Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Забегани луѓе.Не дека ќе осети некоја разлика со карбонот,но ете некои луѓе си имаат пари за фрлање.(n)
Ај доста е.многу го утупив.:D
Не да го отупе, книга ќе напишеш уште малку со твоиве какви-такви рецензии. :ROFLMAO: Не се лути, мала шега. :)

Како нема да осети разлика со карбонот ?? Стварно си контрадикторен со изјавиве. Назад во темава пишуваш за RS Reba или Fox, ама карбонските рамки не ги бива т.е. нема разлика од алуминиумските. Ако беше така немаше да постојат.
Си возел ли некогаш off road трка или маратон со карбонски рам ?? Уствари да преформулирам, си седнал ли на карбонски МТБ барем еден круг да свртиш со него ?? Извини, ама стварно не знаеш што пишуваш. Нема љутење, ќе научиш, кад-тад. :D

И која Мамба ја продава "другар ти" ?? Ако може слики и цена. Фала. :)
 
Зоц остај бе доста го лажиш види го, исто лајно ти се и карбонон и алуминиум.
:icon_mrgr:
 
Детално објаснето све, фала на тоа, само ја преферирам нов точак да зеам. Ова "малку возен", "скоро нов"..... некако шубе ми е све тоа, ново си е ново ;)
А инаку, да, Bianchi-во е во преднарачка и би стигнал негде фебруари отприлика, зимава секако не би го возел (ако има нормална зима). Така да барам нов точак до кај 35.000 мкд :)
Сега барем мене ми е најубаво за возење.Не е ниту топло ниту ладно.Баш она како што треба да биде.Додека не почнала маглата да не гуши времето е и повеќе од одлично[DOUBLEPOST=1413545146][/DOUBLEPOST]
Na ovaa cena od 32500 ima plus 15-20% popust ili cenava e so vkalkuliran popust?
на тие цени имаш попуст!Бев до кај лазе и ми запиша точно кои цени се,ама го имам зафрлено ливчето

Cube Aim Disk ќе дојде некаде 27000 денари
Cube Analog ќе дојде некаде 37000 денари
Cube Attention ќе дојде некаде 44000 денари
Cube Acid ќе дојде некаде 54000 денари

ова се цените ако добро се сеќавам.Важно е дека има попуст на регуларните цени,но кога и да се оди во годината има попуст,од најмалку 10 %,така да овој попуст е баш и незначителен.
 
Последно уредено:
Сега барем мене ми е најубаво за возење.Не е ниту топло ниту ладно.Баш она како што треба да биде.Додека не почнала маглата да не гуши времето е и повеќе од одлично

Ја да купам прво точак, па после ќе размислувам за магла и гушење :)
 
Не да го отупе, книга ќе напишеш уште малку со твоиве какви-такви рецензии. :ROFLMAO: Не се лути, мала шега. :)

Како нема да осети разлика со карбонот ?? Стварно си контрадикторен со изјавиве. Назад во темава пишуваш за RS Reba или Fox, ама карбонските рамки не ги бива т.е. нема разлика од алуминиумските. Ако беше така немаше да постојат.
Си возел ли некогаш off road трка или маратон со карбонски рам ?? Уствари да преформулирам, си седнал ли на карбонски МТБ барем еден круг да свртиш со него ?? Извини, ама стварно не знаеш што пишуваш. Нема љутење, ќе научиш, кад-тад. :D

И која Мамба ја продава "другар ти" ?? Ако може слики и цена. Фала. :)
Ќе осети,но колку е прашањето.
Трки не сум возел,но на водно имам пробано неколку од познаници.

Добро знам кои се маните и предностите на карбон рамките.Сум возел неколку,не на долги релации и не на трки,но сум имал прилика.

За тоа што велиш за амортизерите дека сум зборувал.Таму сигурно се осеќа разликата многу повеќе на пример помеѓу еден Sr suntour XCT и една Реба на пример.Воочлива е и тоа како разликата.

Овде таа драстична разлика кај рамките ја нема.Всушност подобро кажано,да се седне обичен човек на велосипед нема ни да примети каков точак вози.Дали со карбон или со алуминиумска рамка.Дали е така,или пак ќе се инатите???
Со еден дечко кој го сретнав пред година две на водно тргнавме нагоре накај водно заедно и скапа инает водејќи.Неговата рамка била карбон и возела многу подобро.Што не изнакажа човекон

Му била карбон рамката и подобро одела нагоре, и тоа со помалку вртење на педалите,за на крај некаде пред средно да каже дека го земал карбонот бидејќи му бил поличен односно дека немало варено на краевите.:facepalm:

Чисто информативно.Во кои делови и во кои услови на патот карбонот ти е подобар.Не за друго,да видам дали мислиме исто т.е дали мислиш правилно:)
Инаку за карбонот највеќе се побунив во минатиот пост бидејќи ми се виде безврска човек да губи 200 евра за толку малку време и да даде речиси нов велосипед за да оди на карбон поради незначителна разлика.

[DOUBLEPOST=1413546371][/DOUBLEPOST]
Ја да купам прво точак, па после ќе размислувам за магла и гушење :)
искрено јас не би чекал ни минута веќе.Доста ми беше во минатото.Додека другите си возеа велосипеди,јас читав по интернети и чекав попусти вака нешто слично како тебе сега.
Но да не се мешам.Ако си решил февруари,март ондак нека биде така.Ти си знаеш најдобро.
 
Абе мене у принцип ми е за тие пари да го купам најдобриот точак (нов), е сеа дали го има на лагер или во преднарачка, не ми е до толку битно пошо и сеа неам точак така да ако треба да почекам уште некој месец за подобар точак, би почекал. Затоа и првичното прашање ми беше кој точак е најдобар од ова што нудат кај нас по продавнициве до кај 35.000 мкд.
 
Ako e така би ти препорачал цубе аналог.Не сум споредувал со други,но цената би ти била малку изнад буџет,околу 36-37000,а опремата е доста солидна.
 
На пробајк пишува дека е околу 44.000, а и Cube некако не ми се, како марка, на ниво на Specialized, Trek, Merida, Bianchi...
 
Имаш попуст на таа цена Филип.Читај погоре што имам пишано.
И бирање за 35000 тешко.За таа цена гледај само што подобри делови да има.Од рамките највеќе сум задоволен од specialized,ама имајќи ги предвид нивните цени јасно е дека нема теорија да добиеш убав велосипед за таа цена

И како тоа Cube не е на ниво со Merida?да не е обратно можеби

Bianchi името ме потсетува само на едно.А тоа се роад велосипеди.За планински некако не ми иде.
пак ќе кажам за тие пари бирање на убав велосипед нема.Нејќев да зборам до сега бидејќи ќе се јавеа погоре 2-3 членови кои тераат инает,но тоа ти е факт.

Одбери си го оној кој има најубава опрема или пак половен со подобра опрема,но тука освен оние два кои ти ги пратив нема ништо друго.Tие ти се најдобри,па после cube analog,кој е со нешто послаба рамка и нешто послаба опрема од половните.
 
Фала, деновиве треба да се одлучам па ќе известам што сум направил :)
 
jaс пак мислам дека најдобро е да си го земеш ти ова на другарчево и да си тераш одма.Сега е вистинско време за допуна на кондиција.

Трекче си е трекче,Проверена работа и со гаранција.башка и пиво ќе пијам ако завршите работа.:vozbud:
 
Тебе за пивото ти е, глеам ја :icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom