Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Во поглед на опремата и цената, според мене се исплати.
Превозот не знам колку ќе ти се исплати, и дали ќе ти прават проблем на царина.
Превозот не е проблем а за царина ќе треба да се распрашам
 
Што мислите за овој одлично сочуван олдтајмер, ќе ме личи? :D

received_1939280629531323.jpeg received_2082974578664931.jpeg
received_615227105586129.jpeg
 
Земав Bontrager од бајкстоп, 250ден шишенце од 59мл
Ги намалиле цените значи. Не сум земал одамна од таму. (y)[DOUBLEPOST=1552337706][/DOUBLEPOST]
Дали некој би можел да ми кажи проценка за овој велосипед колку би вредел тука кај нас на старо во фантастична состојба рамка S со 27.5 гуми

https://www.westbrookcycles.co.uk/b...us-full-suspension-mountain-bike-2017-p326796
Ако го продаваш, заинтересиран сум. :)
 
Не, нема потреба... пробај ова што ти го кажувам, ама силно трзај... ке се воодушевиш од резултатите, ке свети касетата како нова :) јас нон стоп ја чистам на тој начин и никогаш сум немал проблем

Само Фамин му е мајката


Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
 
Здраво, планирам да возам од Скопје до Битола со велосипед. Ако има некој со вакво искуство да ми предложи рута.
 
Здраво, планирам да возам од Скопје до Битола со велосипед. Ако има некој со вакво искуство да ми предложи рута.

Скопје, Кичево, Битола ... едноставно е :D
 
Мерачи на брзини колку чинат и кои се подобри? Од Алиекспес добри се?
 
Мерачи на брзини колку чинат и кои се подобри? Од Алиекспес добри се?
Било кој модел да го земеш од SDING кинеските доколку го подесиш прецизно спрема реалниот лежечки круг на надворешната гума ќе биде точен.Единствена маана кај нив е што не се отпорни на дожд,влага и знае вода да навлезе внатре доколку е подолго време изложен на врнежливо време а пак на силно сонце доколку е во мирување дисплејот знае да поцрни и треба да почекаш околу 1 минута да се стабилизира. Како и кај поскапите знаат понекогаш сами да се ресетираат али ретко.Веќе неколку години ги користам и низ град и на подолги тури и тоа се моите искуства со нив.
 
Екипо... има ли некој искуство со карбонско седло како на сликите подолу, конкретно за роуд бајк? Какви се за на возења од 50+ км?!
1.jpg 2.jpg
Боли ли задник и трнат ли машките гениталии :D
Моментално возам Selle со перниче и после секои 15-20 км мора да потстанувам од седло по малку, или да застанувам да правам пауза... а ова карбонското е изгледа само рамна пластика :cautious:
И има ли некаков самоделски начин (домашен асс-о метар :icon_mrgr: ) да одредам која точна ширина на седло ми одговара?
 
Ќе си земеш навлака добра со гел и обавезно велосипедски шорц со перниче. Инаку, газот како плескавица ќе ти биде. Инаку конкретно за седиштево, не знам што да ти речам.
 
Нормално дека возам со велосипедски шорц со перниче - без тоа уште пострашно е :D
Понекогаш дури со гакици исто со перниче испод шорцот.

Значи немора да е прашањето конкретно за тоа седиште да нема забуна.... за таков или сличен модел - пошо едно е да седиш на меко а друго само на рамна цврста пластика.
 
Незнам со какви перничиња и навлаки возите ама тоа е најголема грешка затоа ви се јавуваат проблеми. Дупката на средина на седиштето е да не врши притисок на простатата и да не се јавува трнење. Но тоа не е доволно треба да се земе соодветна големина на седло и да се намести позицијата на истото. Само така ке имате удобно возење а со навлаки перничиња и останати работи само полошо правите може и сериозни здраствени проблеми да имате.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom