Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Алат за сервис и поддршка на велосипед мтв по пристапни цени и дали воопшто има кај нас? За домашна употреба шимано опрема. Ланец, задно тркало, пренос и течности за подмачкување од каде?
Фала
Има во Униор се за велосипедизам од алат. Продавницата е спроти поранешна дирекција на жито лукс. Течности, од номад, mucoff, троа скапи ама добри.
 
Вреди ли да се има едно вакво? Прегледај го приврзокот 211413

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
Таков алат се носи секогаш кога со велосипедот возиш некаде исто како што се носи резервна гума,хебли за вадење на истата и алат за закопчување на ланец но баш таков како на сликата не мораш бидејки сличен го имаш кај Ваит на Битпазар за околу 250 денари и изгледа вака:https://www.aliexpress.com/item/32351244877.html?spm=a2g0o.productlist.0.0.86327e43wYNCus&algo_pvid=1511309e-7267-4bdc-acc6-d06e12d93d2b&algo_expid=1511309e-7267-4bdc-acc6-d06e12d93d2b-0&btsid=dd48eae7-1008-4518-b154-930b94b976ee&ws_ab_test=searchweb0_0,searchweb201602_2,searchweb201603_52
 
Вреди ли да се има едно вакво? Прегледај го приврзокот 211413

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk

Би сакал некако да можев да ги филтрирам шпараџииве (како овој над мене), ама не бива.

Multi-tool вреди да се поседува, ме спасиле алатките во многу, многу наврати. Но, поентата не е само да се има колку да се рече „имам multitool“, туку и да ти користи кога навеќе ќе ти треба.

Затоа, доста битно е алатките да се изработени од квалитетен метал, а еден од најквалитетните е CrV (од кој се прават сите рачни алати). Тие не се 250 денари, ама не ни провртуваат штрафови нити се виткаат како овие од 250.

Купуваш еднаш и користиш додека не го изгубиш :)
 
Здраво! Сакам да прашам од каде купувате делови доколку сакате да вклопите велосипед,? Од кои веб страници или пак нешто слично?
 
Здраво! Сакам да прашам од каде купувате делови доколку сакате да вклопите велосипед,? Од кои веб страници или пак нешто слично?
Се зависи каква рамка имаш,која класа на делови бараш и за што ќе го користиш најмногу велосипедот.Во глобала кај нас деловите се исплатливи само кога се на попуст додека ако купуваш по редовни цени се прилично поскапи отколку да ги нарачуваш од странство бидејки 90% од трговците набиваат цени.
 
Здраво! Сакам да прашам од каде купувате делови доколку сакате да вклопите велосипед,? Од кои веб страници или пак нешто слично?

Најчесто веб страници, Али Експрес, и половни делови од групите на фејсбук. Последно време нови делови купувам и од DELOVI ZA VELOSIPED страницата на фејсбук, сосема океј цени има.

Нарачувам од интернет не зошто е поскапо во продавница, туку зошто (најчесто) го нема тоа што го барам.
 
Ај препорачајте добра апликација за мерење на извозената тура, со можност податоците да се прикачат на Страва, бидејќи истава почна многу да ми краде податоци. Благодарам.
 
Денес лабаво до Козјак.
0801df7a02dc33b0bd36657d2be5d901.jpg

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
 
Ги следам редовно овие роуд тркиве на Еуро спорт.. и за едно нешто имам вечна дилема.
Како успеваат да постигнат толкави брзини стварно ме чуди?!
Не мислам на просечна брзина на цела стаза/трка(и тие им се брутални), туку на онаа во текот на трката кога се во пренос/кадар. На рамно и блага удолница шибаат батињата со 50-60+ km/h, и тоа оние што се најнапред - директно изложени на отпор на ветер.

Како рекреативец (со алиминиумски велосипед со карбон вила), на рамно знам да држам темпо со брзини од 35-40km/h, дури и 40-50km/h на благи удолници и кога ќе фатиш заветрина од некој камион, но со 2/3×10/11 пренос, 50 до 52 заба преден запчаник и 11-25/28ка касета ако сакаш убиј се од вртење толку е максималниот вртежен момент и брзината...
Како успеваат они свака им част. Чат пат ги зумираат во кадар, некои велосипеди имаат и поголеми pulleys на задните менувачи и наместо стандардните со 11 заба користат со 14 заба. Логички тоа би требало да ја зголемува брзината. Можеби тука се крие тајната. Нешто што планирам да го пробам во иднина.
Инаку сваќам дека нема споредба... луѓето се професионалци и цел живот тренираат и се посветени на тоа со специјални исхрани и облека скроена точно за нив, а со обзир на тоа дека просечната тежина на еден професионален велосипедист од 180цм е околу 60кг и тежината на велосипедот(најверојатно карбонски отприлика 5-6кг.( харикирам)) + возат страшни машини, 10 пати поскапи од нашиве рекреативни може и имаат логика тие брзини.
 
Од 365 дена, 300 се на точак :)

Од техникалиите, предниот голем запчаник им е 52/53 па и 54 на спринтерите, додека тркалцата на задниот менувач не вршат никаква улога во брзината - толкави се за ланецот да прави поголем круг (помалку да се „прекршува“) и со тоа да му се зголеми ефикасноста. Тоа се веќе marginal gains, јас и ти немаме бенефит од такви модификации.

UCI вика дека точакот мора да е тежок 6,76 килограми или повеќе, под тоа не е легален за тркање.

Најбитно од се е возењето во пелотон (група), кај што константно имаш смена на чело и така се одржува свежина. Кога возиш со друштво пробајте да се менувате на чело (си има и кодекс за тоа - првиот иде позади и така во круг се менувате сите), ќе држите доста повисока просечна брзина отколку кога возите едни до други.
 
Значи ич да не експериментирам со тркалцата. :D
Што поголем преден запчаник само му е мајката. Инаку, неам возено во група(ЈБГ самотник сум(хронометраш), немам друштво, а тоа што го имам е ориентирано на МТБ).
Ова со возење во група, одржување и штедење на енергија, смени јасно ми е како ден. Мислев да не има некоја тајна на технички план.
:toe:
 
Истото и јас се прашував како е можно да одржуваат на рамно 46,47 а двајца еден до друг додека возат во група да зборуваат меѓусебе без притоа да се задишуваат и плус 3,4 пати ќе завртат со педалите а цели 5,6 секунди после завртувањето престануваат а велосипедот повторно оди со таа брзина.Не е баш до кондицијата туку до нискиот отпор на тркалање на кое придонесуваат тубулар гумите кои некаде прочитав дека се пумпале и до 13 бари за што помала лежечка површина да имаат на асвалтот и осовините на тркалата кои после едно завртување имаат голема инерција на празен од.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom