Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Тогаш останува велосипедски хеланки/гашти + подлогата (заедно). Ако пак не ти одговара, прв случај ќе си изгледа што се жали од седењето :D

Па не знам ја мислам дека е до седиштето, бидејќи кога бев кај роднини во Белград возев КТМ и пак имав мали трнења, ама не како на овој, можда и јас не знам да седам, а можда и треба другп седиште. :D
 
Здраво на сите!
Какво уље користите за подмачкување на ланецот?
Моментално користам Muc-off dry, го одржува чист, подмачкување на околу 200км.
 
Muc-off е ок. Гo користам за суво и влажно. Задоволен сум и од Motorex dry. Finish line wet користев додека го имаше кај нас, екстремно подмачкување за екстремни услови, презадоволен, ама ланецот оди исчисти го после. :D
 
Јас задоволен сум со машинско :D На 100-150км чистење и подмачкување.
 
Во однос на здравјето во корелација со велосипедизмот, какви превентивни мерки преземате, мислам на лекарства кои се неопходни за заштита на зглобовите, колената и ред други работи, за да се заштитите од несакани повреди?
 
Нема брзање :) Барем кај мене (при offroad)
 
Во однос на здравјето во корелација со велосипедизмот, какви превентивни мерки преземате, мислам на лекарства кои се неопходни за заштита на зглобовите, колената и ред други работи, за да се заштитите од несакани повреди?
Ако ти е седиштето наместено на точна позиција спрема должината на твоите нозе зглобови нема никогаш да те болат па и цел ден да возиш.Мускули да но зглобови не.Зглобови најмногу страдаат при планинарење и тоа на спуштање а не на качување.Познавам луѓе кои биле поранешни планинари и кои поради трошење на рскавицата престанале со активно планинарење и се префрлиле на велосипед па до ден денес немаат проблеми.
 
Хохо баш ме охрабри, благодарам!!
 
Ако не веруваш дојди со мене на целодневна тура над 200км па сам ќе си донесеш заклучок.
Ти верувам, возам активно велосипед и досега немам никакви проблеми во однос на зглобовите. Најдолгата тура ми е 108км и се надевам оваа сезона ќе ја надминам за некои 50км. Wish me luck!! :D
 
Внимавај на вртежите во било која ситуација да не паднат под 75 во минута а притоа отпорот на педалите да биде таков да слободно можеш да дишеш преку нос а не преку уста.Кога ќе стекнеш доволно искуство и техника тогаш ќе можеш и најтешки тури да возиш.
 
Muc-off е ок. Гo користам за суво и влажно. Задоволен сум и од Motorex dry. Finish line wet користев додека го имаше кај нас, екстремно подмачкување за екстремни услови, презадоволен, ама ланецот оди исчисти го после. :D

Само со нафта другар, тоа е лекот... ке ти светне и ланец и велосипед, како нов. Со нафта исчисти ги
 
Здраво заинтересиран сум за да купам велосипед, ако може некој да ми предложи каков да барам, сакам половен ама солиден да биде. По можност и со линкови да ми прелдожите некој што во моментов продава и плус по некој совет што да гледам на велосипедот кога ќе одам да го зимам. Фала.

Цена: од 200 евра па се до 350 евра.
 
Најважната информација не ја кажа, за каква намена да ти е велосипедот? Какви терени и дистанци сакаш да возиш? Дали ти е битна брзината и слично :D
 
Секогаш најважното забораваaт да го споменат. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom