Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Мислење за овој велосипед: https://www.facebook.com/hemimotorf...4776670661191/827917577347096/?type=3&theater
Велосипедот ќе биде користен за рекреативно возење, во главно по асфалт.
Дали има добри дискови и механизам ?

Претежок е и згора на тоа ќе се измориш при возење дури бабите со пони ќе те претекнува барај некој со полесна и квалитетна рамка на пример Cross тие се ефтини и механизмите е просечен ама пак лесен е.

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
 
Бидејки не е добар, предложете некој велосипеди до 200е. Велосипедот ќе биде за чиста рекреација неколку дена во неделата преку лето и нема да се вози на многу тешки терени, во главно ќе биде по рамен пат, но би сакал и да има солидно кочници за некој одредени спустови.
 
Последно уредено:

Барав огласи кои се баш со критериумот подобри кочници (хидраулични дискови или висока класа V-brake), и ќе ми извиниш што некои од понудите се малку над 200 евра, но тоа чинеше.

Опција 1: највисока класа на делови, иако малку постари. Најдобар амортизер од сите понуди во овој пост. Иде со уште еден пар тркала (кои може да ги продадеш околу 2000 денари).
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2417731

Опција 2: не сакам грешно да ме сфатиш за овој оглас, кој е женски точак но има ем висока класа на делови, ем 28/29 тркала, така што ако најдеш друга рамка од 29er, ќе имаш многу добар точак за помалку пари.
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2394077

Опција 3: продавачот прифаќа ценкање, ќе влезе во буџет ова. Има хидраулични кочници.
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2417731

Опција 4: убави делови, убави кочници, малку повисока цена.
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2394208
 
Здраво форумџии! :)

Бидејќи сум нов на форумов и нов во возење на велосипед (поактивно) собирам информации за купување на нов велосипед. На повеќето од вас сигурно ви е преку глава од вакви прашања, но форумов е од 2008 и немам можност комплет да го прочитам! :icon_lol:

Вака: Сакам да купам нов велосипед за рекреативно - комбинирано возење (асфалт, земја) со буџет до 400 еур. Мене ми одговара рам 20" или 21" со гуми 29". Читав по форуми, гледав велосипеди по продавници, но кога не си во "тек" одбирањето малку потешко оди. Гледав брендови како CUBE, POLAR, MERIVA, TREK, GIANT, SPECIALIZED, SCOTT. По препорака на само еден колега (другар - толку познавам со активни велосипедисти ;)) бев во Probike и најдов "најефтин" велосипед од 500еур што значи одскокнува од планираниот буџет:
https://www.cube.eu/en/2017/hardtail/aim/cube-aim-pro-blackngreen-2017/
Дали вреди овој велосипед за овие пари затоа што многумина пишуваат дека кај овие брендови "најефтините" велосипеди не се толку добри. Јас сигурно нема да му ја "извадам маста" затоа што планирам да биде за рекреативно возење во слободно време, но сакам квалитет затоа што не планирам да купам друг во догледно време.
Инаку гледав и во Bikemarket, Bikestop, Modusbike,...:)

Однапред Благодарам на совети и одговори. :) (y)
 
Многу пати е воден овој разговор на страните наназад.
Ти можда не, но јас ги исчитав целата тема и заклучокот е ова подоле :D

Дискутабилно е дали вреди (моментално од страна на опрема) било кој нов велосипед од појакиве брендови...
Кај и да прашаш по продавниците и со попуст нема да најдеш ништо поефтино за да дојдеш до твојот буџет зошто цените од неодамна се кренати до небо.
Моја препорака, а верувам и на повеќето од овде е да одиш со варијанта половен велосипед. Има доста велосипеди стари по 1-2 години кои се продават по цена од 400Е. Единствено "позитивно" што добиваш со купување на нов велосипед е гаранција и сервис за него за сметка на далеку поопремен велосипед од средна класа на кој ќе бидеш втор газда. Ако сакаш максимум да добиеш за парите дефинитивно си за половно!

Ете си решил за Cube.
Моменталната понуда, за таа големината на рам што ја бараш се овие половни Analog велосипеди - модел кој во хиерархијата на Cube e скалило изнад Аim-от со повеќе од солидна опрема за почетник. Со оглед на тоа што пред се` велосипедот ќе ти е за рекреативно возење првиот и на големина на рам повеќе ти одговара.

1. http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=2415136
2. http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=2420381

........................
А јас да ги прашам поискусните... каде може да се купи уљево за подмачкување на ланец од сликава?!

ulje za podmackuvanje na lanec.jpg
 
А јас да ги прашам поискусните... каде може да се купи уљево за подмачкување на ланец од сликава?!

Прегледај го приврзокот 166483
Кај Лазета во Пробајк имаше нешо од Финиш Лајн, но прашај и во Аутдор или Треска (или Џајанти кај шо продавет ваљда така се викат).
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: D_T
А јас да ги прашам поискусните... каде може да се купи уљево за подмачкување на ланец од сликава?!
Една страна назад.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: D_T
вилушката се извалкала, ја забришав со памучно крпче, сега има потреба да се подмачка или останува таква сува?
 
вилушката се извалкала, ја забришав со памучно крпче, сега има потреба да се подмачка или останува таква сува?
Не треба да се подмачкува. Само чисти ја редовно.
 
Две - три рашања.
1. Дали има некаде продавница за половни велосипеди на рати?
2. Дали е исплатливо и можно на рам од стар Cross велосипед да се монтираат добри тркала, добри шифтери, кочници, педали итн ? И шо би испаднало?
 
2. Дали е исплатливо и можно на рам од стар Cross велосипед да се монтираат добри тркала, добри шифтери, кочници, педали итн ? И шо би испаднало?

Исплатливо не е, можно е. За „добри“ ќе ги сметаме Shimano Deore или SRAM X5 па нагоре, па да удриме математика :)

Шифтери: 1500-1800
Менувачи: 1500 заден + 1000 преден
- повлекува нова касета + нов ланец, 3000
Тркала: 3000-5000, зависи колку добри сакаш
Кочници:
- V-brake се некаде 2500-3000, плус добри рачки уште 1500-2000
- хидраулика било каква (Avid или Shimano) под 3000 денари нема
Сето ова некој ќе треба да ти го инсталира, наштелува, усогласи едно со друго, типувам на 2000 денари работна рака.

Тотал: 15000-17000 денари. Тотално неисплатливо :)

За рати можеш да го прашаш продавачот на било кој половен велосипед за склучување договор на нотар и со тоа продавачот ќе си е покриен законски, а ти ќе си обврзан да плаќаш.
 
За рати можеш да го прашаш продавачот на било кој половен велосипед за склучување договор на нотар и со тоа продавачот ќе си е покриен законски, а ти ќе си обврзан да плаќаш.

Ова никогаш нема да се случи, освен ако не се знае со човекот.
Точак на старо на рати може, ама само со кредит од банка, јас мојот роад бајк така го земав.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom