http://www.bikemarket.mk/index.php?route=product/product&path=59&product_id=520
дали вреди бајков за оваа цена?
Знам, ве читам 20-30 страни наназад и сфатив дека има многу добри половни велосипеди за нешто повисока цена... Но, реално сакам нешто ептен basic колку да почнам да возам секојдневно, по претежно асфалт, но секако и по терен некаде за викенд.
А и релативно тешко можам да најдам точак со рамка L / XL од овие страниве што се за поволни.
најголемиот проблем е во тоа што, не им верувам премногу на половниве, т.е на продавачите на половни ствари генерално, луѓево вообичаено знаат да бидат преваранти во обид да ти шитнат нешто набрзина (no offence до вас кои си продавате, ако ве има), а ја сум преголем noob и не би можел да проценам коа еден точак има СИТЕН, скоро незабележителен проблем кој понатака ќе прерасне во поголема компликација. Ова е еден огромен момент кој вие условно кажано "bike freaks" не го сфаќате кај нас почетниците т.е незналиците. Вие од километар ќе приметите некој проблем кај точак, ние(јас) не.
Сакам нов, релативно квалитетен колку за почеток, па натака кога ќе имам повеќе пари, ќе купам нешо поарно.
Секој што има некаква сугестија, критика, став, предлог е добредојден.
Знам дека ви е преку таквото од исти прашања секој ден... ама таков е животот
мучас грасиас.