Мај = преврат. Прифаќање на новите филозофии на животот - сервирани од соседството (другари/ки, родители) - егзистенционализам. Иако полека ова требаше да дојде до израз сепак потребно беше сопнувањето во претходните месеци.
Летото во мир и зближување на односите со фамилијата и луѓето кои навистина вредат.
Август - прифаќање на неизбежната ситуација кај личност столб на фамилијата со нејзино губење при самиот крај на месецот. После тоа затишје. 10тина дена. И понатаму продолжување на онаму каде што застанавме.
Октомври - ноември првите плодови од промената. Прифаќање на ликови од сопствениот живот како такви. Но не и судење за нивното однесување - едноставно такви се` иако не ми одговараат. Ноември (средината) почеток на отворена врска.Декември - гледање на исходот на истата. Но не превземање на подобрување. Не сеуште.
На професионален план - задоволен. Терам факс без замарање.

n.b. - некој ќе рече патетики се ова. Јас би рекол дека сите го имаме изодено патот на прифаќањето на нештата такви какви се. Тој кој не го почувствувал лошото, нема од што да се плаши.
 
Аман бре ме наежи. Дај малце позитивизам, млади сме уште мајкуму стара.

Позитивна личност сум најчесто, ова само моменталното разочарување најверојатно зборува од мене. Некогаш колку и да си позитивен и имаш позитивни мисли, ти доаѓа преку глава од се. :)
 
2011
јануари - алкохол у венама
февруари - 20 години....снег....топла ракија
март - кома
април - кома
мај - матури, ова она
јуни-декември - Куча-посо
***
накратко....љубов средно ниво.....
работа - супер...
другарчиња супер....
***
Прекрасна 2011.....
Среќна нова година
 
Од една страна добра беше годинава .. Научив многу работи особено за тоа како се прават парите .. Коцка не доаѓа предвид.. само работа.. Со љубовта се оди кон подобро..

Лоша е многу работи погрешив и ги заебав,а и многу срања ми се случија.. Се откажав од кик бокс,бокс поради несериозни тренери и услови.. Ова тешко ми падна.. Толку се внесов во боречки спортови што ми беше жал после 7 години да се откажам..Али тоа е..


Генерално гледано лоша беше годинава но ми е мило што сватив и научив доста работи.. валда нареднава ќе биде подобра o_O
 
Фала му на Господа одлична година беше ова за мене. На сите планови. Посакувам и наредната да ми биде ваква. Како и да е, здравје..па се друго :)
 
фак дис иар:) иако пола ја поминав во дубаи последниве 3 месеци ми ја ебаја цела,ај нек си ебе матер нека замини побргу...
 
Повлекувањето во себе после разделбата на моите. Тотално разочарување од човечкиот род, одбивање да се биде во присуство на луѓе.
Мизерија цело лето,, здравствени проблеми... Превземен крупен чекор и неуспех во истиот. Вработување на не повеќе од 3 месеци, и повторно вработување набрзо.
Единствена светла точка во годинава е тоа што го имам мачето.

Амбиции и цели за наредната година да заминам одовде, каде што никој не ме знае, почнување од почеток на нов живот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom