Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Понудете некој велосипед од 15000 - 20000 илјади, за развозавање онака по кеј и можеби некогаш за понастрана од Скопје
 
Понудете некој велосипед од 15000 - 20000 илјади, за развозавање онака по кеј и можеби некогаш за понастрана од Скопје
Колку си висок и каков тип на велосипед сакаш дали знаеш, нов или користен...?

Sent from my SM-A310F using Tapatalk
 
Нов, висина 184 сум висок, не знам за тип само нека биде нешто што би било долготрајно
 
Класична механичка диск кочница со помош на сајла ја придвижува само едната страна на клештата, што значи дека едната плочка е статична додека другата се движи,. Поради тоа, потребно е често да се штелуваат кочниците со цел да задржиш оптимален bite-point.
Хидрауличната кочница ги придвижува двете страни од клештата, и кога плочките се трошат, воопшто, или многу малку се забележува на рачка.

Друго, силата на механичката кочница во голем дел зависи од силата која ти можеш да ја произведеш со твојата рака. И тие кочници имаат механизми за boost на внесената сила, но при продолжено кочење на долги спустови, раката навистина се изморува дури и кај хидрауликата, а не па кај механиката.

Има механички кочници кои се многу добри, и единствено тие би ги препорачал, но воопшто не се ефтини. Ќе ви ги пуштам подоле:

TRP Spyre mechanical disk brake:
https://www.merlincycles.com/trp-spyre-disc-brake-63801.html
Ова е механичка кочница која има клешта слична на хидраулична кочница - двете страни од клештата се придвижуваат. Одлична механичка кочница, најдобра на пазарот, но по доста висока цена.

AVID BB7 mechanical disk brake:
http://www.wiggle.co.uk/avid-bb7-mtb-disc-brake/
Најдобрата класична механичка диск кочница. Сосема коректна цена за нова клешта, иако јас тие пари би ги потрошил на половна хидраулика.

Бонус на ова се добар сет на рачки за кочење, препорачливо од производителите е да се спарат со рачки од истиот бренд, што е дополнителен трошок. Ваквиот сетап ќе кочи одлично, на ниво на можеби ниско-средна класа на хидраулика. Но, пак ќе треба да се штелува почесто, што мене навистина ми смета иако обожавам сам да чепкам на моите велосипеди.

На кратко, тоа е тоа од моја субјективна гледна точка. :)


Хидрауличните кочници се општо подобри но и тие не се без мани.

Кај механичките како што рече Мартин имаш потреба од повеќекратно штелување, освен ако не имаш од "dual pull" типот каде што двете клешти се придвижени од страна на сајлата.

Предност кај механичките кочници е едноставноста, па било што да ти се заебе можеш да застанеш и со 2-3 алати да им направиш комплетен ремонт до најситните делови. Според мене кај важни делови како што се кочници очекувам да се "bulletproof" или блиску, и да не можат ми откажат поготово на некој спуст или на подолга тура каде што не можам да ги прикрпам за да стигнам до дома.

Ако збориме за најдобри механички кочници ондак Avid-от не би ги земал ни под разно. Spyre-от се подобар избор ако можеш да ги најдеш само шепите бидејќи многу поплаки имаат за ефикасноста и квалитетот на роторите и пакните. Мана има само првата верзија каде што ако се изедат премногу пакните има шанса да испаднат лагерите што ги придвижуваат клештите.
Компатибилни се со стандардни шимано пакни со што имаш поголем избор.

Кај Avid-от сајлата придвижува само една клешта така што нема некои големи подобрувања во однос на другите механички кочници, башка и користат помали пакни што не се идеални за долги спустови.




Хидрауличните се подобар избор за почетници и поискусни бидејќи освен bleeding нема потреба од повеќекратно штелување бидејќи се self-adjusting и имаат подобра модулација.

Главен проблем кај хидрауличните кочници е тоа што при присуство во влажна средина минералното уље што го користат ја впива влажноста и ја губи ефикасноста. Исто така при долги спустови можеш да го зовриеш минералното уље со што веднаш се блокираат додека не олади.

Помала мана е тоа што користат диктони во форма на прстен за да го изолираат клиповите што ги придвижуваат пакните од комората со минералното уље кои после 5-6 години (зависи од квалитетот и начинот на користење) откажуваат и почнуваат да течат.
 
Нов, висина 184 сум висок, не знам за тип само нека биде нешто што би било долготрајно
Нов добар за тие пари нема да најдеш, ако сакаш јас имам за продавање велосипед затоа што купив нов пред некој ден.Може да се договориме ако те интересира.

Sent from my SM-A310F using Tapatalk
 
Користите ли ГПС локатор за вашите велосипеди.... од каде го имате купено.
Сакам да земам некој локатор за во случај ако испари точаков да знам во кој правец фатил :cautious:
 
До администрација: извинете ако кршам правила, и бришете го постот ако е тоа случај.

До останатите: си го продавам точакот. Некој знае, некој не, се работи за RAM HT.Two 2.2 од 2015 година, големина M - 16.5". Повелете линкче до огласот, има слики и опис. Ако некој е заинтересиран, може да ме најде на форумов или на телефонскиот број на огласот.

http://reklama5.mk/AdDetails/Index?ad=2590595
 
До администрација: извинете ако кршам правила, и бришете го постот ако е тоа случај.

До останатите: си го продавам точакот. Некој знае, некој не, се работи за RAM HT.Two 2.2 од 2015 година, големина M - 16.5". Повелете линкче до огласот, има слики и опис. Ако некој е заинтересиран, може да ме најде на форумов или на телефонскиот број на огласот.

http://reklama5.mk/AdDetails/Index?ad=2590595
Нема гајле, нека стои тука :)
Ќе се апгрејднуваш со нов?
 
Нема гајле, нека стои тука :)
Ќе се апгрејднуваш со нов?

Да, и дефинитивно ќе биде road/cyclocross/gravel бајк. Ако имате некој што бара нов точак за таа цена, слободно препорачајте го мојот бидејќи механички е беспрекорен, како нов. :) Козметичките фалинки ќе бидат посочени на идниот сопственик бидејќи се толку минорни што не се ни приметуваат. :)
 
Оди на страниците на фејсбук што се имаше луѓе по 500-600 денари wellgo продаваат подобро нив за 200 денари плус отколку овие .. имав едни слични ми се скршија внатре тоа железното што е на пола .. рачунај да се скршеше при поголема брзина ќе се отепав..
 
Здраво, ми треба препорака за пумпа што пумпа барем 8 бара, и од каде би можело да се купи, фала
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom